Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ватерполистите со млади сили против Русите

Селекторот Нонковиќ првпат повика повеќе домашни играчи отколку странци

Роберт Димитриевски


Со состав во кој првпат преовладуваат домашните играчи, македонската ватерполо репрезентација на 22 јуни во Москва ќе и' се спротивстави на Русија во својот последен натпревар од дебитантското учество во Светската лига. Од 18 ватерполисти што ги повика селекторот Стеван Нонковиќ за подготовките што требаше да почнат синоќа во Скопје дури 12 се од Работнички, меѓу кои и Владимир Кречковиќ, а шестмина се интернационалци.

Од Работнички, кој наесен ќе настапува во Првата лига на Србија, покана добија голманите Бојан Јаневски и Дарко Неданоски, бековите Димитар Димовски, Анастас Белев и Марио Синадиновски, центрите Александар Арсовски и Игор Милановиќ и надворешните играчи Димитар Стојчев, Мартин Пулејковски, Стефан Лошковски и Кристијан Манасков. Од „странците“ повикани се голманот Далибор Перчиниќ од Јадран Херцег Нови, бекот Ненад Петровиќ од Ниш, центарот Здравко Делаш од Лацио и надворешните играчи Ненад Босанчиќ и Владимир Латковиќ од Ниш и Иван Вуксановиќ од Патра. Оваа акција на националниот тим ќе ја пропуштат Игор Рачуница, Горан Крстоношиќ, Еди Бркиќ, Даниел Бениќ и Небојша Милиќ.

Иако доста изменет во однос на претходните мечеви во Светската лига и на квалификацискиот турнир во грчки Волос за Европското првенство што летово ќе се одржи во Хрватска, составот е таков каков што е поради малата резултатска важност на средбата за двете селекции. Без оглед на епилогот од дуелот со Грција на 3 јули, Хрватска од групата Б веќе се пласира на завршниот турнир од 13 до 18 јули во Ниш, а Македонија и Русија меѓусебе ќе се борат само за избегнување на последното место. „Зборнаја“ е во предност поради трите бода повеќе, но со триумф од два или повеќе гола разлика трета во групата ќе заврши Македонија.

Заминувањето за главниот град на Русија е в понеделник, а натпреварот ќе се одигра следниот ден од 20 ч. во Олимпискиот базен. Станува збор за одложениот меч од пред два месеца поради хаосот во авиосообраќајот што тогаш го предизвика вулканската ерупција во Исланд.

Ова ќе биде шести меѓусебен дуел, во кој Русите влегуваат со три победи и со по едно реми и пораз. Русија славеше на олимписките квалификации во Братислава 2007 со 9:7, на евроквалификациите во Скопје 2008 со 10:8 и во Светската лига во јануари годинава со 4:3. На ЕП 2008 во Малага во групата беше нерешено 9:9, а во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место Македонија победи по продолженијата со 13:11.


#
Статијата е прочитана 275 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија тргнува во поход за обединување на титулите
Неубедливите Италијанци си се фалат сами себе
За ФИФА интересна само заработувачката
Шок за Словачка, Нов Зеланд израмни во последната секунда
Бекенбауер
Зидан
Буфон има болки во грбот
На СП му се заканува студено време и снег
Отстранети 36 навивачки на „лалињата“ во мечот со Данска
Иниеста заздравува, Торес ја пропушта Швајцарија
Го повреди татка си поради поразот на Србија
„Триколорите“ против Мексико без Галас?
Бенитез
Сити нуди 40 милиони евра за Алвеш!
Мурињо
Металург - носител во ждрепката за ЛШ