Груевски ја најде формулата како да се владее уште долго со Македонија
Никола Груевски извојува голема плебисцитарна победа на првите предвремени парламентарни избори во Македонија. Тој од народот побара 61 пратеник, доби 64 мандати во парламентот. Големото мнозинство граѓани на Македонија му верува безрезервно и по цели две години. Тој израсна во значајна политичка фигура и голем водач на конзервативната десница. Но, и пошироко од неа, бидејќи неговото политичко дејствување прерасна во социјалистички сенароден фронт на големите надежи, на онеправданите, на сиромашните, на невработените, на стечајците и на сите оние кои со децении сонуваат за подобар живот. Тие во Груевски препознаваат спасител, со натприродна моќ кој ги води во светла иднина. Тој е повеќе од невозможна комбинација на болшевичко-антикомуњарски лидер кој ќе ги казни криминалците, ќе земе од богатите и ќе им даде на сиромашните. Сонот на големи надежи и големи исчекувања може да потрае уште долго, бидејќи Груевски ја најде формулата како да се владее уште долго со Македонија.
Имавме лоши избори. Најлоши досега. Крвави. Има жртви, има повредени. Меѓународната заедница, особено Европската унија и сите други пријателски земји секој ден по изборите ни праќаат јасни пораки дека се разочарани од изборното фијаско во Македонија, особено од насилствата, убиство и ранети, организацијата на изборите и селективната партиска интервенција на полицијата. Особено загрижуваат обидите да се забошотат инцидентите и големите неправилности на изборите и тоа од највисоко партиско и државно ниво. Голем срам е и за македонските медиуми. Ниту еден не објави сторија за убиството и ранувањата. Кој загина, кои се ранетите, кои се тие луѓе, што работат, нема ни збор. Наместо тоа го гледаме режираното апсење по стоти пат на Красниќи и неговата банда. Прашање на денот е кога ќе ги ослободи Тачи. Наместо катастрофалните избори како главна тема на новинарите ни фрлија три цистерни што смрдат кај Блаце, а изборите смрдат до Брисел и Вашингтон, а ќе не' трујат уште неколку години од нашата иднина.
Да се каже дека само на еден или два отсто од територијата на Македонија имало инциденти, со акцент дека тоа е само меѓу Албанците, е исто како да му се соопшти на пациент дека има неизлечлив рак само на два отсто од виталните органи, додека целиот друг дел од телото му е беспрекорно здрав, а да се премолчи дека крајниот исход на болеста е фатален. Македонија имаше избори на кои победниците ќе дојдат на тронот со крвави раце. Најголем виновник и трагична фигура на овие избори е Мендух Тачи. Но, за жал, тој не е единствениот, виновни се и државните институции, полицијата, Али Ахмети , а лично и премиерот Груевски носи одговорност кој, кокетирајќи со двете албански политички партии, наметна еден нездрав ривалитет меѓу нив до точка на вриење да се биде или да не се биде. Пукотниците, убиството, обидот за атентат, ладнокрвното полнење кутии на очиглед на меѓународните и на домашните посматрачи, не можат да ја амнестираат одговорноста на организаторот на изборите, особено на полицијата која имаше селективен пристап во интервенциите, бидејќи повеќе дејствуваше како партиска, отколку како полиција на Република Македонија. Целта е постигната. Обичните луѓе, Албанци се заплашени и со тоа што веќе Тачи ја прогласи победата на изборите. Позната е традицијата во овој регион на приклонување кон победниците.
Значи, Никола Груевски извојува голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ, со перманентната двегодишна кампања, а особено во финишот кога заигра на картата спасител на уставното име на Македонија кога вети референдум за името на државата, вети влез во НАТО и преговори со Европската унија до крајот на годината, економски просперитет, работа и подобар живот за сите граѓани. Прво со што ќе се соочи Груевски се односите меѓу албанските партии и самите Албанци. Падна крв за власт. Изборите не се завршени, а и не се знае како ќе завршат. Кој ќе коалицира со Груевски е уште една енигма што треба да се разреши во наредните денови. Никола Груевски радикално ретерираше од својот првобитен став пред две години кога се повика на Уставот, бирајќи го за партнер поразениот Тачи, а сега вели: ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со победникот на фер избори меѓу албанските партии. Или е премногу сигурен дека ќе победи ДПА според најавите на Тачи, или, пак, дефинитивно Груевски ќе одлучи да ја почитува волјата на албанските граѓани изборните резултати да бидат првото мерило кој ќе влезе во власта. А изборите, како и да завршат, очигледно се далеку од фер.
Втората работа што Груевски мора успешно и брзо да ја заврши е стекнувањето меѓународна доверба. Македонија веќе подолго време е во изолација, но особено сега со големите изборни неправилности и инциденти. Груевски мора да го симне од дневен ред најтешкото прашање - членството во НАТО, заедно со тоа и промена на името на државата. Голема пречка во оваа најважна работа на премиерот Груевски е неговото предизборно ветување за организирање референдум за името на државата. Сега тоа му виси како камен околу вратот и му ги врзува рацете дека може нешто посуштински да направи за промена на името. Груевски ќе мора како организатор и подготвувач на референдумското изјаснување да ја повика јавноста и да каже тој за што е. Дали тој лично го повикува народот за промена на уставното име или ќе се служи со некои референдумски трикови кои ќе бидат лесно прочитани. Ако оди на прашањето „дали сте за промена на БЈРМ“, тоа јавноста веднаш ќе го прочита како обично подметнување зад што се крие промена на уставното име. Ако, пак, повика на промена на уставното име, тоа ќе биде крај на неговата политичка кариера. Затоа Груевски ќе мора да го ескивира референдумот и да обезбеди од Америка и од Англија, од Германија и од Франција, заеднички прифатливо решение и за Грција и за Македонија, преку ОН и Нимиц. Тоа е единствениот начин ако навистина сака брзо решение за влез во НАТО.
Груевски мора да научи и еден дел од националната историја на Македонија дека македонските преродбеници од 19 век го зачуваа македонскиот национален идентитет иако немаа држава, потпирајќи се на словенството и на христијанството. Ако нашите вистински преродбеници по цена на живот не се потпреа на овие два фундаментални столба на македонската нација, сите одамна ќе бевме еленизирани и бугаризирани. Затоа во неговата преродба во сто чекори ќе мора да се определи прво за еден, но најголем историски чекор кон Европската унија. Во тоа е, всушност, преродбата. Потребен е еден нов европски и демократски определен Груевски со сосема нова реторика да ги повика тие што знаат како се оди кон Европа.Тој, се виде, не го знае европскиот пат.
Ако останеме во изолација, народот брзо ќе ја открие измамата. Разочарувањето ќе биде поголемо од радост�� за победата. Можеби затоа Груевски изгледаше и најисплашен од сопствената победа.
Опозицијата! Што со неа. Тешко со неа, уште потешко без неа. Груевски посака слаба опозиција, што подалеку од парламентот. Тоа и го доби. Така ќе биде додека СДСМ не спроведе сериозна и темелна преобразба во современа европска социјалдемократска партија. Заминувањето на Шекеринска ќе биде голема грешка. Причините за неуспехот не се во Шекеринска. Тие се многу подлабоки. Таа, за жал, станува заробеник на своите принципи. А држењето до принципи е најслабата страна на еден политичар. Особено на Балканот.
Втората работа што Груевски мора успешно и брзо да ја заврши е стекнувањето меѓународна доверба. Sto sega Gruevski i Makedonskiot narod ke naucat e deka doverbata doaga peski a si odi na konj. Teska lekcija.
Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 06.06.2008 00:25:16
Ke se zadrzam na posledniot pasus od teksot. Ako zamine gospoga Sekerinska ne znaci deka se promenil SDSM. Na ovaa partija koja vo poslednite nekolku meseci cesto se deklarirase kako "levicarska" ne i treba novo rakovodstvo, tuku nova programa so koja bi si go izbrisala neslavniot epitet "nenarodna" i bu mu se priblizila poveke na "obicniot" graganin koj vo golem broj slucai ni ne znae sto e toa NATO ili EU, tuku samo gleda kako da go zakrpi sekoj nov den...Dali ke go moze toa SDSM? Za da ostanese levicarska, ovaa partija ne trebase da ja unisti drzavnata i opstestvenata sopstvenost pred poveke od desetina godini. Trebase da ja brani! Ke moze li sega nesto da popravi?!
Од: Goran Bitola
Датум: 06.06.2008 00:32:33
Erol si gi procital li delata na recisi site makedonski prerodbenici od 19 vek ("Grk za mene vrag, a Bugarin drag!") za da vidis kako kakvi tie se deklarirale? Ne mislis li deka samo Jakobinska diktatura moze da gi sredi sostojbite vo Makedonija? Si procital li deka Ahmed Nijazi Bej, Enver Pasa i Talat Pasa bile cistokrvni Makedonci?
Од: Спиридон
Датум: 06.06.2008 01:29:34
Ете исплива, уште еднаш Македонија на површина со големата победа на ВМРО! И честитам! Само, на дното, преведено од македонски на македонски, од калта што остана по победата, не ќе може да ни помогне никој! Ни Господ Бог! Во создадениот ред на нередот што не очекува наредните години, кога од листата на желбите нема да остане ништо, ние граѓаните ќе изгледаме како мртви луѓе кои се вратиле дома да видат дали се затворени сите прозори и врати...
Од: Jane-San Francisco
Датум: 06.06.2008 04:14:39
stvarno si mislev deka na 1 juni ovaa katastrofalna vlada(peleni-vlada)ke izgubi i konecno ke dojdat malce pointelegentni luge na vlast. Si vikam nema sansi makedonskiot narod da potpadne na niskata i populisticka politika na grrrrujo ali ispadna deka za ovoj narod dzabe e se. Stvarno me zagrizuva idninata bidejki vo ovie teski momenti potrebno e iskustvo i luge so beli kosi a nie imame ministerka koja prva rabota vo zivotot i e minister imame drug minister koj ima 28 godini i pratenici od po 25 god koi sto uste ne zavrsile fakultet. Iskreno pocnav da razmisluvam deka ne vredi da se ostane vo ovaa zemja bidejki ako si protiv vmro togas ti ne si makedonec. Gospod da ja cuva makedonija ne od bugarite ne od srbite ne od grcite tuku od makedoncite kako grujo i kompanija
Од: Оној, де, определениот...
Датум: 06.06.2008 04:57:55
Ова е навистина последниот мој „коментар„ за божемните „коментарите„ на оваа личност и последното отворање на сајтот на „У. В.„ Сакав само да му кажам на дотичниот дека сите негови, да не кажам што, од пишувања содржат само излитени фрази, заталкани некаде вонвременки и вонпросторно, а сега веќе верувам и дека човеков навистина не е во состојба да се погледне во огледало, да се самооцени себе си и види дека неговите чкртаници од прогнози за апокалитичните идни случувања на Македонија, како оние на неговиот „анти-побратим„ Лјубчо Бугарчета, одамна се надминати и, бидејќи се ступидарии, никој не ги зема за сериозни. Останете со здравје и Бог нека ви е напомош!
Од: Alex
Датум: 06.06.2008 06:57:21
Zasto gospodine Rizaov ne rekovte pred izborite deka na SDSM mu treba temelna reorganizacija tuku toa go velis sega.100 posto sum siguren deka pisuvas po inercija-post festum i ne se karakteriziras so istrazuvacko novinarstvo-tuku so edno lezerno"konzervativno" novinarstvo.Sekoj den gi citam Avstraliskiot Daily Telegraph potoa New York Times itn.Treba da odite na nivnite web sajti i da vidite sto e istrazuvacko i novinarstvo bazirano na fakti!!!Do vcera tvrdevte Sonce ke pobedi a denes nim im trebaat koreniti promeni a deka Gruevski ke ne zapusti!!!Za pocetok cestitajte mu-toa taka se pravi vo civiliziraniot svet! Odete na www.dailytelegraph.com.au I UVERETE SE sto e toa moderno novinarstvo!!!
Од: Makedonec vo EU
Датум: 06.06.2008 07:21:39
Se plasam deka doagja vreme tie sto vikaa "bez leb se zivee, ama bez ime - ne", da treba go dokazuvaat kazanoto...
Од: klime
Датум: 06.06.2008 07:28:29
Mozis da go zloupotrebuvas kolku sakas peroto sto ti e vo raka.Zarem ti ne si ni malku vinoven za krvavite nastani megju albancite.Ili zalis sto takvo nesto ne se sluci vo drugite delovi od Makedonija.Gospodine Rizaov, i Struga glasaa albanci i Debar ama problemi nemase.Znaes li zosto zatoa sto lugeto ne prifatija kako i 2001 godina sto ne prifatija, so sila da gi resavaat problemite.Zalosno e sto imame vakvi novinari kako tebe.Namesto so konstruktivni pisuvanja da se obidime site da gi resavame problemite vo drzavata se obiduvame da sozdademe konfuzija vo opsestvoto.Ke ti kazam deka nekogas i peroto ubiva.
Од: ??
Датум: 06.06.2008 07:39:19
Што да кажам???
..Ерол, дај жити се најди некоја друга работа!!
Како што гледам, предлагаш да извршиме масовно самоубиство, бидејќи кога во животот ќе се препуштиш да те води страв и кога ќе ја изгубиш довербата во себе (или својот народ) нема зошто да живееш. Ти си ја изгубил и надежта, што е уште полошо.
Жити се, оди во пензија, играј шах и дозволи некој што има идеи да сработи нешто.
Од: ance
Датум: 06.06.2008 08:31:09
Sto da se kaze poveke od veke poznata sentenca: sekoj narod dobiva vlast kakva sto zasluzuva. Ne zaboravajte, vo Makedonija 54 odsto od naselenioto ima zavrseno edbaj osmo oddelenie!!!
Од: d-dorf
Датум: 06.06.2008 09:31:36
Gos. Erole, so prvoto utrinsko kafe, tvojot komentar me nasmeja do beskrajnost, Se iznasmejav, za smradta sto smrdi od Blace duri do Brisel i Vasington, a osobeno za pacientot sto e boleduva od rak samo eden ili dva posto FENOMENALNA SPOREDBA( hahahahaa)
Na pocetokot koga site mediumi objavija deka ima raneti i zaginat vo izborite, navistina ne napisa nikoj nisto nitu kazaa bilo sto , koi se tie luge ,koj pukase vo niv ,i zosto? Vestite beja epten sturi, za da bi na krajot bidat servirat nekoji vesti sto smrdi vo Blace!!! SO MOZNOSTI NA TRUENJE NA NEKOJI LUGE .( koja majstorija hahahaha) Veruvam deka narodot se izplasil, pa i realno e, ne se naviknati na smrdlivost, a bogami i na zagadeniot vozduh od kantite na granicata(hahaha). A da ne pisuvame za zagadenosta od politickite strui sto strujat vo Makedonija, na toa sme naviknati , ama ovaa bese epten golama zagadenost,... Kraj na krajot, najaveno bese " NEMA DA SE KAEME" (Gospod so nas, samo do koga???)
Од: Arbeni
Датум: 06.06.2008 10:47:09
Gruevski ima mnogu isti elementi so Milosevic - semejna tragedija, semejstvo-begalec, zapocnuva politicka kariera so ogromni vetuvanja, go plasat narodot so Albancite! Ke zavrsi kako nego, nema kako poinaku!
Од: ibay
Датум: 06.06.2008 11:01:15
Stp pobrzo se penzionira doticniot novinar,toa podobro za novinarstvoto na Makedonija.Uste pred izborite prognozirav deka SDSM ke se marginalizira na ovie izbori.A Rizaov,ne mozejki da izleze od matricata na SDSM pisuva nebulozi i gluposti.Go molam glavniot urednik da ne mu dava prostor na spomnatiot novinar poveke vo vesnikot.
Од: elena
Датум: 06.06.2008 11:10:39
da se kaze deka dijagnozata e cancer na onie 2% od pacientot kako Vie ja narekuvate Makedonija inicira treapija OPERCIJA so otstranuvanje na onie koi se nositeli na neizlecivata bolest (da se zaminata odkade sto se dojedeni) t.e. koi se vinovni za cekorite koi Makedonija gi pravese nazada vo minatoto primer 2001godina.
pozdrav
Од: trevizo
Датум: 06.06.2008 11:20:07
,,KAKOV NAROD TAKVA VLAST"ce gi vidime rezultatite za 4 godini na site polinja od ovaa totalitarna vlast.
Од: ginger
Датум: 06.06.2008 11:31:07
mislam erol rizaov deka treba da gi poslusas sovetite na par komentari deka treba malku da se nadogradis i osvezis vo kontekst na tvojata"rabota"..a patem i da te podsetam,demek ti si zaboravil, deka i gruevski istoto go kaza deka na sdsm mu treba reforma a rada deka nema ocigledno kapacitet da go stori toa ,da se oslobodi od starite lesinari i da ponudi vistinska programa.gruevski nikoj ne go gleda kako covek so nadcovecka sposobnost, toa ti go pisa, negovata prednost e sto ne ja popdcenuva makedonija i nejzinite gragjani.simpatizerite na sdsm glasaa i za ovaa vlada..a i ako ovaa ne cini ke izgubi na slednite izbori.covek ko sto pisuva vakvi tekstovi ,demek gubitokot na sdsm e smrt za makedonija, bozeeeee, ne ja saka makedonija!!!
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 12:47:10
Во џамија и во црква се оди со добра мисла,а во борба се оди да се убие противникот,а со тоа рацете се секогаш крвави.Не е срамота да се прилагодиш на ситуацијава Ерол Бег,кога може еден народ од с.Пласница и с.Преглово,кои Нијази Лимани,после Лиманоски се направи,да го тужат сите оти ги правеше торбеши,а сега доброволно Фијат и газда Велија кој се прави од Дебреште, од Пласница е преселен таму,па во СК,за едно пратеничко место се направија повејкето торбеши.Знам ке ми одговориш не си Пласничко,знам си од убава фамилија,ама би рекла дека се е политика,и се се менува еден ден вистината ке излезе на виделина.Македонија памети кои и ветил и што и направил,не мислете дека народот ке му прости на Никола ако не ги исполни ветуванјата,нели му се рече македонскиот народ е направен као тие порано од Пустец,сега тие се подобри од нас,тоа мора да го почитува Никола ние го гласавме,а со тоа значи му верувавме.Ти си добар новинар нема потреба од нервоза на СДСМ,нека плачат србите по нив.Селам од Ки
Од: za ginger
Датум: 06.06.2008 13:47:14
Velis deka ako ovaa Vlast ne cini na slednite izbori ke izgubi. Tokmu za toa i se raboti. Dali Milosevic bese dobar sto vladeese tolku vreme. Ili pak eve na primer na Zimbabve mu trebase 30 godini da se oslobodi od diktatura.
Од: simon
Датум: 06.06.2008 14:17:28
Gospodine Rizov pa Vie se znaete i imate resenie za se, zosto ne se kandidirate za nov predsedatel na SDSM i ete vi moznost da gi sprovedete vasite idei i da ne povedete vo podobar zivot. poradi takvite gubitnici kako vas koi mozat samo ljubomorno da komentiraat deka toa sto drugite go rabotat nisto ne cini ovaa zemlja nemoze da krene napred. Ako Vie ste ne sposoben da napravite nesto korisno barem ne stavajte sopki na drugi koi sakaat da rabotat nesto. I patem poglednete gi izbornite rezultati milion ludje zastanaa zad politikata na Premierot, na pameten i toa mu e dosta...
Од: јас
Датум: 06.06.2008 14:28:23
Ги читав и анализирав вашите коментари во стилот дека мора да направиме компромис. Имам само едно прашање до вас господине Ризаов --- КАКОВ КОМПРОМИС и СО КОГО ДА НАПРАВИМЕ КОМПРОМИС ?? Со луѓе кои отворено ја поддржуваат ФАШИСТИЧКАТА политика на ЕВРОПА на негирање на другиот само поради тоа што е послаб и не припаѓа во ваша интересна сфера ???
И без вашите коментари и на пилињата на гранките им е јасно дека Грција нема да се откаже така лесно од својот најпродаван производ МАКЕДОНИЈА и нејзината украдена историја. Тие не сакаат да постоиме затоа што ќе биде откриена тајната дека цела ЕВРОПА е излажана, зборувам за обичниот народ во Германија, Франција и т н. Тие не сакаат да не нема, сакаат едно големо trademark(tm) покрај името МАКЕДОНИЈА.
Од: don kihot
Датум: 06.06.2008 14:39:01
Uste ednas narodot na Makedonija pokaza deka nema sluh za Evropska integracija.Glasanjeto za Gruevski e golema greska vo momentov za nas,ne deka Gruevski ne e dobar lider, ili reformator naprotiv ,toj ima nekoja si svoja programa sto e ok.Ama gledano od Evropa podobro da pobedese Sekerinska, taka toa go gledaat i ligavite Evropejci, za izbegnuvanje na izolacijata sto sleduva.Za nas ke bese podobro Gruevski da pobedese koga ke bevme vo Unijata.Dotogas Gospt neka ni e napomos.....
Од: D.S.
Датум: 06.06.2008 15:15:06
Mnogu e pogresno vaseto tumacenje deka Gruevski go nasol nacinot kako da vladee so MK. Takvi mislenja imaat samo ostatocite od komunizmot zatoa sto tie fakticki vladeeja a ne i pomagaa na MK. Gruevski znae i ima nacin kako da go izvadi ovoj narod od politickata a i ekonomskata beda koja ja dobi so vladeenjeto na ostatocite od komunistite. Gruevski e ocigledno deka se grizi za svojot narod, a ne kako levicarite koi se borat za da go koristat narodot za svoi blagodeti. Toj i pokojniot predsedatel Trajkovski se edinstvenite makedonski politicari koi pokazale deka ja sakaat i sakaat da i pomognat na svojata tatkovina. Narodot ne e slep. Vie mozete bilo sto da pisuvate, no nikoj povece nema da veruva vo takvi frazi. Krajot e blisku. Povicite za novi vizii se jasni. Ili grizete se i vovedete ja MK vo trend so demokratskite i moderni opstestva ili sosema ce ve snema. Respekt kon narodot sekogas dava pozitivni rezultati, a lazenjeto negativni.