Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Мислења

Цивилната улога на НАТО

Исмет Рамадани

Неслучајно НАТО ја формира и ја развива цивилната компонента како своја организациона инфраструктура

Честопати кога се спомнува НАТО, провејува мислењето дека станува збор за воено-политичка организација со голем воен капацитет, арсенал на разурнувачко и софистицирано оружје, како и со изразит импакт во стратегии на политички развој кои промовираат демократски вредности. Тоа е една непобитна вистина, но дел од суштината и перцепцијата за доктрината на НАТО треба да се запознаваат и афирмираат и во цивилната димензија како значајна вредност. Земјите-членки на Северноатлантската алијанса, заедно со тие во Партнерство за мир, повеќето аспиранти за членство во НАТО, се договориле да подготват план за дејствување при природни катастрофи и несреќи предизвикани од земјотреси, поплави, пожари, фабрики што произведуваат токсични материи, а од поново време чести се и терористичките активности. Овие несреќи со катастрофални последици во широки размери полесно можат да се надминат со меѓусебна соработка, солидарност и координирано и ефикасно дејствување.



Северноатлантската алијанса од 1951 година, во своите почетоци на организирање, си презеде задача да подготви протективни мерки за катастрофи и несреќи што можат да му се случат на цивилното население. Светот, кој одвреме-навреме е подложен на природни и хуманитарни катастрофи, односно местата што се погодени имаат потреба од брзо интервенирање со транспорт и комуникација, медикаменти и болници, облека и храна, како и евакуација и сместување на цивилното население. Сите овие мерки и интервенции, добро планирани, координирани и организирани, како и ефикасно изведени, имаат витално значење за човештвото. Зато�� во 1998 година земјите-членки на НАТО, заедно со тие во Партнерство за мир, го формираа Координативниот центар одговорен за катастрофи, чија цел е размена на информации и координација на активности во давање соодветна асистенција. Овој центар со цивилна димензија во НАТО истовремено е во координација со Канцеларијата за координација на хуманитарни активности и УНХЦР во рамките на ООН. За појасно да се увериме во суштината на цивилната улога на НАТО, добро е да се потсетиме на некои интервенции во минатото:

- По крвавата војна во Босна и Херцеговина, која заврши во 1995 година, НАТО со мисијата наречена СФОР координираше активности и асистираше, заедно со хуманитарните организации и други невладини организации, за враќање на раселените и нивно сместување во нивните домови и привремено поставените кампови. НАТО со години водеше грижа трауматизираните цивили да се вратат во нормален живот по трагедијата од војната во БиХ.

- Во 1999 година, од армиско-полициските и парамилитарните групи за време на војната во Косово беа протерани стотици илјади цивили Албанци и други граѓани од своите огништа преку граница во Албанија и во Македонија. Обединетите нации прогласија хуманитарна катастрофа и геноцид врз цивилното население во Косово. НАТО, заедно со Македонија и Албанија, како земји во Партнерство за мир, и во координација со хуманитарните организации при ООН, брзо и ефикасно организираше сместување на цивилите во кампови, обезбедувајќи логистика со храна, вода, облека, медицинска помош и друга потребна помош. Откако заврши војната, со мисијата за Косово, наречена КФОР, со перфектно организирана асистенција, го обезбедуваше враќањето на Косовците во нивните огништа. Мисијата на НАТО даде голем придонес за сместување и рехабилитација на голем број цивили кои поминале низ голготата и трагедијата од војната во Косово.

- Во 1999 година, катастрофален земјотрес го зафати севернозападниот дел на Турција, со 15.000 загинати и над 40.000 ранети луѓе, над 5.700 урнати куќи и големи штети во инфраструктурата. На повик на владата на Турција веднаш одговорија членките на НАТО и земјите во Партнерство за мир, заедно со ООН. Интервенцијата беше благовремено и успешно изведена, благодарение на одличната координација на земјите-членки на НАТО и на нејзините партнери. По три месеци пак се случи земјотрес, а реакцијата беше соодветна и емергентна.

- Во март 2001 година, поплави зафатија над 200 локалитети на Украина, животот го загубија 9 лица, а беа евакуирани 13.000 цивили. Владата на Украина побара помош од НАТО, а Алијансата веднаш го активира Центарот за координација во случај на катастрофи со давање ефикасна интервенција. НАТО слично реагираше со емергентна асистенција на поплавите што ги зафатија и Молдавија, Романија и Унгарија. На неколку земји, како и на Република Македонија, НАТО им помогна и во справувањето со големите шумски пожари предизвикани од летните горештини.

- По терористичките напади на 11септември 2001 година во САД, соработката на НАТО со своите партнери за мир стана круцијална и иманентна за да се одговори соодветно и ефикасно на терористичките акции и последиците од хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје. НАТО работи интензивно со своите партнери на подготовка и развој на емергентни планови во случај на катастрофи и несреќи за цивилното население. На ваквите предизвици може да се одговори само со добро подготвена стратегија за координирани и емергентни интервенции.



Се потрудив, почитувани читатели, со неколку примери да доловам една друга димензија на Северноатлантската алијанса, за која помалку се пишува и се зборува, а тоа е нејзината цивилна улога. Понекогаш се стекнува впечаток, не сакајќи или намерно, помалку да се потенцира цивилната димензија на НАТО за да се претстави како воено-политичка организација која знае само да демонстрира сила. За вакво претставување на НАТО посебно се ангажираат тие што настојуваат да шират анти-НАТО расположение кај граѓаните. Но, колку и да се обиде некој, а такви има и кај нас, да ја претстави НАТО во негативна конотација, фактите зборуваат сосема друго. Денес живееме во свет со многу природни катастрофи и човечки трагедии на кои не можеме да им се спротивставиме без организирани, координирани, добро опремени и обучени структури. Затоа не случајно НАТО ја формира и ја развива цивилната компонента како организациона инфраструктура.

Кај нас, за среќа, со ангажирање на многу политички субјекти и невладини организации, а посебно на Евроатлантскиот совет, се сфати правилно и пошироко доктрината за НАТО и денес со над 90 отсто позитивно изјаснување на граѓаните имаме силен аргумент за мериторно членство во Алијансата. Едно вакво изјаснување силно и јасно го детерминира евроатлантскиот дискурс на државната политика во Република Македонија.

(Авторот е потпретседател на Евроатлантскиот совет на Македонија)


Статијата е прочитана 548 пати.

Испрати коментар

Од: pane
Датум: 08.07.2009 01:49:53
Aaaaaaa, epa bravo za nato. Imet da ne piesh voda od ista cheshma so Erol????
Од: Ljubotan
Датум: 08.07.2009 01:54:29
Ovoj sto go napisa tekstov ,da go prasam? ;Kade bese TVOJOT NATO? Vo Louisiana New Orleans,kogaj se sluci najgolemata Amerikanska nepogodba Katrina! Nato ce napravi ;Patista,Bolnici,Ambasadi,Tuneli, Poligoni,Mostovi,za Nedaj Boze ,da im potrebat, Da go prasam zosto vo Skopje USA napravi najgolema Ambasada, UH,Uh, uh ...Sto, zarem Makedonija, ima potreba od taa Ambasada, ne be ,Amerika ima potreba tuka , a zosto ? NATO ZNAE!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 08.07.2009 03:25:34
NATO se koruptivni, primer, kolku Albanskoto lobi frli $$$, za da se bombardira Srbija? Zatoa nikoj ne pisuva za NATO tamu, ovde, onde... samo vo Albanija. A ce ve vidam koga ce vi svrtat grbot, bogami ce go svrtat i toa so garancija, togas sto ce pisuvate.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 08.07.2009 09:14:06
Навистина Немам Поим! Па ја цело време сум живеел у Заблуда!? Види, види... Најхуманитарната организација у свет да ти бил, никој друг, туку НАТО!? И то од потпретседател на Евроатлански совет?! Ш`о ли има да ни каже претседателот?! А... и јас Цело Време си мислев дека е така, ама оние Злобницине, тврдат дека Масакрите во Босна, Хрватска, и на оние што бегаа од терористичките банди на UÇK, се производ на лековитите NATO, CIA, DNA и NSA!! Како не им е срам?! Кутри Ирачани цело време живееле у заблуда дека се окупирани! А и оние прегазени од Хуманите Тенкови, и бомбардирани од Здрави-за-околина Бомби (дури и Ураниумот го осиромашиле) на НАТО, У Панама, Хондурас, Виетнам, Кампучија, Ирак, СФРЈ, Авганистан, Кореја... Будали, џабе се бунат - па они се труделе да ги Спасат, Ослободат - а они нив, буум, не ве сакаме. Срам да им е! Уште утре се пријавувам као Хуманитарец у НАТО!!! Па ќе спасувам луѓе низ светов. Ехххх, Тоа ти е, кога ќе овозможиш сите да се образовани... дури 85,99%-120,956%!
Од: eni
Датум: 08.07.2009 10:41:24
jeste se pitali samo sebe ko im je dozvollio NATO da se mesa vo bivsa Jugosllavija evo odgovor i ALLBANCI I MAKEDONCI I BOSANACI NAROCITO NAJMOGUCNOST SU IM DALLI SRBI I TAKO KOMSILLUK BILLI ZADOVOLNI ZA NASU SVAGJU I JESU OPET ZADOVOLNI SAMO UZIVAJU I VI SAMO SE MIRZITE JEDNI SA DRUGIM DOK SE POJEDETE MEGJU SOBOM A KADA JEDNOG DANA SE RAZBUDITE OD TAJ LLOSH SAN KASNO
Од: dejan
Датум: 08.07.2009 11:53:55
Da dobri zabeleski samo "slucajno" se zaboraveni napadite na alijansata na Srbija 1999 i ulogata na istata alijansa vo Makedonija vo 2001 ,sosema "slucajno" onaka kako sto dolikuva

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!