Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Половина пратеници уста не отвориле

Половината од пратениците во македонскиот парламент се молчаливи и не почувствувале потреба да дискутираат за време на пленарните седници кои директно се пренесуваат преку собранискиот канал. Над триесет парламентарци шест месеци буквално уста не отвориле во Собранието. Ниту една тема не ги испровоцирала овие народни избраници да се јават за дискусија, за реплика или, пак, процедурално да реагираат. речиси четириесет пратеници говореле во парламентот по еднаш или два пати или имале по некој реплика. Ова го покажува извештај за работата на пратениците, „мојот пратеник“, за периодот од јануари до јуни оваа година, што вчера беше презентиран во Собранието.

Меѓу оние кои не кажале ништо во последните шест месеци се и пратеници со по два или три мандати во парламентот, како потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, Зоран Петрески, Веле Георгиевски, Ванчо Коцев, Нада Станчевска, Ристо Стојанов -ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Пенов-ЛДП, Али Ахмети, Фазли Велиу, Џеват Адеми, Теута Арифи и Блерим Беџети од ДУИ, Арбен Џафери и Мендух Тачи од ДПА, Фијат Цаноски - ПЕИ и Кенан Хасипи од ДПТ. Меѓу новите пратеници кои не се охрабриле за дискусија се Ивица Георгиевски- ВМРО-ДПМНЕ и Имер Селмани - Нова демократија.

Според податоците на извештајот, на седниците посветени на пратенички прашања најактивни биле Јани Макрадули, Тито Петковски и Маријанчо Николов со поставени 11 пратенички прашања, Абедин Зумбери со 10, Владо Бучковски со девет и Весна Бендевска и Менде Димески со по осум пратенички прашања.

Најмногу оправдани отсуство (36) имаат Арбен Џафери и Медух Тачи, по кои следуваат Фијат Цановски со 29, Имер Селмани со 28 и Али Ахмети со 25, додека со најмногу неоправдани отсуство се Назир Буши, Оливер Алексовски и Марија Рашковска. (О.В.)


Статијата е прочитана 1640 пати.

Испрати коментар

Од: студент
Датум: 08.07.2009 01:48:06
македонска реалност-едните молчат, а половина од тие што зборуваат трескат глупости,опозицијата постојано ги критикува а власта катастрофално реплицира "ПА ВИЕ КОГА БЕВТЕ НА ВЛАСТ ПРАВЕВТЕ ОВА ПРАВЕВТЕ ОНА"па народот не ги избра нив за да ги кажуваат грешките на претходните,ако ништо повеќе барем да знаат да ги одбранат своите постапки пред собранито а не само да ги обвинуваат другите.
Од: Trpe original
Датум: 08.07.2009 05:23:51
SLEPCI ja vodat drzavava.Ovie VMRO ovcive nemaat potreba od diskusija od prichina sto site zakoni se prethodno dogovoreni so Grujcheta i pratenicite se pretvoreni vo YES mashini.A za Makraduli i Petkovski-poubo i usta da ne otvaraat!!!Sobranieto e pretvoreno vo PRCHVARNICA!
Од: забеган.
Датум: 08.07.2009 06:46:48
а што ом треба уста да отворат?Кога што рекол народот ЈАЛ НЕ ЈАЛ ТРИ ИПОЛ.Па нека муја мислат бирачите кого гласат за пратеници.
Од: skopjanec
Датум: 08.07.2009 09:18:55
Na ova se vika ''KLATI VRATA, ZİMAJ PLATA''. Koga ima ovci za shishanje taka ke bide vechno.
Од: dzikovski
Датум: 08.07.2009 09:21:07
Statuetkite pred vlada jasno kazuvaat kolku glavi vo drzavava treba da mislat. Tie drugite sto se obezglaveni se samo poslusni izvrsiteli. Da zivee demokratijata, da zivee Makedonija,i po Tito Grujo.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 08.07.2009 09:32:03
Во Збирштината на МК, воопшто ништо не е променето... На некои пратеници уште и скулптура ќе им постават на седиштата, за да ги паметиме и по смртта, дека се доживотни! :) А и како би ги промениле?! Па, најсигурни сме си со ЦК СКВМРО, ако не се тие, тогаш нивните потомци, бидејќи без нив не се може!(!?) Точно е! Има еден куп кои ништо не кажале, но и оние што зборуваат, всушност - Ништо не Кажуваат! Сè потсетува на вицот со Мујо пред Аквариум, кога телепатски почнува да отвора уста, како и рибите... Не верувате! Исклучете го тонот на телевизорот! Ќе видите, дека Циркусот, понекогаш може да биде и Забавен!
Од: Mene
Датум: 08.07.2009 09:40:37
Sto ke otvorat tie pustite koga se za greota.Plus za da kazat nesto treba da se konsultiraat i da dobijat odobrenie od centralata im.Bi rekle kako vo vreme na "ednoumieto" (taka barem sega go narekuvaat),a sega koga ziveeme vo "mnoguumie" i politicki pluralizam se ni e super.Koga ke razmislime trezveno i pozicijata i opozicijata se katastrofa, a Makedonskiot narod za zalenje.Narodot ne e kriv da Makedonskite politicari se tie koi se.Ponuda katastrofa, a najbolno e da se site isti.
Од: jimmy1
Датум: 08.07.2009 09:46:03
Nema potreba da zboruvaat. Zboruvaa koga se glasaja nivnite privilegii, dobija toa sto baraja pa sega cutat kako p.... pod kosula. Niv ne gi interesira sostojbata na narodot, do koe derege e dojden, deka 70% nemozat da gi ishranat svoite semejstva, vazni se samo nivnite interesi. Taka ni trebe koga nemame smelost da gi izbrkame od foteljite sto gi zavzemaat.
Од: KPMarija
Датум: 08.07.2009 11:49:28
Podobro mudro da se molci , otkolku da se zborat gluposti , samo kolku da se kaze neshto , voobicaena praktika na opozicijata.....
Од: zelezara
Датум: 08.07.2009 13:31:39
Sto da diskutiraat selskive vojvodi od vmro,tolku im e kapacitetot,so osmo oddelenie tolku
Од: koki
Датум: 08.07.2009 14:56:40
A zosto da se macat da zborat koga si zemaat plata od 1000 Evra. Samo prodelzete da ne strizete djabe ne vikaat " koga goltarot ke se najade leb nisto ne mu e vazno okolu sebe" taka vi e toa so nekoi nasi takanareceni parlamentaci.
Од: od mene
Датум: 08.07.2009 17:15:55
A pratenicite od SDSM, deka se na ovaa lista? Ami mia ne pasem treva, da mu se navede...
Од: sande
Датум: 08.07.2009 18:44:33
jas predlagam tie pratenici sto ne idat na rabota i ne zburuvat vo parlamento da bidat iskluceni od platniot spisok .TIE se teret na makedonskiot buget.

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!