Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“


Еден од „двојниците“: Јован Манчевски

МВР тврди дека изјавите на „двојниците“ од СДПМ не се фалсификувани

Билјана Јовановска

Два дена пред изборите, поточно минатиот петок, Министерството за внатрешни работи го информираше Скопското јавно обвинителство дека извршиле вештачење на ракописите во изјавите на двајца двојници од СДПМ, кое потврдило дека не станува збор за фалсификати.

Наспроти првичните изјави на извесна баба Рада Шекерова од Штип, која претседателот на СДПМ, Бранко Јаневски, ја кандидирал како носител на листа во „единицата“, каде што беше и Радмила Шекеринска, лидерката на СДСМ, потоа Јован Манчевски од Прилеп, носител во „двојката“, каде што требаше да му ги земе гласовите на Јован Манасиевски, и „дублерите“ со иста задача - Игор Ивановски, Јанис Макрис и Зоран Зашев, МВР не откри ничија вина. Не им значеа ништо ни изјавите на некои од „двојниците“ кои јавно тврдеа дека немаат поим оти некој ги злоупотребил нивните имиња и ги кандидирал. Луѓето и навистина немаа врска со политиката, ама „случајот“ заврши во полза на коалицијата „За подобра Македонија“, на која и' припаѓаше СДПМ. Сега, кога победата е убедлива, само на прв поглед отворањето на ова прашање е депласирано. Но, фактите го говорат спротивното.

Штипската баба, која е тотален анонимус и во Скопје и во политиката, на овој трик успеа да собере дури 1.814 гласа, додека сите „дублери“ повлекоа вкупно 6.000 гласа, што воопшто не е мала бројка и не е работа која не треба да загрижува. Особено што ваквите махинации на СДПМ не се случуваат првпат.

Како се чувствува баба Рада која на името и презимето „налепи“ три пати повеќе гласови отколку „нејзиниот лидер“ Јаневски, вчера не успеавме да дознаеме. Само навидум „незначителните“ 6.000 гласа, кои помалку внимателните гласачи преку „дублерите“ ги прелеаја во СДПМ, нивните противници од „Сонце - коалиција за Европа“ ги чинеа најмалку два-три мандата. Или, на овој начин коалицијата „За подобра Македонија“ доби два-тројца пратеници плус. Во меѓувреме, Илинка Митрева, како шесторангирана на изборната листа, остана без пратенички мандат зашто и' недостасуваа само 214 гласа. Ист е случајот со Емилијан Станковиќ од „четворката“ и со Гордана Кожуварска од „петката“.

Скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков вчера ни потврди дека по известувањето од МНР ја прекинал постапката. Откако МНР рече дека не��а фалсификат, вели, остана само моралната одговорност на „двојниците“ која не е во надлежност на Обвинителството. Зиков повтори дека постапката за овој случај ја отворија по „допрен глас“ на јавноста, односно „по написите во печатот во кои кандидатите изјавуваа дека не биле консултирани, ниту знаеле за кандидатурата, што посочуваше дека имаме кривично дело фалсификување потписи“.

Случајот со „двојниците“ е евидентиран и во извештајот на набљудувачите од ОДИХР/ОБСЕ што се изготви за овие избори.


Статијата е прочитана 824 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 06.06.2008 00:45:59
Nema vrska, vo chetvrtata izborna edinica, Zoran Stavrevski izgubi povekje glasovi na smetka na Zoran Zashev od SDPM, a Zoran Zaev od SDSM ne izgubil nitu eden glas. Ova e zaradi toa shto SDSM beshe na 6., SDPM na 8. i VMRO na 9. reden broj na livcheto. I mnogu lugje, vo mestoto kade jas bev chlen, imaa zaokruzheno 8 i 9, a nitu eden nemashe zaokruzheno 6 i 8, oti 8 i 9 se poblisku edno do drugo. Taka shto SDSM prifatete si go porazot i ne smetajte deka nekade samo ushte 200 i neshto glasovi vi falele. A bre vie izgubivte preku 2:1 i pak ne vi doagja umot.
Од: Gordana
Датум: 06.06.2008 01:33:19
Na SDPM mu uspea trikot. Ke beshe fer , barem da vlezeshe vo vo otforena koalicija so VMRO, bidejki kako nezavisen nabljuduvach jasno vidov deka tie dve partii sorabotuvaat - eden ist chovek, im noseshe hrana na nabljuduvachite od dvete partii. Nabljuduvav vo izborna ednica kade imashe golem broj stari lica kako glasachi, i sigurna sum deka mnogu od niv uspeale da padnat na trikot. Nemam nishto protiv baba Rada Shekerovska - Gospod zdravje da i dade - no sekoj koj ima i malku chest ke si priznae deka ova e mnogu nizok udar. Pred nekolku meseci Antonio Miloshevski ja vikna Ilinka Mitreva na pomosh vo Francija - sega chitam deka ne e vlezena vo parlament - epa ete sega neka ja vikne baba Rada Shekerovska na pomosh.
Од: glasac
Датум: 06.06.2008 08:37:35
Takanareceniot trik, vsusnost pretstavuva izmama, a izmamata e nesto sto treba da se sankcionira. Nemoralot na Janevski, za zal, dobi podska od pobednickata portokalova partija, so sto go potvrdija i sopstveniot stav deka prifakaat se sto ke im donese poeni. Ne postoi mal i golem nemoral, mala i golema laga. Denes glasovi, utre koj znae sto?!
Од: ginger
Датум: 06.06.2008 11:14:26
do gordana... ona snimala se..eden ist covek im nosel hrana i na vmro i na sdpm.ti falese uste da napises zimi majka,ne lazam..aj imajte malku odgovornost i ne pisuvajte gluposhtini koj se za sramuvanje.. ilinka za pomos ja vikat, a ona ne vlegla sega vo parlament..da se krsti covek so leva raka. e stvrano ste glupi!ke povtoram sdsm izgubi samo zatoa sto i nivnite simpatizeri glasaa za ovaa vlada.
Од: Vesna
Датум: 06.06.2008 13:07:22
Смешно некој да тврди дека “двојниците“ не беа наместена работа од структури кои се против СДСМ. Дури имало дете да му кажете одма ќе укапира. МВР може да тврди што сака, никој не е до толку глуп. Срамота е државен орган намнет за заштита на граѓаните во лице да им вика дека се глупави.
Од: taka e
Датум: 06.06.2008 13:30:22
Fakt e deka SDPM bitno ne vlijaese na pobedata na VMRO. Mozno e da e sporen eden pratenik. No isto taka e fakt deka igrata bese izmislena vo kabinetot na VMRO, od ednostavna pricina sto tie licnosti mozat da se najdat samo so pomos na institucija koja ima popis na site gradjani. Inaku ako se napravi sporedba pomegju Milososki i Mitreva se znae koj e koj.
Од: Ивец
Датум: 06.06.2008 13:50:48
Е, ГИНГЕР, Гингер, повеќе од очигледно си си го погрешил името. Гингер не си сигурно, туку обично ГРНЕ. Затоа што само грнето, полно со празнина, не знае да направи разлика меѓу Илинка Митрева и зелено момче што се занесува дека е министер...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim