Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори

Изборите значително го изменија политичкиот амбиент на штета на актуелниот шеф на државата

Соња Крамарска

Триумфот на десничарската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори на другата страна остави растурена и дезориентирана социјалдемократска опозиција и најавена оставка од страна на лидерката Радмила Шекеринска. СДСМ во парламентот ќе биде застапен со најмал број пратеници во досегашната историја на партијата (18), што претставува своевиден парадокс на повеќепартизмот и ќе ја исправи земјата пред опасноста од авторитарна власт.

Малкумина сега мислат на претстојните претседателски избори и на локалните избори в година за кои сите прогнози се дека десничарите ќе ги искористат за натамошно зацврстување на власта преку освојување и на највисоката политичка функција претседател на државата. Следното одмерување на силите, овој пат преку локалните и преку претседателските избори, ќе дојде во првите четири месеци од идната година.

Претседателот Бранко Црвенковски барем досега не се има изјаснето за тоа дали ќе се кандидира и за втор мандат. До изборите остануваат уште десет месеци, но не се забележуваат никакви политички активности на тој план. Мандатот на претседателот Бранко Црвенковски истекува на 28 мај 2009 година, а Уставот пропишува дека „изборот на претседател се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател“. Тоа значи дека во април следната година треба да се одржат изборите, што, пак, укажува дека кампањата на кандидатите за претседател официјално би се одржувала во февруари или во март следната година.

Минатонеделните вонредни парламентарни избори значително го изменија политичкиот амбиент на штета на актуелниот шеф на државата. Иако Црвенковски во последниве неколку месеци, кога ескалираше прашањето на спорот со Грција за името и процесите за зачленување во НАТО и во ЕУ, ја засили својата улога на претседател и татко на нацијата, неговите шанси за повторен мандат изгледаат послаби отколку претходно.

Анализите што се базираат на изборниот резултат од 1 јуни покажуваат дека потенцијалната кандидатура на Црвенковски за втор мандат има најмалку три структурни проблеми.

Првиот проблем е албанската партија ДУИ, чие членство важи за поддржувач на Црвенковски, а која сега би можела да влезе во владата на Груевски како коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Во таква ситуација, Црве��ковски не може да очекува поддршка од ДУИ, а уште помалку од ДПА, дури и да е во опозиција, бидејќи Тачи и преостанатото раководство го обвинуваат за гостиварските настани од 1997 година. Доколку, пак, ДПА влезе во владата, ДУИ може да се претвори во дестабилизирачки фактор кој нема многу да му биде од полза на Црвенковски.

Вториот структурен проблем за Црвенковски е неговата матична партија СДСМ, која се соочува со лидерска криза и е пред опасноста од маргинализирање на политичката сцена. Како што стојат работите сега, социјалдемократите својата годишна конференција за давање отчет за изборите ќе ја одржат во октомври. Евентуалниот нов лидер (ако не ја премислат Шекеринска) што ќе го изберат до крајот на годинава нема да има многу време до претседателските, а и до локалните избори, да ја подготви партијата за една таква операција.

И најпосле третиот проблем би можел да биде условот што го наметнува Уставот, а тоа е дека претседателска кандидатура треба да биде поткрепена од 30 пратеници во парламентот или од 10 илјади избирачи. СДСМ, најверојатно, ќе има 18 свои пратеници и десетина од другите коалициски партнери кои може, но не мора да се стават во функција на Црвенковски, особено затоа што тие се контролирани од Тито Петковски и од Стојан Андов, кои досега имаа претседателски амбиции.

Никола Поповски, еден од сдсмовските ветерани и поранешен министер за финансии во социјалдемократската влада на Владо Бучковски, вчера упати остра критика до раководството на СДСМ, нарекувајќи го „младо и неискусно“.

„Нема да биде ништо чудно ако на идните локални избори во март 2009 година се допре и самото дно. Тоа е знак за тревога од највисок ранг. Можно е СДСМ да остане без ниеден или со еден-двајца градоначалници и со десеткувани советнички групи. Сега малку вредат патетичните оставки на лидерката и најблиските околу неа. За жал, зад себе оставаат едно големо ништо и многу изгубено време“, напиша тој во колумна во „Дневник“.

По минатонеделните избори, јасно е дека времето на социјалдемократите им истекува. СДСМ во последните четири години откако замина Црвенковски не успеа да изгради нова модерна стратегија која ќе се базира на новата политичка реалност во Македонија, а тоа е Груевски и новата технологија на политичко дејствување што ја воведе.


Статијата е прочитана 4095 пати.

Испрати коментар

Од: Goran Bitola
Датум: 06.06.2008 00:07:57
Drzavnikot izgradi sistem baziran na kodosi, poltroni i "nasi deca" i sega toa ce mu se vrati kako bumerang. Zimi Stojko uste ednas ce bidi pretsedatel. Napred Zoran Verusevski!
Од: Војводата
Датум: 06.06.2008 00:25:48
СДСМ ќе дојде многу посилен и покомпактен на следните ликални и прет��едателски избори ќе биде бум за целата држава ве уверувам, кога тие се соединат, како хиени се нема противник со кој не можат да се справат. Сега се на дното, се плашам дека ќе се кренат како млаз. Да живее Груевски, да живее ВМРО
Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 06.06.2008 00:31:48
Vakov kakov sto e SDSM veke nema sto da ponudi! Ili neka se podmladuva, ili treba da zaklucime deka sozrealo vremeto vo Republika Makedonija da na se pojavi ne samo nova, tuku i VISTINSKA levicarska partija. SDSM toa oddamna veke ne e.
Од: Igor
Датум: 06.06.2008 00:36:58
sdsm so svoeto odnesuvawe i postapuvawe ostana vo minatoto.namesto da se ptretvori vo moderna partija, taa uste misli deka protivnikot e Ljubco Georgieski.Ocigledno deka so metodi koi se borea protiv Ljubco tesko ke im uspee da sprotistavat protiv Grueski.Se dodeka ne se reformira partijata i ne' sozdadat realna programa, a ne samo pamfleti i prazni vetuvanja, ke prodolzat da gubat na izborite.Za protivnik imaat vlast sto se trudi i raboti. Od ovie izbori proizlguva deka ne samo odgovorna vlast, tuku deka i odgovorna opzicija e potrebno.
Од: makedon
Датум: 06.06.2008 00:55:12
E pa vaka dragi moi crvenkoski ja gubi politikata baza pred slednite pretsedatelski izbori pa toa e najdobrot nesto sto moze da i se sluci na MAKEDONIJA voposlednive 20 godini.ZOSTO?Pa zatoa sto ovoj covek kolku sto i ima napraveno zlo na ovaa drzava turite za 500 godini ne uspeala da napravat :ja poljacka do gola koza,ja obezimeni,ja ponizi ,ja obezvredni,ja ositomasi,ja obezliciosven svoj licen interes neka mi kaze nekoj po sto ke go pametime branko,da kazeme e toa i toa pozitivno go napravi osven :aferi,mito,korupcija,tat,odzemnanje 2 penzii na penzionerite i mn.drugi nesta toj ja zapusti i sopstvenata partija pa ne mozi nikako da se oporavi a kamo li drzavatazatoa ova e najdobrata vest vo poslednive 20 godini so sreka MAKEDONIJAO
Од: OMD
Датум: 06.06.2008 01:39:14
Da RM otisla so vreme na Megunaroden sud za referecata BJRM, sega bi bilo poinaku. Uste nee kasno.
Од: Гоки
Датум: 06.06.2008 01:55:17
Оф море ... дотерајте ја анализата до крај. СДСМ ѓи зема Тито Петковски и Стојан Андов во коалиција за после тоа да не му бидат против-кандидати на Бране. Нема друго објаснување зашто СДСМ го става Тито да им биде носител на листа коа типот има 1% поддршка од народот (според последната анкета).
Од: Ivan
Датум: 06.06.2008 02:11:56
Kako ne mu e sram na Nikola Popovski, zaradi nego SDSM ne moze da se vrati na vlast, ne vraboti nitu eden covek, im ostavi polna kasa na VMRO za da si vrabotuvaat svoi sega. Sekerinska barem se borese partijata da ja sredi, da ja iscisti i da gi smiri stote raskarani krila. Samo Sekerinska ima kapacitet da ja vodi partijata na naredni izbori, pod uslov ako i dadat odvrazni race.
Од: Dok
Датум: 06.06.2008 03:20:29
Drzavnikot ostana sam, a be ke gubat i na lokalno i n apretsedatelsko nivo ke gubat i ke s emislat sega sto prajme, nee prashanje dali ke se vratat posilni, problemot e vo toa sto imaat shansi d ane postojat kako parija voopshto, ne samo tie tuku i taa na tito i stojan tolku se iskusni site sto posle ovaj sok ne znaat sto d apravat izgleda iskustvoto im e za drugi raboti, nisto nee vecno
Од: Vlado Masalko-Resen
Датум: 06.06.2008 04:19:59
Branko Crvenkovski e pred kolaps!!!
Од: Boshko
Датум: 06.06.2008 06:22:55
Sega ke se vidi tochno koj e Branko Crvenkovski, Ako Branko ne se kandidira za vto mandat toa ke bide za da se vrati vo SDS i da ja vrati partijata na kolosek.a ako se kandidira togash ke se znae deka go intereira Vlasta i pretsedtelskata fotelja. Deka e dobar pretsedatel toa e sigurno najdobriot mozen.
Од: jimmy1
Датум: 06.06.2008 07:19:16
Stvarno ovie VMRO-Ovcive ne mozat da razmisluvaat dovolno. Bez razlika na koja partija i pripagal predsedatelot, za vreme mandatot ne i pripaga na niedna partija. Ako toj proklrti Grujo pokazese barem malu pogolema sorabotka so predsedatelot Makedonija ke bese mnogu ponapred, ali ovie VMRO-Ovci, probugarsko orientirani se tie sto e pravat drzavata cekor napred nazad dva. Koga se tolku nepismeni za predsedatel go predlagam Ahmeti, barem ke gi nauci kako se rakuva so oruzje i i na koj nacin se dobivaat odredeni celi. Go predlagam Ahmeti bideki VMRO-Ovcite se isti kako DUI, samo sto tie upotrebuvaat politicko oruzje rastutanje na Makedonija. Da znaat Goce, Karev, Dame, Pitu i site drugi, kakva stoka denes go predstavuva VMRO ke se prevrtuvaat vo grobovite.
Од: angel
Датум: 06.06.2008 08:11:37
Pomina vremeto na tranziciskite lideri...dojde vreme na nas mladite...
Од: tomislav
Датум: 06.06.2008 08:17:51
Sekerinska za pretsedatel!!!!! Verusevski koj e toa ? onoj sto neznae da si go vospita sinot ili nekoj drug od taa pogana familija. I koj bese ovoj sto toa go napisa. Se prasuvame posle kolku vreme i tij izlegol od zatvor?
Од: viki
Датум: 06.06.2008 08:20:37
Site koi zboruvaat za pretsedatelot loso mu se ljubomorni na negoviot uspeh na taka mlad pretsedatel na drzava, harizmaticen, uspesen, nadezen i se naj naj ...... za pretsedatelot BRANKO CRVENKOVSKI, samo toj vo cela Makedonija e salam politicar, drugoto se e farsa i skart.
Од: mk
Датум: 06.06.2008 08:30:49
Reforma Komunjari Reforma samo ke ve spasi da go iskorenite toa komunjarskoto so mestenki niski udari spionaza itn.
Од: стипе
Датум: 06.06.2008 08:33:10
Груевски е нерешлива енигма за СДСМ ги фустрира до крајни граници и тој е најодговорен за почеток на крајот на една комунистичка гарнитура,зато сто по само една год може да дојде до целосно маргинализирање или "недај Боже" распад на некогашната "неприкосновена партија". Напред МАКЕДОНЦИ...
Од: Nikola
Датум: 06.06.2008 08:41:14
Izborite bea falsifikat. Toa ce go pokaze vremeto, Nikoj ne smee da zucne za falsifikatot, oti clenovite na odborite se drzavni sluzbenici. Na spisokot vo mojata izborna edinica bese sin mi koj ja smeni licnata karta i glasase na drugo mesto. I negovoto ime bese zaikruzeno kako da glasal vo starata izborna edinica, a toj si glasase na novoto izborno mesto. MVR gi ima podatocite za site sto smenile licna karta i znae kade mozat nivnite partiski vojnici slobodno da glasaat vo tudjo ime.
Од: Kire
Датум: 06.06.2008 08:51:37
Odlicna analiza. Baravo za novinarot sto ja pisuvase :-)
Од: jovan
Датум: 06.06.2008 09:51:20
Se dodeka SDSM ne se promeni nema ni eden cekor da se priblizi do VMRO. Poglednete go samo komentatorot Ivan pogore, se zali covekot zosto Nikola Popovski ostavil "polna" kasa i ne vrabotuval SDSM-ovci. Vo nivnata mentalna matrica se uste postoi ubeduvanje deka narodot e neprijatelot na koj treba samo prazni kasi da im se ostava, da se vrabotuvaat samo SDSM-ovci i nikoj drug, i ako oni ne se na vlast drzavata treba t.e MORA da se rusi. So toj mentalitet dragi moj ke zavrsite vo gubristeto na istorijata, a narodot ke ve pamti kako najomrazenata partija. Zatoa menuvajte se dodeka e vreme ,fatete cekor so sovremenite tekovi i raduvajte se ako nekoj VAS minister ostavi polna kasa, a ne da go kritikuvate, najverovatno i za predavnik ke go proglasite sega Nikola Popovski samo zatoa sto covekot ostavil "polna" DRZAVNA kasa. Taka i treba dragi Ivane ,a ne da se zalis zosto kasata bila polna. Od takvi kako tebe SDSM tresna na zemja.
Од: A.Nikolov.
Датум: 06.06.2008 10:17:56
Branko e car.Dpmne-ovcite ushte koga ke go vidat na slika se pre[lashuvat od nego.Ne vo Makedonija tie i od diasporata i od bugarija da barat nemoze da najdat politichar od negopviot rang.A nashata Shekerinska ne treba da se izbrzuva so ostavka na lider na SDSM.Treba da gi izdrze i lokalnite i pretsedatelskite izbori.Cela dpmnevska vlada nevredi kako nashata ni mila Rada.
Од: CTG-ajdarec-resen
Датум: 06.06.2008 10:26:58
Krizata vo SDSM-trae i ke trae ako ne se obedinat site generecii na koi Partijata ime pri srce a ne da se raspravame koja licnost e popogodna za lider i rakovodewe .Moj sovet do Pretsedatelot-G.Crvenkovski,dosta izigravas "angliska kralica"vratise vo Partijata krajno vreme e,so tebe ke se vrati i pobednickata garnitura (kadri) koi sega se trgnati po strana -da zaedno so mladive sili kolku tolku ja vratime doverbta na graganite
Од: скопје
Датум: 06.06.2008 10:30:17
Почитувани читатели, размислувајте трезвено со своја глава. Претседателот Црвенковски е единствениот политичар во Македонија зад кого не стои ниту една афера, мудар, паметен, чесен, роден за лидер. Без него Македонија не би го уживала угледот што го има сега во светот. Гордост наша е што го имаме и дај боже уште долго да го имаме да не води, да не учи и да ни го покаже патот кон посветла иднина. Без разлика дали ќе се кандидира или не, тој останува во историјата на Македонија како најсветла политичка личност!
Од: Mirce Vladimirov
Датум: 06.06.2008 10:34:31
Volku kriticen i realisticen napis vo vrska so SDSM na vasite stranici ne sum procital nikogas. Prijatno sum iznenaden isto taka i od citiranata kolumna na Nikola Popovski, nemav prilika da ja procitam. Toa se znaci na nadez. I se soglasuvam, na SDSM mu e prekuso vremeto za seriozna partiska reforma. I se soglasuvam deka Gruevski vovede novi standardi vo politickoto dejstvuvanje. Pozitivni, moram da recam, pa zatoa i deklasira dvajca SDSM-ovski lideri, koi raka na srce osven da lomotat drugo neznaat.
Од: ace
Датум: 06.06.2008 10:41:27
kako moze sdsm da se vrati uspesno na politickata scena koga cel narod gi procita i ne paga na tie nivni apaski finti.cela drzava si ja privatiziraa stecajci i nevraboteni armii napravija,epa sea dojde vreme narodot da mu go vrati udarot na sdsm ova na parlamentarnive malku im bese.
Од: ginger
Датум: 06.06.2008 11:00:55
do nikola.... a sin ti za kogo glasashe,patem? demek vmro toa mu go napravija..toa moze da e greska..i veke od stari paranoicni komunisticki drtala na site ni e preku glava..edno da vi e jasno i dovcerasnite sdsmovci simpatizeri glasaa za ovaa vlada,ne zatoa sto gruevski e poubav od crvenkovski ili sekerinska ,zatoa sto lugeto ne se veke obezglaveni sakaat dobar primer na rabota da vidat,a ako ne cinat i ovei ke gi smenime..aman!
Од: sasko
Датум: 06.06.2008 12:29:41
Dojde vremeto na politickata scena vo makedonija da dojde nova moderna levicarska opcija kako sto za desnata opcija e Grueski. SDSM veke e minato. Se nadevam ke ima koj da go zameni!
Од: bobi
Датум: 06.06.2008 12:40:14
zaradi takvite kako Nikola Popovski,SDSM ja izgubi vlasta 2006 godina.Bese minister za finansii i ne potpisa niedno resenie za vrabotuvanje i sega on ke ja spasuva partijata.Prasajte go clenstvoto sto misli za nego.Pod hitno da si zamine od SDSM i da ja ostavi Radmila da se podgotvuva za lokalnite i pretsedatelskite izbori.Zosto vremeto e prekuso da se pravat liderski smeni
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 06.06.2008 12:55:14
Prasajte go Stamen od Stalkovica, toj ke vi kaze sto treba i kako treba. No, ne obiduvajte se da mu kontrirate, covekot e zapalen... Moze i sovetnik na pretsedatelot da go stavite, malku da napravime progres, izgleda ima zavrseno fakultet vo Skopje, vo Skopje, vo Skopje.
Од: citatel
Датум: 06.06.2008 13:06:15
Samo bi komentiral nesto okolu partiskite vrabotuvanja. Na sekoj vraboten clen na SDSM VMRO ima vraboteno najmalku 3. Site znaeme deka vrabotuvanje sega e mozno samo so preporaka od OK. Mojot komsija odese da se zali kaj Martin Protuger zatoa sto bese staven 9-ti na ranglista vo OK, a za ovie izbori vrabotuvaa samo po sedum.
Од: Vlatko
Датум: 06.06.2008 13:11:20
Gotov e!
Од: crnice
Датум: 06.06.2008 13:23:37
Vremeto mu istekuva i na nego,na Branko.A socijaldemokratijata e na najnisko mozno nivo vo povekeprtiska Makedonija.Sdsm od eden gigant vo makedonskata politika dojde vo pozicija na marginalizirana,mala partija.toa e rezultat na nezapocnatite vnatresni reformi vo partijata,no i na vnatrepartiskiot snobizam.Palkata za spas na socijaldemokratijata vo Makedonija bese kaj Tito Petkovski,no toj ne ja iskoristi sansata,go unisti rastot na sopstvenat partija i ja ubi i poslednata nadez za podobra socijaldemokrija.Zbogum sdsm
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 14:14:01
Бранко е Охриганец,па така му е грешна партијата СДСМ,тој ке оформи партија која доликува на еден добар македонец и тоа Македонија на Македонците М.П.О,нека си викаат бугарашка,главно ти собери ги сите македонци таму.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim