Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Сега и Димишовски отиде на одмор

Државниот секретар исчезна по критиките на сметка на премиерот

Соња Крамарска

Скандалозни податоци се обелоденија по изјавата на државниот секретар во Секретаријатот за евроинтеграции, Перо Димшоски, во која тој директно го прозва премиерот Никола Груевски, обвинувајќи го меѓу редови за незаинтересираност за приклучување на Македонија кон ЕУ.

За Димшоски дури сега се обелоденуваат детали дека воопшто не бил вработен во Секретаријатот за евроинтеграции, туку бил ангажиран со договор за дело, истовремено беше на функцијата вршител на должноста државен секретар и привремен раководител на Секретаријатот по оставката на вицепремиерот Ивица Боцевски. Како вработен со договор за дело, Димшоски немал право да потпишува никакви документи.

Од друга страна, вицепремиерот Ивица Боцевски заминал за САД во почетокот на јуни од каде што се вратил на работа околу 15 јуни кога ја предал оставката и повторно исчезнал, овој пат на годишен одмор. Со тоа практично повеќе од еден месец владиниот сектор за евроинтеграции каде што се наоѓа моторот на приближувањето на земјава кон ЕУ воопшто не функционирал, и тоа во период кога Европската комисија ги прави финалните согледувања за Македонија пред објавувањето на есенскиот извештај.

Дознаваме дека од Перо Димшоски уште завчера по објавувањето на неговата изјава, која а насочена против премиерот, било побарано објаснување од страна на луѓе од опкружувањето на Груевски. Тој бил повикан на разговор за разјаснување на мотивите за неговите оцени, но неговиот одговор бил дека не бил разбран правилно од медиумите. Димшоски предложил да даде дообјаснување во јавноста но му било оставено самиот да реши како ќе се вади од кашата. По тој разговор, Димшоски ненадејно заминал на годишен одмор. Така, до официјалниот избор на новиот вицепремиер Васко Наумовски, што треба да биде направен во парламентот, Секретаријатот за евроинтеграции останува обезглавен.

Во „инкриминираната“ изјава дадена завчера за Радио Слободна Европа, Димшоски рече дека ако влегувањето на Македонија во Европа е приоритет на премиерот, тој така треба и да ја постави работата на Владата во овој период. Димшоски цинично праша дали приоритет на Македонија е членството во ЕУ и предупреди дека во следните два месеца треба да се донесат четири приоритетни закони за усогласување на македонското со европското законодавство.

„Тоа се законите за државната администрација, за внатрешни работи, за финансирање на политичките партии и за Собранието“, рече Димшоски. Доколку не се направи тоа, според него, Македонија ја губи шансата за позитивен извештај за датум за преговори за членство наесен.

За крај, Димшоски го даде шлагот на изјавата, ставајќи се отворено во одбрана на доскорешниот вицепремиер Ивица Боцевски, велејќи дека тој заминал затоа што „направил колку што можел да направи“ и „колку што му беше дадено да сработи“.

Изјавата на Димшоски веднаш предизвика големи реакции во политичките кругови, бидејќи се' уште не беа смирени духовите по оставката на Боцевски, а излезе дека во Секретаријатот за евроинтеграции се шири бунтот против нешто или против некого за што се' уште никој не сака отворено да проговори. Аудиоснимките од изјавата на Димшоски кои беа емитувани на телевизиите без друго го покажаа фактот дека тој ниту бил погрешно цитиран ниту, пак, се работи за погрешна интерпретација на кажаното.

Димшоски, инаку, е поранешен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. По вонредните избори минатата година, бил прекомандуван во Секретаријатот за евроинтеграции. Докторирал на молекуларна генетика во Охајо, САД, каде што живеел со сопругата и со ќерката. Извори од Владата сега шпекулираат дека неговиот напад врз Груевски, наводно, се должел на фактот што му биле изневерени очекувањата тој да го наследи Боцевски на вицепремиерското место.

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера уште еднаш предупреди дека „Македонија нема време за губење во исполнувањето на реформите на патот кон ЕУ“. „Секој ден без прогрес е уште еден изгубен ден“, рече Фуере, апелирајќи до Владата да ги удвои. Прашан да ја коментира изјавата на државниот секретар Перо Димшоски, Фуере рече оти тој не се сомнева во добрите намери на Димшоски.


#
Статијата е прочитана 5251 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 08.07.2009 01:34:25
Верувале или не, постојат вмровци што почнуваат да мислат со своја глава. Откога се издадоа, треба веднаш да се пратат во прогонство, или отепаат, за да не ја шират оваа опасна зараза. Само ми изгледа дека заразата почнала незапирливо да се шири. Глупавите најкасно ќе го сватат тоа.
Од: od nekoj
Датум: 08.07.2009 02:13:10
Znaci kakva mestenka mu naravija novinarite na ovoj! Covekot ubavo si kaza i ja podrza vladata i premierot dodeka nekoe "nepismeno" ili plateno novinarce ja svrti tolku da ako bese bela stana crna...
Од: MKD
Датум: 08.07.2009 03:46:04
Pa i profesorot Naumovski koga ke ja pomirisa reata ke fati dzenem.
Од: Goran Makesoski
Датум: 08.07.2009 03:52:22
pettata kolona na Branko pocna da funkcionira!!!!
Од: eden po eden site ke izbegaat od Grujo
Датум: 08.07.2009 05:33:30
Abe kakva Evropa kakvi bakraci!!!! So Gruevski i VMRO-DPMNE ne mozeme ni do selo Konjari da otideme a ne vo NATO i Evropa da vlezeme. Abe ne si prajte Bajram so pametot. Toj da imase pojma od politika nemase vakvi raboti da se slucuvaat. Neka gleda i neka slusa sega narodot koj e u stvari Gruevski a ne kako sto se prikazuva pred naropdot i vo reklamite sto frcea 3 godini po televiziite. Toj da imase tri cisti i da bese kako treba ke imase smelost da se pojavi bar na eden duel so bilo koj opiziciski politicar vo ovie tri godini odkako e na vlast. Mu izbega Bocevski mu izbega Dimsoski i KOJ E SEGA NA RED????? Pusti Grujo ke pocne i gavolot da bega od nego. Malku mu e na ovoj narod. So takvi kako Grujo toprava ke go vidime KRAJOT. Of, mori Makedonijo taka ti e koga zeleni "patrioti" kako Grujo te vodat.
Од: milan
Датум: 08.07.2009 06:35:28
Ako dimsoki bese naznacen za Vicepremier, negovite izjavi za sigurno ke bea mnogu porazlicni od ovie aktuelnite. Ke ja vozdignuvase rabotata na ovaa institucija i ke kazuvase deka se pravi maksimalen napor da se ispolnat ocekuvanjata na EU. Kakva Makedonija, kakvi posvetenost vo rabotata. Skoro na site nivoa e isto - gola borba za pozicii i licni interesi, se drugo e za javnosta samo...
Од: zabegan.
Датум: 08.07.2009 06:42:52
еден по еден сите ќе сватат дека ПАСТИРОТ не го бива.Но дали веќе неје прекасно до кое дереџе ја донесоа Македонија???.
Од: Petre
Датум: 08.07.2009 07:30:08
a sto ako funkcionira ili ne Sekretarijatot za evrointegracija ?? ..zakonite gi donesuva Sobranieto (ako ja sovlada blokadata na opozicijata) a gi blokira Ustavniot Sud... koja Evrointegracija, koi kriteriumi... ni pravat Fuck In Brain...ja kritikuvaat vladata za odluki na sudot ( a sudot e nezavisen) zatoa sto EBN e od Avstrija (EU)... ako EBN bese od Turcija, ke frlaa drva i kamenja deka koruptivno sme im go prodale najgolemiot monopol so dogovor vo 4 oci itn... pa istoto bese i so Telekom, ne Ribaa za monopolot na Telekom, a ako im go skratis pak necini.. Fuck EU...vi se gleda krajot.... primete si go Island, eve vi ja Letonija i duzina takvi, krmete gi ama ne na nas grb... nam ni treba samo silna podrska na NR Kina, NATO da se izbrka od tuka i uste posilni odnosi so Turcija, a dobro bi bilo da se inicira zaednicki Blok so Turcija i Hrvatska kon EU, neka si preispita EU nivnite clenki dali gi ispolnuvaat uslovite sto im gi baraat na kandidatite
Од: Hanza Romantika
Датум: 08.07.2009 07:41:24
Zarem uste ne nie jasno deka na grujceno nikoj ne mu treba.Zarem ne gledame deka coeceno e epten kabozno samo.Tretiov "gasterbajter" od USA -citaj vasko naumovski e uste dete i toj ne treba da go vezba svoeracniot VP potpis so ogled na negovite predhodnici bez race.
Од: andrej
Датум: 08.07.2009 08:28:58
Sega firerceto grujo ke mu ja skine glavata!!Taka toa odi vo ovaa zabegana zemja!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 08.07.2009 08:29:53
„Ну... а гд�� наш Алексеј?“ Добро е што не му се случува вицот за Стаљин од типот „Кто кивљот?“! Него... Зачудува упорното Нелегално Работење на оние кои најмногу треба да Го Штитат и Почитуваат Законот! Тој, бил вработено како Невработен - ангажиран на договор по дело!?!? И Воопшто не бил Вработен?! В.Д. Државен секретааар и Раководител на Секретаријатот?!? „Па људи моји, Зар Је То Могуќе?“?! Нешто слично како оние преку-десет-годишни (вечни) Хонорарци во МТВ и „доживотни“ Волонтери на Клиника?! До кога ли некој ќе живее на нивна сметка? Во каков Кенеф-Држава Живееме? А... можеби е тоа најдобрата предлог-именка до господинот Нимиц?
Од: viki
Датум: 08.07.2009 09:09:34
voopsto ne e vazno dali dimisovski ja dal izjavata poradi odmazda sto ne e naznacen na mestoto na bocevski,bitno e deka ja dal i taa izjava ja pokazuva samo do nekade vistinskata slika ,ne samo vo sektorot za evrointegracii,tuku i vo celata vlada.ovaa vlada e kako orkestar od slucajno sobrani muzicari,koi sakaat da svirat klasika,a dirigentskata palka e vo racete na turbofolk kompozitor.naskoro i ovde kje se sluci hrvatska,samo za zal site kje bideme pogodeni od toa vestacko sozdadeno cunami, a negovite kreatori kje uzivaat so parite od namaceniot makedonski narod, na koj na krajot kje mu go promenat i imeto i identitetot i kje zaminat vo istotijata kako "najgolemi" reformatori za makedonija (citaj za svojot dzeb)
Од: jimmy1
Датум: 08.07.2009 09:40:10
Do; Od Nekoj: E brat i ti eden den ke se osvestis ama ke bide kasno. Vie sekogas imate kasno palenje ili sosema zgasnuvanje. Nokoj novinar nr go namesti, objaveno e toa sto go kaza, Samata vlada se upropastuva a ne da krivis nekoj drug za tvoite VMRO - Ovski ktereni.
Од: Атанасија
Датум: 08.07.2009 09:40:27
Знаци,во цетирите приоритетни закони кои водат на широкот пат кон НАТО и ЕУ се оние на министерот за сообракај,кој согледал дека треба усте еден удар на грагјаните-да плакаат за некој недефиниран фонд за одржување на заедничките станбени згради,а со парите да манипулираат нововработени од редовите на владтелите!Зар досега станарите не ги одрзуваа своите објекти!Зар во случај на потреба не собираа пари за поставување на нов покрив на зградите!Да,и пред да се сети г.Миле. А сто се однесува до погрешното сфаќање на спомнатата изјава-тоа не ќе е така,но е за ум на новинарите кои трчаат по власта. А исчезнувањава потсетуваат на сличните во Мајсторот и Маргарета,зар не,треба само да се знае сто некогаш и некаде се случувало да не се доживее изненадување. И сега,ајде, обвинете ја опозицијата!?Овој господин зошто се прифатил на таа функција кога требало да знае дека е во сенката на Груевски,не знамА има одлична професија.
Од: Verag
Датум: 08.07.2009 09:56:18
Изгледа ќе биде исчезнат подолго време- Груевски не трпи критики,посебно не оправдани.Не бил вработен-само со договор на дело,а не како криминалецот Димов кој вработувал на неопределено време па сега му следува затвор. Браво за Влдата- само да вработува со договор на дело,нее важно колку стотини или илјади вработувања и се ќе биде потаман.Инаку елиминирањете на партиските вработувањае услов за ЕУ,кој Груевски никако не може да го исполни.И корупцијата.
Од: seat zirovnica
Датум: 08.07.2009 10:26:47
brodot pocna da toni mnogu dlaboko vo atlantikot
Од: zbunet
Датум: 08.07.2009 11:52:41
Abe nekoi komentiraat protiv gruevski,bil vakov bil takov.Ama kakov mu e konkurentot? Pa branko ni go smeni imeto,znameto,ustavot,ni ja rasturi ekonomijata,stanavme simbol za siromastija i seto toa e negoviot dar za makedonija za vreme na negovoto 12 godisno vladeenje.Pa branko ne iskreci za site tie godini tolku povrsina kolku sto gruevski za 3 godini izgradi vo uslovi na najgolemata svetska kriza.Sakate da kazete deka toa e alternativata za gruevski.Ako e taka NE BLAGODARAM.Dajte drugo dete.se dodeka branko e alternativata gruevski ke vladee i ke vladee sakale vie ili ne
Од: blaze m.
Датум: 08.07.2009 12:37:21
Komunisti nemozat da rabotat vo vlasta i da rabotat vo interest na opozicijata na kraj ke mora da begat
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 08.07.2009 12:51:46
ИЗЈАВАТА НА димишовски,воопшто не ме изненади бидејхки,за мене тоа не е ништо ново, јасодамна зборувам и пишувам оту меѓу груевски и црвенковски во однос кон ЕУ И НАТО ,нема разлика и двајцата јавно се за З А А, ОД ДРУГА СТАНА ТИЕ СЕ ПОТАЈНО оние кои ја кочат работата,бидејки,нивните ментори се окорели ЈУ НОСТАЛГИЧАРИ КОЧНИЧАРИ НА ПРОСПЕРИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА КРСТЕ ПОП/СТЕФАНИЈА
Од: nikola
Датум: 08.07.2009 13:34:17
премногу храбро,премногу смело ама ова човече си ја зема бељата односно си го навлече гневот на суетниот македонски фирер кој не може да поднесе некој да не мисли како него.меѓутоа многу кралеви цареви и фирери како него ја изгубиле власта затоа што биле егоисти,самозаљубени нарциси,,,грујо одис и време е
Од: ASK
Датум: 08.07.2009 14:12:17
Vo ovaa naša zemja nesmeeš da razmisluvaš so svoja glava .Vednaš će ti prikačat nešto i eve gi jurišnicite (alfite) na vrata
Од: koki
Датум: 08.07.2009 14:43:09
Pocelo, pocelo koj e sleden za odstrel? Koga nema za sto i kako da gi napagaat od SDSM, sega ke pocnat megu sebe da se jadat.Za da gi snema od vlasta treba da gi ostavime sami da se unistat, a kako sto istorijata ne uci unistuvacite na Makedonija tokmu taka najefikasno se nistat. Samo Gospod da ni dade sila da mozeme da gi izdrzime nivnive gluposti sto ni predsojat vo idnina.Neka im e so sreka samounistuvanjeto.
Од: meco
Датум: 08.07.2009 15:19:42
Vreme e premierot na javnosta da i se obrati so pogolemo obrazlozenie za aktuelnata situacija vo drzavata . Kako prvo BEZBEDNOSNA. Kako vtoro EKONOMSKA. Kako treto resavanje na sporot so imeto i najbrzo sprint vo NATO i EU. Ova mora na narodot vo najskoro vreme da mu se objasni. Malku neka pocekaat spomenicite i sportskite sali. Situacijata so sekoj izminat den stanuva se poslozena.
Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 08.07.2009 18:48:25
Nema da se vrati!

Најди! во Утрински
Насловна
Половина пратеници уста не отвориле
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Државата нема да ги брка дивовселените
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Се' за слава на живите
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!