Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Обама и Медведев отворија нова ера

САД сакаат да ја видат Русија силна, самоуверена и во подем

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - САД сакаат да ја видат Русија силна, самоуверена и во подем. Ние ги почитуваме рускиот народ и неговата историја. Глобалното партнерство ќе се зајакне ако Русија почне да ја игра улогата што и' доликува како на голема држава, изјави вчера во Москва американскиот претседател Барак Обама, во говорот на свечената промоција на студенти од Високата економска школа во Москва. Говорот на американскиот претседател во Вашингтон го најавија како „програмски“, значи од голема важност, бидејќи зборуваше и за минатото и за иднината. Обама потсети дека народите на САД и на Русија никогаш меѓусебно не војувале, туку заедно се бореа против фашизмот.

„Потребна е не само нова страница во нашите односи, туку мора да се рашири и дијалог, кој ќе отвори пат кон напредок. Ние имаме заеднички очекувања и интереси“, изјави Обама. Тој објасни дека САД сакаат да соработуваат со Русија на создавање „нова конфигурација на безбедност во Европа и во светот“. Американскиот претседател истакна дека една од опасностите за ширење на атомското оружје и на ракетните технологии, и создавањето на одредена заштита од тие опасности, би можела да биде ПРО. Тој искрено кажа дека меѓу Русија и САД во однос на прашањето за ПРО, и понатаму има разлики, бидејќи во Москва се мисли оти американската ПРО може да биде искористена против руските стратешки сили. Обама категорично изјави дека ПРО се прави само за спречување на напади од Иран и од Северна Кореја.

Оние кои се сеќаваат на разговорите меѓу Путин и Буш за ПРО мора да паметат дека и поранешната претседателска администрација ги користеше истите аргументи за ПРО како сега Обама. „НАТО треба да соработува со Русија, а не да бара конфронтација. Во поширока смисла, треба да се ��тремиме кон соработка и меѓусебно уважување меѓу сите народи во светот“, изјави Обама.

Во говорот пред московските студенти Обама истакна дека САД се залагаат за зачувување на територијалната целина на Грузија и Украина. Тој додаде дека земјите мора да имаат свои лидери и стабилни граници, што се однесува и на Русија и на САД. „Откажувањето од таквите права на границите ќе доведе до анархија. Америка никогаш нема на друга земја да и' наметнува каков било систем на безбедност“, изјави Обама. Алудирањето на американскиот претседател се однесува на тврдењата дека Вашингтон ќе го форсира влегувањето во НАТО не само на Грузија, туку и на Украина, иако на тоа се спротивставува мнозинството од населението во тие земји.

Претседателот на руската влада, Владимир Путин, вчера изутрина му беше домаќин на Обама на работниот појадок во Подмосковјето во Нови Огарјов. „Со вашето име ние ја поврзуваме надежта за подобар развој на односите меѓу двете земји, па затоа со задоволство го гледаме во Русија. Историјата на руско-американските односи е долга и различна. Имаше години на просперитет на нашите односи, но имаше и такви, доволно сиви, исто така, имаше и години на меѓусебно спротивставување“, изјави Владимир Путин.

„Русија и САД не можат да ги решат сите проблеми, но постојат сите можности односите меѓу нашите земји да се постават на цврста основа“, изјави Обама. Тој додаде дека знае за онаа голема работа што Путин ја заврши за рускиот народ додека беше претседател, но и сега додека работи како премиер.

Беше планирано Путин и Обама да разговараат најмногу 90 минути, а тие се задржаа повеќе од два часа. „Обама му вети на Путин дека во поголема мера ќе ја уважува загриженоста на Русија во однос на ПРО“, изјави поранешниот руски амбасадор во Вашингтон, Јуриј Ушаков, кој сега е заменик-раководител на администрацијата на рускиот премиер. „Никакво прецизно ветување не дадоа Американците, но се продолжува процесот на разгледување на општата ситуација, а Обама изјави оти сега повеќе ќе ја зема предвид руската загриженост околу ПРО“, изјави Ушаков. Обама повеќе пати повтори: ако Иран се откаже од воената атомска програма системот за противракетна опрема (ПРО) ќе ја изгуби смислата и нема да има причина да се монтира.

Статијата е прочитана 578 пати.

Испрати коментар

Од: Rag
Датум: 08.07.2009 08:17:29
Laze ,PRO e nasoceno protiv Rusija, ne sega i mozebi ne za 50g., ama od izvorite na energija vo Sibir i Severno more, a koi se vo Rusija ne se otkazuvaat!
Од: jimmy1
Датум: 08.07.2009 09:30:10
Amerika saka Rusija da e vidi "silna i perspektivna", americki gluposti. Ako go sakavte toa nemase da go rasturite Sovjetskiot sojuz, nitu pak Jugoslavija. Lazete gi amerikancite zosto nikoj poveke ne vi veruva.
Од: Marsovec
Датум: 08.07.2009 15:20:44
Pocituvani, bidejki nemam moznost da mu odgovoram na "padnat od Mars", zosto ednas veke isprativ komentar za statijata "Pocina arhitektot na vojnata vo Vietnam", a vo ime na vistinata, bi Ve zamolil da go napisete i ovoj dopis.Imeno "padnat od Mars" pisuva da L.H.Oswald ne bil socijalist (deka nesto sum cital, a ne sum docital).Bil socijalist (Marksist) i se zaclenuva vo "Young People's Socialist League" vo 1955 godina.Podatoci od L.H.Oswald Biography.So toa sakam da mu predocam na "padnatiot od Mars" da ne donesuva zaklucoci pred da gi ispita i sogleda rabotite.Odnapred Vi blagodaram!
Од: andrei
Датум: 08.07.2009 17:04:54
dobar e obama znae da go nasmee celiot svet,putin i medvedev sigurno se smejat uste posle ovaa izjava sakame da ja vidime rusija vo podem i samouverna,pa rusija sega go ima toa samo sakase da kaze obama rusija na kolena i siromasna da ja vidi

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!