Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.10.2011, 17:36

Мислења

Вечниот Путин

Нина Хрушчова

Секој што мисли дека Путин ќе биде реформатор од 2012 година или е во заблуда или е неупатен во случувањата во Русија

Единствениот глас што има значење на претседателските избори во Русија во 2012 година сега е даден и Владимир Путин додаде за себеси. Тој следната година ќе се врати како претседател на Русија.

Кога се дозна веста – заедно со помалата информација дека сегашниот претседател Дмитриј Медведев ќе се повлече за да стане премиер во администрацијата на Путин – сакав да извикам „Нели ви реков“. Отсекогаш ме збунуваше наивноста на аналитичарите, во Русија и во странство, кои веруваа дека Путин никогаш нема да биде толку одважен да направи пародија од рускиот изборен систем со повторно добивање на претседателскиот мандат. Но, презирот кон демократијата е специјалност на Путин уште откако тој пред две децении пристигна во Кремљ од Санкт Петербург.

Секој кој мислеше дека работите ќе бидат поинакви или беше во заблуда или неупатен во случувањата во Русија. Путин не може против себе, како што не можеше ниту во 2004 година. Тогаш многу популарниот лидер – тој и' ја врати на Русија самопочитта како глобална сила преку умешната употреба на контролата на голем дел од потребите за нафта и гас во светот во време на ограничена расположливост – ќе ги добиеше изборите без голем напор. И покрај тоа тој сепак ги лажираше тие избори: во традицијата на КГБ, луѓето се премногу непредвидливи за да бидат оставени без контрола.

Ако многу аналитичари беа безгрижно несвесни за сигурноста на враќањето на Путин во 2012 година, тоа секако не беше случај со руската јавност. Културата никогаш не лаже за политиката. Кога Путин го постави својот протаже Медведев како претседател во 2008 година, кружеше шега: Годината е 2025 година Путин и Медведев, сега постари мажи, седат во ресторан. „Кому му е редот сега да плати?“, прашува Путин. „Мој“, одговара Медведев. „Запамети, јас тукушто повторно те вратив на претседателската функција“.

Михаил Касјанов, премиер во времето на Путин, а сега лидер на опозициската Народна партија на слободата, инсистира на тоа дека „никој не знаел“ за замената. Ако тој верува во тоа, се залажува.

Тажната вистина е дека, во Русија, историјата навистина се повторува, но во изопачената изрека на Карл Маркс, како трагедија и фарса одеднаш. Моќта во Русија е производ на инерција и лична намера, и главно апатичната јавност традиционално се предава на парадоксот на тиранијата на земјата: слаба држава верува дека може да функционира како силна држава со лишување на граѓаните од основните слободи и способноста да донесува сопствени одлуки.

Во таква држава, иницијативата, особено политичката иницијатива е полоша од бескорисноста; тоа е кривично дело, како што покажа случајот на Михаил Ходорковски, затворениот поранешен тајкун. Единствената слобода што им остана на Русите е да смислуваат невкусни шеги што ги искористуваат богатите историски залихи од политичка патологија во земјата. Кога би можеле да ги извезуваат, би биле богати колку Германците.

Во отсуство на владеење на правото и функционирање на државните служби, ние Русите главно се перцепираме како потчинети на државата наместо како граѓани кои живеат во функционално, динамично и независно граѓанско општество. Ова де факто предавање креира плодна средина за деспотизам.

За многу Руси, ако не и за повеќето, авторитарната личност ја олицетворува моќта што контролира се' што е важно во животот; тие го поддржуваат него, без разлика на политиката што тој ја имплементира, бидејќи не постои можност за правење поинаку. Ова делумно ја објаснува трајната приврзаност на народот кон своите владетели како Јосиф Сталин.

Денес не се поставува прашање за исходот на претседателските избори закажани за следната година; тоа веќе е одлучено. Со претседателскиот мандат кој сега е продолжен на шест години, може да очекуваме повторување што би траело до 12 години – подолго отколку првичниот мандат на Путин.

Но, сега оние во заблуда и неупатените сакаат да веруваат дека Путин овој пат ќе стане реформатор. Се сеќавам на слична анализа во 2000 година, кога експерти се обидоа да го изедначат КГБ минатото на Путин со годините минати како директор на ЦИА на американскиот претседател Џорџ Х. Буш. Тие тврдеа дека Путин не е типичен тврдоглав агент од безбедносните служби; тој е просветлен технократ.

Но, единствената техника што Путин изгледа дека ја има апсорбирано од неговата предходна кариера како шпион во Источна Германија е онаа за социјална контрола. Тоа е вистина и денес.

Сепак, можеби ќе се исплати гледањето подалеку од изборите во 2012 година, бидејќи економскиот, политичкиот и социјалниот контекст е променет од 2004 година, кога Путин се реизбра себеси и од 2008 година кога се преправаше дека е демократ со тоа што го поддржа Медведев. Денес руските владетели не изгледале никогаш попроизволни и нелегитимни. По 12 години на власт, и грабајќи се за уште 12, Путин повеќе не може да го поткрепува изговорот за држење до демократијата и промовирање на модернизацијата.

Во изминативе неколку години, забележително е намален рејтингот на Путин, што во голема мера се должи на стагнантната економија што се темели на производи. Така манипулацијата со претседателската моќ може да не се покаже едноставана како претходно. Всушност, руските елити знаат дека работите одат во погрешна насока и гласаат на единствениот начин на кој можат – со нивните нозе и со банкарски трансфер, преселувајќи ги своите семејства и нивното богатство надвор од државата.

Историјата, исто така, не' научи дека, и покрај нивната инерција, Русите се способни да се свртат против својата влада, како што тоа го направија во 1917 и 1991 година. Така, кога повторно ќе се всели во Кремљ во 2012 година, Путин треба да одвои малку време повторно да ја прочита „Капетановата ќерка“ од Александар Пушкин, роман за крвавото востание предводено од Козаците против Катерина Велика: „Господ да не' спаси од руски револт, бесмислен и немилосрден“.



(Авторката предава меѓународни односи на „Новата школа“ и е виш соработник на Светскиот политички институт во Њујорк. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


Статијата е прочитана 659 пати.

Испрати коментар



Нека дојде Лилето
Европската левица се буди
Со оружје на училиште



jovan, 06.10.2011 00:18:27
Rusija e preslozena prikaska.Rusija e isto taka i nepredvidliva. Ima nesta za koj mozes da ja falis,a ima i za sto da ja kritikuvas. Kako i da e, se uste e faktor vo svetot pred se poradi nuklearniot potencijal koj go poseduva.Inaku se drugo, vklucuvajki go i slavniot, velikiot i vecitiot Putin e mecka od balon koj lesno moze da pukne.Osven Moskva kade sto ima sjaj i glamur, no i sve e skapo, niz drugite delovi od Rusija e strasna beda i jad.Rusija e se uste silna blagodarejki na starata slava.No dobro e sto postoi i takva kakva sto e,inaku NATO imperijalistite do sega svetot ke go pretvorea vo kolonija od robovi.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 06.10.2011 05:40:01
Profesorke, Veruvam deka go osecate mirisot na socijalizmot povtorno da se vrati.Na narodot barem na ovie prostori kade sto ziveeme i vie i jas se vide sto znaci kapitalizam. Vistinskiot socijalizam ce ja zafati Evropa,na celo so Rusija,a ovde ,ne vo Kanada,no vo SAD,socijalizam-fasizam. Obama navistina e dobar covek,no dirigentite koi se???
Istocna Makedonija, 06.10.2011 09:26:59
Profesorke ne samo ,,Kapetanovata kerka,,i drugite epohalni dela na velikite ruski klasici ja otslikale ogromnata Rusija niz epohite i potenci- jalnata inercija,no i ponekogas inertnost za pro- meni.Kaj niv,si zaminaa i carevite i Lenin,Stalin, Hruscov,Breznjev...Gorbacov,Jelcin...i ostanaa vo crno-bel kolorit vo istorijata.Dojde Putin i ke go ima uste izvesen period,so celata negova ha- rizma,vlastoljubie i kontroverznost,pa duri i so stereotipnost,klise!A,kaj nas,profesorke?!Nekoi -ii duri se obiduvaat,vo nesto minorno,da go ko- piraat Putin!Videla zabata...?!
Car i kamsik, 06.10.2011 09:43:04
Najdobro ja otslikal filozofijata i nacinot na rzmisluvanje i vladeenje vo Rusija, golemiot despot Josif Vissarionovic -Stalin. Pri eden razgovor so Averel hariman , koj go prasal zosto ne ma povece sloboda i demokratija vo togasniot SSSRE , Stalin jasno mu odgovoril:Ti ne go znaes nacinot na razmisluvanje na ruskiot covek. Toj obozava car i kamsik i zatoa so nego moze da se vladee samo taka. Pa i Putin e proizvod od toa klise . Ediino sto ne nosi titula car na Rusija.No nikogas ne e kasno?
devicanecot, 06.10.2011 14:48:59
Sepak, redakcijata na utrinski treba so edna recenica da se ogradi od site ovie pisuvanja vo proektot Sindikejt. Toj e politicki proekt za sirenje na haosot na istotkot..kako bozem tamu debili da ziveat. utrinski samo treba da napise vo edna recenica deka mislenjata izneseni vo kreatorite na statiite od ovoj politicki proekt, mislam na Sindikejt, ne se slozuvaat so mislenjeto na redakcijata.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 10°C

Облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Понеделник
Локални дождови
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |