Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

На Матка мора да има ред

Горан Адамовски

Кон Матка се однесуваме како кон излетничко место, а не како кон споменик на природата. Оваа констатација на еден од туристичките работници во Скопје, кој секојдневно се обидува пред светот да ја прикаже Матка во своето волшебно издание, веројатно е најдобрата оценка за негрижата од државата, градот, граѓаните и од другите надлежни институции спрема ова природно богатство оддалечено само 15 километри од македонската метропола.

На Интернет се фалиме дека Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, чија акумулација е изградена во 1938 година. Добиено е со преградување на реката Треска со брана. Езерото е порибено и честопати се користи и за спортски риболов. Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни.

На локалитетот Матка се откриени два нови вида вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 вида дневни и 140 вида ноќни пеперутки. На просторот од околу 5.000 хектари се распостранети повеќе цркви и манастирски комплекси. Античките археолошки локалитети речиси се неиспитани. Средновековните, пак, претежно сакрални објекти - манастири и цркви се малку повеќе познати.

Посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропаста со длабочина до 35 метри.

Матка е навистина прекрасна. Во тоа се уверил секој што барем еднаш ја посетил. Но, истите тие што барем еднаш ја посетиле знаат дека Матка живее во својот свет препуштена на себеси. Матка нема сопствен спасувачки тим, а изобилува со опасни карпи кои се предизвик за искусните и за помалку искусните алпинисти, но и за обичните планинари вљубеници во природата. Без оглед дали и колку сте стручни за ис��ачување на тешкиот терен, треба само да покажете желба и волја и никој нема да ве праша ништо. Но, со тоа го ставате сопствениот живот во торба. Зашто, не дај боже да ви се случи нешто - ќе нема кој да ви помогне. Доколку биде испратен алармот за несреќата, тогаш треба да се чека на спасувачите кои пристигнуваат од Водно.

Градскиот Црвен крст таму има свој тим од 15 члена, кои се подготвени да помогнат во секој момент. Ама на Матка нема тим, иако иницијативата неколку пати била проследена до градските власти. Но, како што велат надлежните, реализацијата на оваа идеја се остварува многу бавно поради немање пари или немање слух.

За спасувачки тим на Матка нема пари ниту разбирање. Изгледа има поважни работи за решавање отколку да се подобри безбедноста на едно од најомилените сврталишта на жителите на Скопје и неговите гости. Несреќите на Матка очигледно не тангираат никого. Неколкуте смртни случаи не се вистинска опомена за надлежните да преземат нешто и да воведат ред. На Матка се ловат пеперутки, се искачува по карпите, се симнува по стрмните падини. Мора да постои некој ред. Мора да постои служба која ќе одлучува што може, а што не може. Служба што на намерниците ќе им ги предочи опасностите. Служба што ќе биде тука за брза интервенција. Надлежните убаво велат дека Матка е рекреативно место и дека секој може да се движи слободно, но ако безбедноста и превенцијата од несреќи е на прво место, тогаш некој пропис и мерка нема да ја нарушат слободата на движење.

Жалосно е што како држава не знаеме да се грижиме за природните споменици. Пожално е што не се грижиме ниту за безбедноста на граѓаните што уживаат во благодатите на природните споменици. Најжално е што ниту откако ќе се случи несреќа во природните споменици, не се мрднува ниту малку.

Трагедија е тоа што саботната несреќа на Матка која ја потресе јавноста нема да измени баш ништо. Ќе ја оставиме Матка затворена во својот свет.


Статијата е прочитана 722 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 08.07.2009 01:56:42
Алпинистите се возрасни и зрели луѓе кои одлично знаат со каков спорт се занимаваат и не им се потребни тутори и згрижувачи од типот на ГМ. За жал, несреќи се случуваат. Едукацијата и тренингот се далеку покорисни од регулациите, рестрикциите и правилата, кои некои толку ги милуваат..
Од: mkd
Датум: 08.07.2009 09:54:55
Se zagusuvate vo debati. Matka so treska i olimpiskoto selo i se okolu e eden kompleks koj Drzavata treba da go obsmisli ,da izgradi servisen pat od avtopat do matka i treska a ne da se odi preku sela po star pat i da go ponudi na stranski ili domasen investitor (mozna e i zaednicka investicija na drzavata30%,opstinata 10-20%i investitorot 50%)so plan a ne da pravi investitorot sto saka.No za toa investitorot ke ima pravo da razviva selski turizam da izgradi hotel vo odreden stil ,da go renovira Ezeroto treska i do nego da izgradi cel kompleks so kafani i prodavnici ,vodenpark ,Olimpiskoto selo da izgradi hotel za pripremi itn. Site ke imaat benefit;opstinata so vrabotuvanja,drzavata so novi prihodi,investitorot so profit a Skopjani so ureden prostor za rekreacija.
Од: jas
Датум: 08.07.2009 10:32:12
државата, државата, државата само тоа го слушам на секоја страна. А што е со приватниците, со шерифите кои пријавуваат имоти од милионски суми и слично ???? Се запрашал ли некогаш некој или државата и нејзините институции се единствените врз чиј грб може да се збогатат тие локални шерифи ??? Дали некој од нив дал отчет од каде ги заработиле тие пари и врз основа на што ги зеле тендерите од Државата ???
Од: IZI
Датум: 08.07.2009 11:46:55
morase da se sluci ovaa tragicna nesreka pa togas da se zbori trebase ova trebase ona.normalno e deka treba da ima spasuvacki tim angaziran sekojdnevno na vakov lokalitet kako sto e Matka i ne samo Matka.Ama izgleda ne e normalno za ovaa drzava.Treba da se sluci nesto pa posle da se reagira,ova e pateticno za ovaa banana "DRZAVA"
Од: ada
Датум: 08.07.2009 13:15:23
Luge o.Saraj izdala dozvola za gradba na kokosarska farma nad s.Sisevo vo pojas proglasen za prirodna retkost(park suma Vodno).Napraveno e teska zloupotreba na sluzbenata polozba.

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО
Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!