Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Мислења

Неисцрпениот министер и исцрпениот буџет!

Ден Дончев

Кога човекот е толку блиску до банкротирање на државните финансии, да му дадеме шанса чесно да си ја заврши работата!

Најновиот успех на Владата на Македонија е тоа што минатата недела на меѓународните пазари на капитал успешно издаде емисија на македонски еврообврзници за 175 милиони евра. Овие обврзници со годишна каматна стапка од 10 отсто достасуваат во јануари 2013 година. Преку плаќање разни видови даноци спрема државата, македонските граѓани индиректно ќе си плаќаат 17,5 милиони евра годишна камата за овој голем владин успех. Во наредните три и пол години за овие еврообврзници државата вкупно ќе исплати 60 милиони евра камата. Тоа се пари кои неповратно ќе излезат од Македонија. А на 8 јануари 2013, идната влада (која и да е) ќе треба да му ја мисли од каде ќе најде 175 милиони евра да ја врати и главницата.



Овој голем успех беше лично предводен од најуспешниот министер за финансии во историјата на Република Македонија, Трајко Славески. Тој успеа за овој значаен проект да ја ангажира престижната Хонг Конг и Шангај банк. Доколку не беше г. Славески, не знам дали некој друг во оваа држава ќе успееше да ја убеди оваа престижна меѓународна банка да се ангажира и да работи за Република Македонија. Таа банка ни наплати „само“ три милиони евра провизија за неопходната консултантска работа во последните три месеци. Но, најимпресивниот момент од овој голем успех на Владата е што таа успеа преку ноќ да ги зголеми девизните резерви на Македонија за 175 милиони евра. Како што би рекол еден од коалиционите партнери на владејачката партија, отворено се прашувам: кој ни го тоа направи?

Каков и да е одговорот, сепак, нели е важно да се прикаже пред македонската јав��ост дека девизните резерви се стабилизираат. Уште подобро е да го одбегнеме фактот дека истовремено се зголеми и вкупниот надворешен долг на државава. А најдобро ќе биде ако на истата јавност воопшто не и' се разјасни дека по доаѓањето на оваа Влада во 2006, по издавањето на овие еврообврзници, вкупниот надворешен долг на Македонија е зголемен за една милијарда евра. За да се разбере колку е погубно ова издавање еврообврзници и какви импликации има за македонската економија, неопходна е анализа на неколку аспекти.

Прво, оваа емисија на еврообврзници на меѓународните пазари на капитал е втора во историјата на Република Македонија. Првата емисија се случи во 2005, кога беа издадени 10 годишни македонски еврообврзници (достасуваат во 2015) во вкупен износ од 150 милиони евра, со годишна каматна стапка од само 4,75 отсто. Значи, цената која Македонија денес ја плаќа е 100 отсто повисока од пред четири години. Меѓу другото, ова значи дека меѓународните пазари на капитал проценуваат дека економскиот и бизнис-ризик денес во Македонија е двојно поголем отколку пред четири години. Затоа се бара и двојно поголема каматна стапка. Дополнително на ова, обврзници со подолг временски рок на достасување вообичаено носат релативно повисока каматна стапка во моментот на издавање. Тоа е рефлексија на фактот што потешко може да се предвиди долгорочниот економски и бизнис-ризик споредено со краткорочниот. Со други зборови, доколку македонските еврообврзници во 2005 беа издадени за споредлив период од три и пол години, можеше да се очекува дека тогашната каматна стапка ќе беше уште помала од 4,75 отсто. Обратно на ова, доколку сегашната Влада се обидеше да издаде еврообврзници со значително подолг рок на достасување од три и пол години, тогаш каматната стапка ќе беше повисока од 10 отсто. Токму затоа Славески изјави дека процена на Владата била дека периодот од три и пол години е идеален за оваа серија еврообврзници. Тоа е резултат на многу фалената бизнис-клима од доаѓањето на оваа Влада.

Вториот аспект за анализа е споредбата со основната или референтната каматна стапка на Европската централна банка (ЕЦБ) во моментот на издавањето на македонските еврообврзници. Оваа референтна стапка на еден начин ја претставува цената на парите (евра) во земјите на еврозоната. Во 2005 референтната каматна стапка на ЕЦБ беше 2 отсто, кога Македонија ги издаде своите 10-годишни еврообврзници со цена од 4,75 отсто. Значи, нашата цена тогаш беше околу два и пол пати поголема од референтната каматна стапка на ЕЦБ. Минатата недела, кога се издаде втората серија македонски еврообврзници, референтната каматна стапка на ЕЦБ беше рекордно ниска - 1 отсто. Но, овој пат цената на нашите еврообврзници беше десет пати повисока од основната каматна стапка на ЕЦБ!

Третиот аспект е влијанието на постигнатата каматна стапка на меѓународните пазари на капитал врз домашната каматна стапка. Бидејќи денарот е фиксен спрема еврото, каматната стапка што и' се определува на Македонија од меѓународните пазари на капитал влијае директно врз каматната стапка на денарот во домашната економија. Еврообврзниците издадени во 2005, со каматна стапка од 4,75 отсто, беа со пониска камата од тогашната од 6,5 отсто каматна стапка на денари во домашното стопанство. Издавањето на тогашните еврообврзници со камата од 4,75 отсто директно влијаеше кон намалување на каматните стапки на денари, а на денешните еврообврзници со стапка од 10 отсто ќе влијае на приближување на домашните каматни стапки на денари кон 10 отсто. Нека им е со среќа на домашните фирми кои ќе бидат принудени да зајмуваат денари за обрт или инвестиции по цена од 10 отсто. Ако можат да дојдат до заем!?



Треба да се направи и споредба со земјите од регионот за да се види дали каматната стапка по која зајмува Македонија на меѓународните пазари на капитал е слична или има значајни разлики. Најрелевантен пример е изданието на 750 милиони евра еврообврзници од Хрватска, кое се случи на 1 јуни 2009. Оваа земја, исто така, поминува низ економска криза, претежно како резултат на задолжувањето за изградба на инфраструктура (секој што возел со автомобил низ Хрватска можел да го види на дело), но успеа на истите пазари на капитал да ги издаде еврообврзниците со каматна стапка од само 6,5 отсто и со подолг рок на достасување (2015). Излегува дека нашата земја плаќа за 53 отсто повисока каматна стапка од Хрватска.

Конечно, треба да се постави прашањето како ќе се искористат 175 милиони евра прибрани од државата по издавањето на еврообврзниците. За жал, дел ќе отидат да го покријат зголемениот буџетски дефицит за 2009, кој најверојатно ќе биде над 5 отсто од бруто-домашното производство, иако Владата тврди дека ќе биде само 2,8. Останатиот дел веројатно ќе лежи во државните девизни резерви за да може Владата да не' убедува дека ситуацијата таму е стабилизирана. Но, тоа задоволство ќе не' чини 60 милиони евра камата во наредните три и пол години.

Затоа се согласувам со неодамнешната изјава на Трајко Славески по повод шпекулациите за негова смена при реконструкција на Владата. „Се' уште сметам дека не сум исцрпен и дека можам уште многу да придонесам“, изјави министерот. Така е! Тој можеби не е исцрпен, но со издавањето на овие еврообврзници, дефинитивно, ќе го исцрпи буџетот. И нека си остане како министер. Кога човекот е толку блиску до банкротирање на државните финансии, да му дадеме шанса чесно да си ја заврши работата!

(Авторот е економски аналитичар)


Статијата е прочитана 1968 пати.

Испрати коментар

Од: Kredit
Датум: 08.07.2009 00:25:59
Овој ,,економски аналитичар,, дефинитивно ке не докусури со неговите кредити, дефицити, девалвации и слични работи! За него освен оваа формула во економијата не постои ништо друго!? Време е човекот да се одмори, а со него и читателите на Утрински Весник.
Од: Finansiska groteska
Датум: 08.07.2009 01:00:28
Gi pratam skoro site komentari od strana na g. Den Doncev, na suludata i sizofrenoida finasiska politika na Vladata i cenetiot minister T.Slaveski, Za zal se sto napisa vo zadniva devet meseci se se ostvari. Jas se prasuvam nesto drugo. Dali ovie podatoci voopsto gi ima i gi cita gospodinot T. Slaveski ,(kolku znam istiot e univerzitetski profesor) ili seto toa za nego e nepoznanica? Pa se prasuvam kade toja zavrsil studii , kade doktoriral i na kraj kade voopstro predava kako profesor , koga se raboti vo sprotivnost so ekonomskata i finansiskata logika. ili vo osnova lezi nesto drugo, pa bas go boli ... za Makedonija i makedonskiot narod, koga ce mora da go placa cehot na negovata suluda finansika groteska ?
Од: Gorco
Датум: 08.07.2009 04:02:38
А што ако македонскиот граѓанин (хипотетички) несака да работи за 100-200 евра, и нема прилив во буџетот, со време што ќе стане со нашиот долг и со нашата држава? Или, ако просечниот доход е 400 евра, дали побрзо ќе го вратиме долгот? Се само експерти (во оваа влада најповеќе) и профитерски мрчатори!
Од: забеган.
Датум: 08.07.2009 06:53:58
кад се пије охо хо кад се плаќа шта је то.Се ова НАРОДОТ скапо ќе го чини,Но кому за тоа муе гајле?Важно во моментов на АЛИБАБА и 40 разбојници им е добро.
Од: Аман
Датум: 08.07.2009 07:35:17
Аман со овој Ден. Не утепавте со неговите писанија кои сите личат едно на друго. Милост!!!
Од: Slobodan Sodic
Датум: 08.07.2009 09:08:39
Budenjeto, g-dine AMAN e dolg proces i makotrpen sto mu prethodi na osvestuvanjeto, no na kraj seopak blagoprijatno deluva na dusata, se razbura ako imas nesto takvo. Zatoa so ljubov ti poracuvam prodolzi i natamu so vnimanie da gi citas kolumnite na g- din Den Doncev i ne zaboravaj deka i pelinot gorci, ama sepak pomaga! I da te potsetam nikoj poradi semkite ne go frla jabolkata. Ostani mi so zdravje drag prijatele i vo idnina te molam so malku pojke pamet!
Од: jovan
Датум: 08.07.2009 09:26:11
Dzabe pisuvas Den, Prerodbata si prodolzuva, a "dezurnive" platenasi ke te komentiraat so zborovite "aman od ovoj". Navistina se e dzabe, celta i patot na ovaa tajfa e poveke od jasen. Totalno pljackanje na drzavava, prosledeno so jaka propaganda od tipot 2+2 se 5 i site drugi sto mislat deka se 4, ili se nepismeni ili se od SDSM ili se so Branko ili za inaet zborat i ne svakaat deka denes e "moderno" vreme i 2+2 se 5. Prerodbata prodolzuva piramidata TAT se siri, prasanje e samo koga ke se srusi. A i za togas imaat spremeno propaganda. Kriv e cel svet sto ne svatil deka 2+2 se 5.
Од: verag
Датум: 08.07.2009 09:37:50
Овие писанија не се наменети за полуписмени читатели кои многу подобро ќе се чувствуваат читајќи го Вечер и Латас. А што може да очекуваме од Премиер кој живеел во Скопје а студирал економија во Прилеп. Единствено добро му одат пропагандите и кампањите,кои најчесто се ступидни и непотребни,но носат пари .А да,добар е во лопатарење.
Од: Donald Duck
Датум: 08.07.2009 09:48:40
DO: Kredit i Aman Da razberevte sto pisuva chovekot, nemase da davate vakvi glupavi komentari....
Од: kolegata od harvard
Датум: 08.07.2009 10:05:28
колега така треба одработувај си ја агендата за нас од надвор(профитерите).многу си умен.ке ти дадеме некој денар пак.убедлив си и така македонците ништо не разбираат од економија.ако разбираа немаше да ти дадат да го продадеш телеком и уште да биде монопол иако монополите се забранети во модерното општество.терај не викам дека и ти разбираш економија но твоите ништо не разбираат.поздрав од америка.
Од: Vlav
Датум: 08.07.2009 11:27:13
Оваа власт, не само што ги преполови девизните резерви, што некој пред нив макотрпно ги создавал, туку со ваквите обврзници, со високи камати и за таква намена, ќе им ги потроши девизните резерви и на идните генерации. Тие треба да ги вратат средствата што овие ќе ги потрошат. Ваков министер пустикуќа, Маќедонија ниту имала ниту ќе има. Во 2006 г. тогашниот министер Никола Поповски им остави на ВМРО буџет ``тарапана``, а овие го направија ``фенер``. Свести се народе, што прават овие.
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 08.07.2009 11:40:45
Гледам дека доста луѓе непара ги разбираат коментарите на Дончев ама не ни досадува или гата ,тој само кажува што се случува со нас ,а ако тоа им е досадно на некој треба своите коментари да ги упатат на власта оти е така а не .....
Од: KPMarija
Датум: 08.07.2009 11:44:00
Koga nekoj ocajnicki se obiduva da "napishe kolumna" da mu dademe shansa kako toa shto go napravile negovite partiski shefovi da si ja zavrshi rabotata !
Од: kole
Датум: 08.07.2009 11:55:23
Очигледно Грујо, Трајко и останатава ВМРО булумента не водат во катастрофа... само Тања бумбарката им дели бели бумбари, ама тешко нас со овие дудуци... пропаѓаме........
Од: Сашо
Датум: 08.07.2009 13:23:08
ГОЛЕМО БРАВО ЗА ДЕН ДОНЧЕВ, конечно некој човек докажан експерт се обидува да му објасни на народот каква Влада ни ја води државата ако сега не разбравте дека одиме во пропаст незнам кога ќе разберете Поздрав до Ден Дончев и го повикувам во некои од идните колумни да ни даде и негови видувања како ке можеме да излеземе од оваа тешка ситуација во која не доведоа овие катастрофално лоши патриотчиња
Од: Stoje
Датум: 08.07.2009 14:32:33
Aloooo Den, odi skrij se tamu i ne se nerviraj. Ako li?
Од: AM
Датум: 08.07.2009 14:37:26
За жал таква ни е состојбата, но ако може г. Дончев (кој го почитувам) ако може да објасни во некоја наредна колумна зошто оваа влада ги прави овие гафови, дали а) оти немаат појма од ништо или б) има некоја друга позадина. На пример јасно е дека не се задолжуваме кај ММФ затоа што ќе престанат со градба сите непрофитабилни инвестиции (комплекс цркви, статуи, суд, музеи итн.) но дали од иста или слична причина не земаме кредит од некои други извори кои се наведени во колумната?
Од: dimi61
Датум: 08.07.2009 14:49:00
Г-не Дончев незнам со кое право вие ја коментирате економската ситуација во Македонија.Зарем вие не сте свесни кој ја води економијата во државата - да ве потсетам доктор на економски науки магистер на економски науки.И вие ќе им солете памет.Што прават двајцата експерти лошо а ? Е сега ако мислите дека е лошо тоа што викаат дека нема да има криза, дека ќе има нови фабрики , нов економски напредок , странски инвестици ќе нема рецесија , или можеби што ја задолжуват државата и народот со ненормални кредити. Па тоа не е ништо. Гледаш како коментират вмро - вците.Кога ќе биде среќа тие глави да сватат што се случува. За нив секогаш ќе биде досаден и глупав тој што си дозволил луксуз да пишува против фирерот.
Од: Finansiski ekonomist
Датум: 08.07.2009 14:53:19
Analizata e 100% tocna. Losite potezi na vladata kje doprinesat da dobieme uste ponizok krediten rejting sto dodatno kje gi poskape kreditite, sto e samoubistveno vo uslovi na recesija. No srekja vo nesrekjata e toa sto uste malku vladata kje nema izbor, kje moze da zema krediti isklucivo od MMF. A toa znaci nadvoresna kontrola na trosenjeto, sto e za zal, edinstveniot spas za Makedonija od sopstvenata iracionalna vlada.
Од: Марија
Датум: 08.07.2009 18:39:33
Одлична колумна... како и секогаш .... само не знам дали некој ке ја разбере... Дека во Македонија ја имплементираме програмата 100 чекори напред... 1000 назад... надргадена и проширена... За жал...

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Уапсени Македонци со 111 килограми хероин во Бугарија
Половина пратеници уста не отвориле
Обама и Медведев отворија нова ера
На Матка мора да има ред
Државата нема да ги брка дивовселените
Ексминистерот Димов пред истражен судија во Варшава
Сега и Димишовски отиде на одмор
Се' за слава на живите
Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?
Референдум за поскапувањето на водата во Битола?
Цивилната улога на НАТО