„Триколорите“ против Мексико без Галас?
Дефанзивецот на француската репрезентација, Вилијам Галас, се повреди на последниот тренинг што го прави да биде неизвесен за настап во мечот против Мексико во второто коло во групата А. Галас се здоби со повреда на бутниот мускул и се' уште е непознато колку време ќе паузира.
„Се надеваме дека повредата на Галас не е тешка. Се' ќе стане појасно по уште лекарски преглед“, порача портпаролот на „триколорите“.
Поштеда во последниот тренинг на Французите доби и третиот голман, Седрик Карасо, исто така поради проблеми во бутниот мускул. |