Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Психологија на деструктивното

Љупчо Печијарески

Дел од граѓаните на Македонија се' уште се во сферата на негативната слобода, каде што деструктивното доминира над креативното

Големата политичка аукција наречена избори е зад нас. Временски не траеше долго, сепак ја доживеавме како трауматична вечност. Во име на демократијата и политичкиот плурализам, низ маркетиншки невешто спакуваниот алтруизам, се лицитираше се' и сешто: страсти, лицемерство, медиокритетство, демагошка реторика, аматеризам, латентна еротичност, наивност, убави зборови, искреност, ветувања за побогато и подобро денес и утре, закани, заплашувања, арогантност... Ништо не остана свето! Дури и она што сосема е лично - интимно, на некој начин стана дел на поширокиот општествена јавност, влезе, сакале или не, во домовите на збунетите граѓани.

Кандидатите, како кој, со нескриена еуфоричност, на моменти до степен на екстаза, го покажуваа своето политичко умеење, лидерските капацитети, чувството за визија, карактерот или, со еден збор, сопствениот политички и духовен хабитус за истовремено да го покажат своето незнаење, збунетост, политичка некултура, исплашеност, агресивност... Во секој случај, поголем дел од нив, чест на исклучоците, ќе ги паметиме, како и досега, само по нивната голема желба, по секоја цена да се добијат изборите, да се биде победник, да се освои власта, без некоја поголема објективност при оценувањето на сопствените квалитети за извршување на една толку значајна функција како што е функцијата пратеник. Кај некои од нив тоа беше до таа мера доминантно што нивните медиумски настапи понекогаш преминуваа во часови по нарцисоидност, чија содржина најчесто беше исполнета со некоректен, а не ретко и неадекватен политички маркетинг, надополнет со лошо прикриен егзибиционизам. Во една крајно наелектризирана предизборна атмосфера, во која не се штедеа парите, но уште помалку луѓето, каде што домонираше макијавелистичката максима „целта ги избира (оправдува) средствата“, во голема мера, се изгуби основното чувство за фер-плеј. Сето тоа фокусираше, од една страна, со меѓусебни јавни навреди и омаловажувања, па и директни пресметки меѓу одделни политички партии, а од друга страна, со силен медиумски притисок врз свеста и совеста на народот што резултираше со поделеност на гласачкото тело до степен на антагонизам.



Пратеник (власт) - тоа сум јас - бе��е основно мото на предизборната кампања, независно од тоа колку изговорените аргументи го потврдуваа или го правеа смешно ова тврдење. Стариот австриски психоаналитичар, секако станува збор за таткото на психоанализата - Сигмунд Фројд, доколку живееше во ова наше време и на овие простори, со право можеше да ликува: се' е само его, лично или партиско, како сакате, но и во двата случаја единствено што постои и поради кое вреди се' друго да постои е само моето лично „јас“ и нашето партиско „ние“, поточно повторно „јас“, зарем тоа не е едно исто!? Другото и не е воопшто важно, важен е бројот на гласовите што ќе го потврдат моето и нашето партиско „јас“, а за граѓаните - гласачи и нивните услови за живеење, во некоја следна прилика, а можеби и во некој следен живот. „Јас“ и мојата партија, мојата партија и „јас“ најмногу знаеме, најмногу можеме, ние сме најдобри...

Народот многу виде, многу чу, а колку разбра и што разбра само тој си знае. Сепак, во голем процент излезе на изборите и го кажа својот збор. Го избра она вистинското или не, погоди или промаши во изборот останува отворено прашање. Одговорот ќе го даде времето. Коалицијата „За подобра Македонија“ ја оствари посакуваната победа на триумфален начин. ВМРО-ДПМНЕ доби нов мандат од граѓаните да ја води државата во еден од најкритичните моменти од нејзиното постоење. Секако, на победникот треба да му се честита, но, притоа, за да не заборавиме, за одговорните политичари товарот на победата е многу потежок од товарот на поразот.

И точно тука започнува вистинската приказна за овие избори, и тоа не толку околу честитањето, колку околу инцидентите, делбите и одговорноста. Имено, независно од тоа дали сме на страната на победниците или на поразените, дали сме Албанци, Македонци или припаѓаме на друга заедница, кај сите нас по овие избори останува горчливото чувство дека сме паднале не само на испитот по демократија, туку и на испитот по човечност. Арачиново, Чаир, Боговиње ... изборно насилство, загубен човечки живот, ранети, вооружени симпатизери на политички партии, огнени престрелки, залутани куршуми, крадење и полнење гласачки кутии, затворање изборни места ... Зарем тоа сме ние? Зарем тоа се нашите соседи и пријатели? Со колку ли омраза, отуѓеност и изгубено чувство за човечност треба да сме исполнети за да можеме така безусловно да ги исполнуваме фрустрирачко-фашизоидните барања на нашите налогодавци, да бидеме подготвени, без ни малку совест, да пукаме и да убиваме, само за да се освои власта.



Тука не станува збор само за отсуство на политичка култура, ами во прашање е нешто многу позастрашувачко: доминација на психологијата на деструктивното во самите нас. Анатомијата на таа деструктивност, на социјален план, своите корени ги има во погрешно доживеаната политичка еманципација. Демократијата кон која така ревносно стремиме не е „негативна слобода“ - слобода втемелена врз рушење, деструктивност, некрофилност, авторитарност и нарцисоидност, таа е „позитивна слобода“ -слобода којашто во себе вклучува партиципативна култура на живеење на автономни личности, самосвесни индивидуи кои не се лесно подложни на манипулации, личности кои поседуваат свест за сопствениот идентитет. Евидентно, еден дел од граѓаните на Република Македонија се' уште се во сферата на негативната слобода, каде што деструктивното доминира над креативното и афирмативното. Се' додека овие лица се користат во манипулативни цели, при што државата, преку институциите на системот, не успева да ги ресоцијализира и интегрира во општеството, покрај другото, ќе имаме и вакви избори. Несомнено, ваквата состојба не' оддалечува од НАТО и од Европската унија, но истовремено не' оддалечува и од самите себе, од можноста да живееме според општоприфатените цивилизациски стандарди.

Колкава е улогата на политичките партии и на нивните лидери во сето ова оставаме самите да проценат, според нивната совест. Секако, тоа не значи дека институциите на државата не треба да преземат најригорозни мерки кон секој оној кој го прекршил законот, истовремено повторувајќи ги изборите онаму каде што имаше нерегуларности. Тоа е нивна обврска и задача, но и начин да му покажеме на светот, како и на самите себе, дека сме подготвени да ги менуваме нештата, и тоа не само во правец на подобрување на демократските капацитети на нашето општество, туку и од аспект на подостоинствено индивидуално живеење на македонскиот граѓанин.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 887 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 06.06.2008 00:22:00
Profesore, si ja zasluzuvate titulata profesor kako retko koj vo Makedonija i za mene taa e najvisoka po rang od site tituli.Go procitav tekstot dva pati ne deka ne go razbrav prviot pat tuku zatoa sto e prekrasno napisan so "dusa" kako sto veli majka mi koga e voshitena od nesto.Se e taka kako sto kazuvate no dali ke go procitaat tie "vozviseni" pratenici koi i treba da izvlecat pouka od tekstot.Profesore samo napred so vakvi statii.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 06.06.2008 00:24:57
Edna od dosegasnite tragedii na ovaa drzava e i vo sistemot na obrazovanieto, kade za zal profesori se licnosti koi se pripadnici na partiski strukturi, kakov sto e i avtorot. I, sto se sluci ovie 17 godini. Preku niv, odredeni grupacii prvo ne dozvoluvaa upis na studenti od sredna il niska klasa. Koga i nekoj ke uspeese na sreka ili sl., ke naidese na nevideni prepreki vo studiranjeto. Ne daj boze, da ne e barem simpatizer na SDSM. Potoa, samo nivnite deca, ili snai i zetovci mozea da konkuriraat za asistenti, a potoa i nekoj za profesor, drugite nekako. Od tie pricini, smetam deka avtori od ovoj tip ne zasluzuvaat da pisuvaat vo mediumi, oti tie svoeto veke odamna go kazuvaat. Duri i sega, koga za niv voljata na 230.000 glasaci, e pogolema i povazna od onaa na 480.000. TIe znaat samo takva vistina.
Од: Lapsus
Датум: 06.06.2008 01:06:08
Ovie izbori bea vo rezija i so aktersko ucetvo na cetirite lideri na "golemite patrii"( cetvoricata javaci na Apokalispata na Makedonija) sekoj od niv imase pomal ili pogoilem udel vo predizborniot i izborniot haos , koj go vide ,osudi i zagrizuvacki go osude celokupnata evropka i svetska javnost, a samo nie go marginalizirame i davame nebulozni izjavi deka izborite bile voglavnom fer i demokratski , samo na 2% od izbirackite mesta imalo nepravilnosti i nasilie. Demek nevestata e cesna i postena, samo malku e trudna i ne se znae od kogo.Nema cesni , fer i demokratski izbori kade ima na pretek manipulacija, zloupotreba na mediumi, zaplasuvanje, nasilie , teror i ubistva.Pa edno Kosovo, Srbija, i Albanija organiziraa pouspesni izbori od nas. Nasite izbori mozat da se kompariraat samo so izborite vo Zimbabve , sudan i Cad. navitina Evropa i SAD premnogu ni gleda niz prsti. Krajno e vreme da ja zemi prackata i da ne issiba po zadnikot, a posebno politickite lideri da dobijat dupla tura .
Од: Стамен од Шталковица
Датум: 06.06.2008 01:53:38
Алал ти вера, браво бе „Тони од Кавадарци„! Што овој професор ќе се прави важен? Прочитал десетина или повеке книги од Фројд, Адлер, Јунг. Фром итн. Џабе му е! Да се запишеше како тебе на ИНФОРМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО РОЖДЕН каде ли ќе му беше крајот? Никогаш, и колку да сака, не може да те стигне по ограниченоста...
Од: zdravko
Датум: 06.06.2008 03:05:44
Tekstot e mnogu kratok i suv. Kaj nas nisto novo.Toa vi e profesore. Ne,ne sme nie otugeni od samite sebesi-toa sme nie vo naseto vistinsko svetlo. Ne, nesmeeme da bideme razocarani.Ovaa ne e nase delo nitu vase gos.profesore.Ovaa e dolo na nekultura na generacijata B.Koneski i drustvo. Politicka zrelost ,bez kulturna podloga nemalo ,nitu pak ke ima.Da go rasclenime ovoj zbor na "kult" i "ur" Toa ne se zarabotuva na nitu eden izbor,nitu so pomos na V.Iljoski i B.Koneski.Tamu vo kult-urnoto treba da se operira.Ke boli.No, se dodeka tamu nema uspesna operacija ,ne ke ima napradok. Nrodot e zabolen poradi nemanje na kultura gos.profesore. Tokmu tamu lezat visitnskite vrednosti na covestvoto. Nie seuste ne sme nitu "deca". Nie se naogame vo stadiumot na "kamila". Vo 1990god ja napustiv makedonija.Ne poradi socijalna beda tuku poradi nekultura. I posle 18 godini ne mozam da se oslobodam od virusot narecen "makadonija".
Од: ek.v.d.
Датум: 06.06.2008 08:09:07
Зошто не се потенцира дека во 98% од сите избирачки места процесот заврши на високо културно и цивилизирано ниво,а само каде што е доминантно албанското население имаше настани од каубојско време.Факт е дека со албанците мора да живееме заедно,но исто така е факт дека без нив многу одамна ќе бевме ,,Швајцарија,,.Да се разбереме,немам ништо против албанците,но мора малку да се НАКАЛЕМАТ .
Од: од нас
Датум: 06.06.2008 08:23:46
Победата е потешка, особено тогаш кога предизвикот е поголем. А тој не е еден, ги има многу.Некогаш победата е потешка и од најголемиот пораз. Таа значи исполнување на ветувања кои е тешко да се исполнат во овие времиња на глобални кризи(за гориво, за храна и сл).Најважно од се да не се угуши индивидуата и нејзината креативност, нејзиното лично мислење по одредени прашања. Народот сака да работи, да за работи и да троши, а не да чмае во сиромаштија. Победничката партија тоа им го должи на граѓаните.
Од: pogled
Датум: 06.06.2008 11:06:52
Се додека на обичниот народ не му е јасна технологијата на постанување на: пратеник, министер, директор или шеф, дотогаш тој ќе го избира тоа што некој веќе го избрал.
Од: Martin
Датум: 06.06.2008 13:01:34
Stanuva zbor, za edna sosem objektivna analiza za toa kako pominaa izborite.Prof. Pecijareski uste ednas dokazuva deka pisuva na visok akademski stil.Megutoa ocigledno makedonskiot graganin ne ne samo sto ne moze da gi razbere statiite od vakov tip,tuku ednostavo i ne saka...Se dodeka samite gragani ne se promenat, i na krenat svojata, ne samo politicka, tuku i opsta kultura na edno mnogu povisko nisvo rabotite nema da trgant na podobro.Ni 100 prerodbi, ni 1000 sonca, nema da ne izvadat od ovaa sostojba,dokolku ne se promeni nesto vo svesta na graganite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Verbatim