Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?

И по два месеца од доставувањето на понудите Владата не го направила изборот од четирите компании

Маја Томиќ

Дали Владата, конечно, ќе стори нешто конкретно околу тендерот со хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ или состојбата околу оваа толку најавувана инвестиција, и понатаму ќе остане статус кво. Иако досега веќе требаше на владина седница да се избере најповолниот понудувач, оваа тема се' уште не е ставена на дневен ред. И покрај тоа што Министерството за економија уште пред еден месец до Владата ја достави информацијата за пристигнатите понуди за инвестирање во двете хидроцентрали. Зошто е тоа така, немаа дециден одговор, ниту во Владата ниту во Министерството за економија.

И покрај големиот број заинтересирани компании што се јавија на последниот тендер, четири важат за посериозни инвеститори, кои ги имаат доставено и понудите, а кои учествуваа и на претходниот тендер што го поништи Владата лани во декември. Тоа се: „Вербунд“ од Австрија, РВЕ од Германија, „Енел“ од Италија и „Старткрафт“ од Норвешка.

Претходниот тендер за „Чебрен“ и „Галиште“ требаше да заврши на крајот на март минатата година, но неколку пати во текот на 2008 година беа пролонгирани роковите за понуди за на крајот на 2008 да се донесе одлука за поништување и за распишување нов. Крајниот рок за доставување на понудите беше до 19 март, а потоа Владата го пролонгира до 15 април годинава. Немаше подетални информации за причините за одложувањето на рокот.

Како една од можните причини, неофицијално, се спомнуваат забелешките околу тендерските услови на 20-ина енергетски фирми што тие ги искажаа пролетва на една презентација во Министерството за економија. По тоа, се очекуваше Владата да направи некои интервенции во тендерот, но засега не знае ништо за тоа.

ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ тр��ба да се градат на Црна Река, каде што е веќе лоцирана ХЕЦ „Тиквеш“. Нивното годишно производство на струја треба да е колку вкупната струја од македонскиот хидросистем, или околу 1.100 гигават-часа. Германската РВЕ лани неофицијално важеше за фаворит. Претставници на таа компанија направија сопствена промоција на идеите за инвестирање во двете ХЕЦ и изјавија дека се подготвени да вложат над 500 милиони евра, што би било досега највисоката понудена инвестиција во енергетиката. Според проектот, вкупната инсталирана моќност на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ да биде од 526,5 до 540,5 мегавати.

Досегашното тактизирање на Владата со оваа значајна инвестиција е спротивна на нејзините чести изјави за важноста од инвестициите во енергетиката. Пред неколку месеци, Владата најавени и дека до 2016 година планира околу 40 милијарди евра инвестиции во овој сектор.


Статијата е прочитана 907 пати.

Испрати коментар

Од: toni
Датум: 08.07.2009 00:15:07
vladata se otkaza od makedonija, a ne pak od cebren i galiste
Од: Gonzo
Датум: 08.07.2009 01:16:18
Veke e jasno deka na nekogo ne mu e do investicii tuku do drzava zavisna za el. energija i sekako materijalna korist za licni interesi zanemaruvajki ja drzavata i narodot koj ziveat vo Makedonija. Pa makedonska rabota : TEC negotino, boskov most, tender za izgradba na mali hidro , veternici, solarni paneli i ova isto taka e edna golema lazga.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 08.07.2009 07:21:51
40 милијарди евра? Тоа се пари со кои во Македонија би можело да се изградат доволно капацитети за да се снабдуваат Македонија, Бугарија, Грција и Албанија... Да не е грешка некоја, т.е. да не се еврата - денари (што е реално, и за очекување)?
Од: Petre
Датум: 08.07.2009 07:34:07
ako 20g ne se raspisal tender, moze da se poceka uste malku, da ne se brza so davanje na zadnikot pod kirija... moze ke se javat i firmi od USA, UK , Japan...
Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 08.07.2009 09:01:53
Koncesionerstvo da, ama so benefit za Makedonija. Ako veke gi davame domasnite resursi na stranci, barem da se osmisli kako i koj ke bide prvenstveno drzavniot interes. Za da ne se zgresi, kako so rasprodazbata na distribuciite, pa posle da ne znaeme sto da pravime so "strateskiot" investitor...
Од: Bond
Датум: 08.07.2009 10:00:15
Problemot e sto ovie kompanii ne davaat mito. Na bandata okolu Gruevski ne i dava srce nekoj da investira vo Makedonija a da ne plati reket. 700 mil Evra ne moze da dade nekoja turska ili maleziska kompanija sto kalkulira so baksis i mito, - ova treba da im stane jasno. Koga bandata ke pusti srce i ke misli na nasite deca, a ne samo na svoite ke pocnat i vistinski kompanii da investiraat vo MK. Se dodeka im e kjef, ke pagjaat tenderi poradi ne davanje mito. Oooohhh Makedonijo koga ke stanes normalno opstestvo....
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 08.07.2009 13:03:49
и ова потврдува дека груевски работи за да не сработи, ког се опкружил со медиокритети кои само се служат со лигавенје и клеченје крсте поп/стефанија
Од: mio
Датум: 08.07.2009 14:44:16
propaganjeto na ovaa drzava i posle toa realizacija na veke starata ideja od lj. gorgioski za bugarizacija nemozi da se ostvari so silna ekonomija so silna drzava. Nemojte ve molam da bidime naivni i da si pravime so umot bajram za se ova sto se slucuva ako sakate; muzej na vosocni figuri; crkva dzamija na plostad; dvokatni avtobusi;sikter za evn; okta; antikvizacija; patriorski kasi; 175mil. evra so evroobvrznica po astronomska 9% kamata a mmf 3-4 % nema kraj na ovie budalastini se dodeka ne dojdi krajot za mkd.
Од: дими61
Датум: 08.07.2009 14:57:37
Бонд ја погоди причината за тендерите. Овие компани кое се јавиле не се од рангот на светските познати компани кои ги носи Ставревски.Па затоа тендерот нема да биде успешен - се разбира додека Ставревски н е донесе светска позната компанија.

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!