Шок за Словачка, Нов Зеланд израмни во последната секунда
Во последните секунди Нов Зеланд се избори за нерешен резултат против Словачка (1:1). Роберт Витек влезе во историојата на Словачка како прв стелец за националната селекција на светските првенства, но тоа не беше доволно за славење. Винстон Рид во 94. минута по еден центаршут со глава ја прати топката во мрежата. Голема рад��ст за Нов Зеланд, кој во поголемиот дел од натпреварот беше во подредена улога.
|