Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија

Според полицијата, групата криумчарела дрога од Авганистан кон Балканот

Петмина Македонци се уапсени во Бугарија поради шверц на 111 килограми хероин од Авганистан кон Балканот. Во обемната полициска акција за спречување на најголемиот канал за шверц на дрога е уапсен и еден бугарски државјанин, кој бил дел од групата на шверцери со дрога. Според полициските сознанија, тие со две возила планирале дрогата да ја пренесат во земјава, односно во Струга, од каде што потоа требало да биде транспортирана од Албанија од каде што би завршила на европските пазари.

Хероинот бил запленет во специјално координирана акција во околината на Благоевград. Акцијата „Коридор“ била спроведена во понеделникот околу 22,20 часот, кога биле приведени шестмината ја изнесувале дрогата од стан кој бил најмен за нејзино чување. Хероинот бил спакуван во три патни торби во кои имало 111 пакувања, обвиткани со кафеав селотејп.

Притоа, биле уапсени македонските државјани С.Н (50), М.М. (40) од Скопје, Д.Н. (29), Т.Ф. (27), Р.Д. (26) од Крива Паланка и бугарскиот државјанин Л.А. (23) од Благоевград. Според бугарските медиуми, сослушувањето на приведените веќе е започнато. Од македонската полиција потврдуваат дека станува збор за меѓународна акција, чија цел била откривање на каналите за транспорт на дрога од Авганистан преку Турција кон Бугарија и Македонија. Во неа учествувале македонската полиција и бугарската Служба за борба против недозволена трговија со дрога, во координација на СЕКИ-центарот и канцеларијата на ДЕА во Истанбул.

Според полициските сознанија, дрогата требало да биде преземена од македонските државјани и илегално внесена во земјава каде што потоа на подрачјето на Струга требало да биде предадена на извесен албански државјанин кој имал задача да ја изнесе и да ја транспортира кон земјите од ЕУ. Малопродажната це��а на оваа пратка на наркопазарите во Западна Европа се проценува помеѓу 10 и 15 милиони евра. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 2011 пати.

Испрати коментар

Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 08.07.2009 07:16:18
Нешто анализата не чини. Никој не е доволно луд да премине од Бугарија (Европска унија) во Македонија, па во Албанија, и после пак во ЕУ. Зошто ризикувал со 100 кила хероин, кога можел да одбере еден од илјадниците патишта без царина преку Романија? Нешто не чини... Ви велам.
Од: Aleksandar
Датум: 08.07.2009 08:38:51
gospodine Metodija, ne mudruvaj, ima mnogu popametni ludje za toa...akcijata e uspesna, a toa zasto, kade i kako, tie si znaat.
Од: Dimitr ot Sofia
Датум: 08.07.2009 08:42:53
Bravo na Makedonskite i B`lgarski slujbi! Koga rabotime zaedno, uspehot e garantiran. Koga se kalveme (klukame) pomegu si, ni razperchutisvaa drugi.
Од: Phanagoria
Датум: 08.07.2009 08:57:52
Lele, Boyko zapochna da gi apsi :)
Од: Trajance
Датум: 08.07.2009 10:21:20
Zosto mediumite gi stitat kriminalcite, Ve molam objavete gi nivnite Iminja i slika po moznost, a ne samo inicijali.
Од: TRTMILOJKO
Датум: 08.07.2009 10:29:23
na ovaa denesnica ima li nekoj so se ima zbogateno na posten nacin?NE, se kriminalci i mafijasi...
Од: bitolcanec
Датум: 08.07.2009 11:42:43
eve vaka trojca se makedonci dvajca se albanci od makedonija i eden et bugarin a i neshto tuka sumlivo et od bugarija za albanija i nazat za evropa ha ha ha ova et nekoja zaebancia pozzz do utrinski
Од: skorpia
Датум: 08.07.2009 12:17:30
neka se razbudi policijata i neka pocne nesto da raboti i vo kriva palanka zosto drogata mnogu e rasirena vo gradot i imam mnogu lokalni sverceri i dileri vo gradot koi se zanimavaat so ovoj kriminal. nekoj vo gradot nemaa pari za pijacka a za kratko vreme gi gledas kako vozat luksuzni koli !!! apel do mvr i ministerkata neka pocnat so racii po odredeni kuki i luge vo kriva palanka !!
Од: r.d-germanija
Датум: 08.07.2009 14:22:16
site ovie naznaceni so SAMO inicijali,verojatno se Marsovci,ili jas grešam ! ako grešam jas grešat i tie, koi vakvite grešnici gi stavat vo eden kazan (site- Makedonci) a prašuvajgo vo nekoja druga prilika ke rece jas nesum Makedonec p.s se nadevam znaete što sakam da kazam.
Од: roditel
Датум: 08.07.2009 15:38:44
ako imas korisni informacii za lica od kriva palanka koi se zanimavaat so preprodavanje na droga mozes da gi prijavis vo policija vo kr. palanka za dobro na site a voedno toa e tvoja dolznost kako cestit graganin se razbira ako inormaciite se tocni kako sto velis
Од: boban
Датум: 08.07.2009 16:22:26
sigurni ste deka se makedonci ili i vie ako se rasboti za loso togas MAKEDONCI a koga e nesto dobro AL.....I ,SRAMOTA BRE,STO VESNIK KE BEVTE.
Од: andrei
Датум: 08.07.2009 17:11:28
makedonskite drzavjani se albanci,a bugarskiot drzavjanin e turcin neka im kazat imeto,da ne bese fes sigurno ke kazea i koi broi gaki nosi

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!