Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

За 4 месеци трговски дефицит од 902 млн. долари

Главна причина се растечките цени на нафтата и на струјата, наспроти домашната неконкурентност

Маја Томиќ

Продолжува да расте трговскиот дефицит. Македонија регистрира рекорден дефицит во размената со странство во периодот од јануари до крајот на април, односно 902 милиона долари за само четири месеци. Додека, за цела 2007 година минусното салдо во размената изнесуваше 1,8 милијарди долари, што беше оценето, исто така, како многу високо, бидејќи во претходните години на годишно ниво дефицитот во трговската размената се движеше нешто над една милијарда долари. На пример, на крајот на 2006 година статистиката пресмета дефицит во трговијата со странство од 1,3 милијарди долари, а во 2005 година близу 1,2 милијарди долари.

Според последните статистички податоци, на крајот на април вкупната вредност на извозот на домашни стоки изнесува 1.278.794 илјади долари, додека се увезени стоки од странство во вредност од 2.181.575 илјади долари, со што покриеноста на увозот со извоз изнесува 58,6 проценти.

Како и во претходните години, најмногу сме увезле сурова нафта, електрична енергија и автомобили, а сме извезле фероникел, преработки од нафта, производи од железо и челик и облека.

Економските експерти предвидуваат дека трговскиот дефицит и натаму ќе расте ако продолжат да растат светските цени на енергенсите, нафтата и електричната енергија, пред се'. Но, тие сметаат дека, сепак, државата може да преземе мерки кои за подолгорочен период ќе дадат позитивни резултати, односно ќе ги избалансираат големите разлики меѓу увозот и извозот.

Според Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот Југоисточна Европа, растот на увозните цени има влијание врз регистрираниот дефицит, но не треба само во нив да се гледа оправдување, затоа што станува збор за многу високи проценти на остварен дефицит за мошне кусо време.

„Не се оправдување само цените на нафтените деривати. Ако многу сме увезле, а во исто време нема промени во индустриското производство и во извозот, тогаш се поставува прашање каде е тука додадената вредност во стопанството и зошто извозот не расте со исто темпо. Проблемот е во неконкурентноста на домашното стопанство, по цени и по квалитет, што е структурален, долгорочен проблем. Значи, неповолната економска структура на македонското стопанство е главната причина за оваа ситуација со трговскиот дефицит“, вели Беџети.

Македонија досега, но и понатаму, ќе биде голем зависник од увоз на нафта, струја и на автомобили, затоа што нема сопствено производство и има недостиг од капацитети за повеќе струја. Досегашниот дефицит е висок, но состојбите можеби ќе бидат подобрени во наредните месеци затоа што ќе се реализира извоз на земјоделски производи. Владата досега преземаше мерки за стимулација на извозните претпријатија и за влез на гринфилд-инвестиции кои ќе ги подобрат извозните резултати. Но, тоа не е доволно. Според професорот на Европскиот Универзитет Зоран Ивановски, неопходни се и други измени во извозната политика кои во еден одреден период ќе придонесат за намалување на трговскиот дефицит.

„Државата може да интервенира во другите сегменти. Таа може да ги стимулира услугите, на пример, транспортните и шпедитерските, како и осигурителните, да инвестира во туризмот, а не да дава само извозни стимулации за стопанството. Треба да привлекува и инвестиции во пазарот на капитал, во државните хартии од вредност, како што се обврзниците“, сугерира Ивановски.




Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар

Од: mitko pravi rangiranje
Датум: 06.06.2008 02:47:21
Makedonija e najmizerna i najneperspektivna zemja vo ovoj region. Podobri sme samo od Kosovo (ama nego uste ne go smetam za prava drzava). Vazno se sipaa pari od bugetot za motiviranje na glasacite, i tie povtorno si glasaa za nevrabotenost i trgovski deficit.
Од: mp
Датум: 06.06.2008 09:38:22
Najprvo, trgovskiot deficit sekogas se gleda relativno, znaci brojka od 900 milioni ne znaci nisto. Tocno e deka zemen vo odnos na BDP trgovskiot deficit e visok (okolu 20%), megutoa ekonomskite "eksperti" treba da znaat deka toa se slucuva koga ekonomijata raste. ekonomija sto raste ima potreba od uvoz na kojsto ke dodava vrednost. Vo uslovi na intenziven rast ja izmestuvate ekonomijata od balansot, a prvenstveno toa se reflektira na tekovnata smetka. Megutoa, toa i ne e tolku loso. Vo krajna linija, se dodeka privatnite transferi pravat tekovnata smetka da bide niska, nema mesto za panika. I ve molam, dosta go prasuvate toj ekspert of FON, pa ne gledate li deka kazuva nesto sto nema vrska ni so ekonomska teorija ni so ekonomska realnost.
Од: pesimisticki optimist
Датум: 06.06.2008 10:11:34
Ne se sekirajte ,zatoa pa prostitucijata se zgolemuva uste poveke, a vo izvestaite na MMF stoi deka ZNACITELEN devizen priliv vo Makedonija, pokraj privatnite devizni doznaki, dosta golem procent doagaat i od prostitucijata. Gevgelija, Strumica, Bitola navecer se preplaveni od Grci i Bugari koj plakaat solidno za dobar provod, da ne gi spomenuvam stranskite misii, diplomati i vojski koj vo zapadniot del od Makedonija i vo Skopje trosat solidni pari po hoteli i mladi devojki, pa i momcijnja. Kako sme trgnale ke staneme Evropski Tajland ,kade sto od cel svet ke ni doagaat perverznjaci na eftin sex turizam. More nemame ama zatoa moze da ne e.. koj stigne.
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 11:49:57
До Митко кој не е Македонец.Митко дојди на местото од Трајко Славески поуспешен ке си можеби,дај покажи знаенјето да те видиме да е направиш Македонија поуспешна од сите балкански земји.Срам си за нацијата.Македонија ти вели да не идеш во Македонија оти ке јадеш котек те знаеме кој си,имаме сателитски снимки и знаеме се за тебе.Марш од Македонија.
Од: AA
Датум: 06.06.2008 16:10:05
Секој има право на свое мислење . Ни никој нема право да ги навредува другите.Ова е препорака до редакцијата,да не дозволува да вреѓаат лугето.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim