Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Ексминистерот за здравство, Владимир Димов (53), вчера попладне се појави пред истражен судија во Варшава откако претходно беше приведен на аеродромот во овој полски град. Истражниот судија во Варшава треба да одлучи дали ексминистерот ќе биде екстрадиран во земјава поради истрага за незаконски вработувања во 2005 година, кога тој беше на позицијата министер за здравство.
Неговата екстрадиција е доведена под прашање поради бугарското државјанство кое го има Димов уште од 2007 година. Како што потврдуваат од полицијата, Димов во моментот кога бил приведен патувал со бугарска патна исправа која му била издадена во октомври 2007 година, а со себе имал и бугарска лична карта со постојана адреса на живеење во Софија.
Димов беше уапсен при обидот да лета на релација Варшава – Софија, каде што живееше минатата година, по меѓународна потерница која македонската полиција ја распиша во март годинава. Тој е осомничен дека додека бил министер за здравство, во 2005 година без согласност на Министерството за финансии дал шест одобренија за вработување на вкупно 17 лица. Со тоа, според полицијата, лицата биле вработени во ЈЗУ Здравствен дом - Струмица и им било овозможено како нововработени да им се исплатат плати, придонеси и персонален данок за 2005 и 2006 година. На тој начин, сметката на Здравствен дом - Струмица бил оштетен за околу 2 милиона и 500 илјади денари. (Д.Т.)
Ispravna odluka na Varsava. Ne se ova potkupenite sudii od Skopje da mu gi lecat frustraciite na Grujo. 17 vrabotuvanja i interpol poternica? Pa ovaa Vlada gi sobra lugjeto od ulica gi smesti po administracija, primaat plata a edinstveno glasat na izbori za Grujo. Dimov treba da odgovara za stanovite vo Skopje sto gi specali koga bese minister zaedno so Nadezda za nejzinite 4 stana!
Од: Trpe original
Датум: 08.07.2009 05:26:09
Se prashuvam samo dali ovie eks drzalnici ne bile shpiuni na nekoja sosedna drzava???
Од: Verag
Датум: 08.07.2009 09:45:31
И јас мислам како Водно. Екстрадицијата ќе биде доведена во прашање поради делото за кое го бара Македонија. Не верувам дека е кривично дело вработување било каде,освен во Македонија.А што прави оваа влада,вработува стотици партиски членови со договор на дело,иако нема потреба од нив,а ниту столче каде да седнат.За колку ли се оштетува буџетот со вакви прекубројни вработувања?А со колку ќе се оштети буџетот кога Груевски купува поскапи двокатни ,грди автобуси ,многу поскапи од обичните.Колку ли години затвор треба да отслужи Груевски со тајфата за ова оштетување на буџетот?
Од: Bloger
Датум: 08.07.2009 11:18:09
SDSM i bugarskoto podzemja vo zastita na Dimov! Se mafijas do mafijas! Abe ima da se znae. Kriminalec??? VO ZATVOR!