Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Државата нема да ги брка дивовселените

Во Битола има уникатен случај – диво вселен е стан од 338 квадрати

Билјана Ангеловска
Оливера Војновска


Новиот Закон за домување им дава неповторлива шанса на оние граѓани кои диво се вселиле во станови што се во сопственост на државата да можат да ги откупат по исклучително поволни услови, без учество и да ги отплатуваат на рати на 25 години. Можноста најверојатно експресно ќе ја искористат најголем дел од бесправно вселените станари, особено оние кои со години „илегално“ живеат во раскошни апартмани со површина од 100 и повеќе квадрати.

Станува збор за 564 станови во Македонија, кои се евидентирани до крајот на 2008 година од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кои се користат без правен основ, односно без соодветна документација. Можноста за нивно приватизирање е предвидена со член 139 од Предлог-законот за домување, кој вчера повторно се најде пред членовите на собраниската Комисија за транспорт и врски.

„Тоа е голема привилегија, дотолку повеќе што според податоците што ми беа презентирани на мое барање, воопшто не се работи за некои социјални случаи. Имено, многу од овие станови се со површини поголема од 50 метри квадратни “, вели пратеничката Роза Топузова-Каревска од ЛДП.

Според неа, вакви „социјални“ станови во Скопје се евидентирано 120, но 26 од нив се со големина од 90, 105 и 112 квадрати. Во Кочани од 10 станови дури седум се поголеми од 50 метри квадратни, во Штип од пет такви се три, во Струмица од 16 големи се шест, а во Кавадарци еден стан е со површина од 109 квадрати. Во Велес, пак, од 12 евидентирани бесправно вселени станови осум се со голема квадратура, еден од нив има 116 метри квадратни, а друг дури 165. Убедливо најголем дивовселен стан има во Битола, се наоѓа на булеварот „1 мај“ и има 338,32 квадрати.

Иако според условите под кои ќе може да се откупат овие дивовселени станови, всушност, се прави обид тие да се именуваат како социјални станови, сепак, очигледно е дека има и такви кои по никој критериум не би можело да потпаднат под категоријата социјални. Според Топузова Каревска, освен големината на станот, многу битен елемент е и неговата локациска припадност, па оттаму, како што вели таа, воопшто не е безначајно по такви поволни услови што ги нуди новиот Закон за домување да може да се откупи стан на улица „Рузвелтова“ во Скопје, макар бил и со површина од 50-тина метри квадратни.

„До кога ние ќе ги наградуваме, наместо да ги казнуваме оние кои не ги почитуваат законите, а воопшто не се социјални случаи“, се прашува пратеничката Топузова Каревска, чиј амандман за бришење на член 139 од Предлог-законот, Комисијата за транспорт не го прифати.

Сепак, Каревска смета дека не смее да има такво оттуѓување на оваа категорија станови и оти мора точно да се знае кој може да добие социјален стан. Од друга страна, пак, проблемот со социјалните станови да се решава со субвенционирање, а не со давање можност за нивно откупување.


Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: Dragan
Датум: 08.07.2009 01:00:49
S R A M O T A. Ova go potvrduva karakterot na drzavata.Bespravno vseleni, bespravno izgradeni = bespravna drzava. Ne sum siguren deka toa e patot za Evropa
Од: ilija
Датум: 08.07.2009 04:04:55
Kriminal tezok.Lojalen graganin sum na ovaa drzava ama se poveke se prasuvam dali se isplati.Kiragija sum poveke od deset god zasto ne sakav da se boram so drzava,Ova e vtor upat na mene kako graganin koj plaka danok.Posle prostuvanjeto na tie sto ne plakaa za staz 75% pred nekolku god od strana na togasniot premier B.C i ova sega od ovoj premier N.G e samo patokaz deka vo nasata drzava treba da si nasilnik neplakac za da prosperiras.Ako mi izleze tekstov ako go procita nekoj spremen advokat bi sakal da pokrenam tuzba kon drzavata za neednakvost i sozdavanje pricini na netrpelivost pomegu lugeto.Veke gi mrazam i tie sto odobrile i tie sto zele.
Од: Petre
Датум: 08.07.2009 07:38:17
veke ednas neka prestanat so socijalnite stanovi... vistinskite socijalnite slucaevi nemaat pari ni za struja...tie treba da bidat smesteni vo nekoj domovi i slicno, se drugoto e laga i Izmama so tradicija od 30 -40 godini nanazad...
Од: Vlado, Skopje
Датум: 08.07.2009 08:46:01
Нели има судски извршители, може за еден ден сите да ги иселат, само не им одговара на некои од власта. Па вака за евтини пари да лапнат скапи станови сакаат. Диво вселените сигурно не се социјални случаи, туку бивши политичари..БАГРА ПОЛИТИЧКА. Нека ги стават на јавен оглас , транспарентно па кој даде најмногу и најдобри услови тој нека купи, само така државниот имот ќе добие реална цена, се друго е КРАДЕЊЕ ПАРИ.
Од: mone
Датум: 08.07.2009 09:06:53
hehehehe, ova samo kaj nas go ima... luda drzava covece i uste ne ni ide pamet... 300m2 stan ke zazeme nekoj na divo i namesto na kloci da go isfrlat - ke mu go dadat za bespari... daj kazete kaj ima nekoj takov i jas da si zazemam?!
Од: Verag
Датум: 08.07.2009 09:28:50
Само овие вмро-ОВЦИ може да да направат ваков глуп и неправеден закон. Колку што знам бесправно вселување е кривично дело и наместо да одат во затвор,тие ќе добијат станови што сами си ги одбрале,по искључително поволни услови. Живееле во тие станови без да плаќаат станарина,а сега уште ќе добијат награда. За колку го оштетиле буџетот со ова,и колку ли години затвор им следува,кога Димовски само што вработил 17 -тмина треба да оди во затвор за оштетување на буџетот. Да не збориме во каква неправедна положба ги ставаат сите оние кои живеат под кирија си децении и поради високите кирии не можат да соберат пари за учество и да си купат стан.И овој закон треба да падне на Уставен суд поради тоа што им дава привилегии на поединци,настамжна тоа што тоа се лица што се огрешиле од законот. Пак ќе им биде крив Б.Ц. ,а не нивната ступидност.
Од: Ајван Доктор
Датум: 08.07.2009 09:45:16
Исто како и со Општествените! Со години плаќаа по 10 динари, на крајот да си ги земаа за Џабе! А тек оние, „Боговите“ - од Водно! Па тие ниту денар не дадоа, а си се вселија во Палатите! Токму за нив беше направен законот. Европа точно знае дека кај нас Приватниот (а и Државниот) имот е Незаштитен (најголема Светост во Европа), па додека е така, ќе не држат на поголемо растојание! Не Името, туку Непочитувањето на Законите е најголемата Пречката за Влез во ЕУ и од Неа, МК, постојано се сопнува!
Од: Ana
Датум: 08.07.2009 11:06:43
Nagrada za tie sto divo se vselile!!!!! Se znae koj ima hrabrost da se vseli divo, toj sto so diveewe i zakani go resava site problemi vo zivotot. A sto so mirnite i cesni luge koi cesno plakaat kirija i ziveat vo mizerni uslovi od sto im se razboluvaat decata? Ova e nevidena nepravda nanesena na site semejstva koi nemaat sopstveno zivealiste. Ili mozebi aktuelnata vlast i so ova ke kupuva glasovi na narednite izbori? No mnogu poveke ke izgubi.
Од: bitolcanec
Датум: 08.07.2009 12:11:22
abe jas nerazbrav ubo ili taka mi se cini oti tetovo i gostivar ne go spomnavte da imalo takvi stanoj napraeni fala mu na boga shto ne bile albanci ovije shto zemale so sila takvi golemi stanovi oti pak qe veleja albancite sve sakat bes pari da zemat avaka sega bogami qe si qutat kako bubacka pozzz do utrinski
Од: misko
Датум: 08.07.2009 14:30:01
so sigurnost će bidat iseleni prinudno onia na koi stanot navistina im treba zosto nema da moze da go otkupat.Krupnite ribi će go zgolemat brojot na stanovi koi pokasno će gi izdavaat .

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!