03.01.2012, 18:43 Сочувство од Ештон и од Филе
Претставниците на ЕУ, Кетрин Ештон и Штефан Филе, изразија сочувство до семејството и до граѓаните на Македонија по повод смртта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
„Глигоров како претседател од 1991 до 1999 година ја водеше својата земја низ транзицијата, вклучително и мирното постигнување независност од СФРЈ. Водејќи ја земјата на нов пат, носеше важни одлуки за доброто на народот, засновани на неговото богато искуство и познавањето на својата земја“, се истакнува во изјавата на Ештон и на Филе. |