Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Американска историја

Димитар Чулев

Мартин Лутер Кинг може конечно да почива во мир. Неговиот сон дека „...еден ден на црвенкастите ритчиња на Џорџија, синовите на некогашните робови и синовите на некогашните робовладетели ќе седнат на заедничката маса на братството... дека моите четири деца ќе живеат како припадници на нација која нема да им се суди според бојата на кожата, туку според заслугите“ се оствари.

Во годината кога се одбележуваат четириесет години од убиството на Мартин Лутер, еден друг Црнец и сенатор од Илиноис, Барак Обама, обезбеди номинација за иден американски претседател од редовите на демократите. Без разлика на исходот на ноемвриските избори, определувањето на демократска Америка за Афроамериканец во Белата куќа е повеќе од тоа што можел да го отсонува легендарниот борец за правата на Црнците.

Дефинитивно тоа е показател дека Америка се менува (што беше и изборниот слоган на 17-месечната кампања на Обама) во правец во кој се уриваат последните белези на некогашната расна сегрегација во најнапредната демократска држава, а напредокот во областа на човековите права е огромен. Двата демократски кандидати, Обама и неговиот женски ривал Хилари Клинтон, на Американците им понудија визија која ги води САД над половите поделби, над класите и над расите и направија огромен исчекор во правец на зближување на луѓето. Милиони бели гласачи и жени го дадоа својот глас за Обама, исто како што милиони Црнци и мажи сметаа дека поранешната „прва дама“ на Белата куќа, Хилари, може да застане на кормилото на Америка како претседател.

Со ова демократите практично ја освоија либерална Америка.


Статијата е прочитана 1151 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 06.06.2008 01:30:36
crncite vo amerika neka mu palat sveka na fidel kastro kastro bese prviot lider koi crncite gi izednaci i posle toa amerikancite bea prinudeni postepeno to da go pravat, no sepak nikogas nema da ja prestignat kuba zasto vo amerika sekogas ke ima rasisti.
Од: mitko so svoite surovi razmisluvanja
Датум: 06.06.2008 02:14:56
Na zalost ne ni odgovara sveziot i intelektualen crnec, tuku matoriot bel fosil koj svoevremeno letal desetici iljadi kilometri samo za da gi bombardira porobenite narodi koi se borele za svojata sloboda.
Од: borce devicanec
Датум: 06.06.2008 07:57:26
Pocituvani dime cule, cekaj i ne brzaj. So Barak Obama ne e zavrsena rabotata. Ce vidis sto ce se sluci vo Demokratskata USA, vo koja do sega od nejzinoto postoenje imalo samo 5 i so zborovi pet crnci senatori.
Од: jovan
Датум: 06.06.2008 08:12:34
Neznam zosto ,ama se mi se cini deka beliot starec ke pobedi.
Од: skopjanec
Датум: 06.06.2008 08:42:03
Sekade vo svetot ima nesto sto se menuva, samo Makedonija tapka na mesto. Moze li covek da zamisli predsedatel na RM da bide na primer Rom. Nikogas toa nema da se sluci. Zosto vo Makedonija ima pogolemi racisti nego vo Amerika. Srekno za Obama.
Од: Gospod
Датум: 06.06.2008 09:04:52
I jas imam eden son, Makedonija da granici so drugi drzavi - ne samata so sebe. I jas imam eden son, Site MAKEDONCI gordo i slobodno da ziveat zaedno, da delat ista sudbina i da se druzat. I jas imam eden son - Orelski krilja . . . . .
Од: Republikanec
Датум: 06.06.2008 10:39:12
Obama samo izgleda deka e popularen,koga ke se bira pomegju nego i J.Mc Cain razlikata ke bide drasticna.Zarem aftorot na textov misli deka kapitalot vo USA i nadvor od nea trpi vakva "gandievska"politika kava shto nudi Obama,takov luxuz Amerite ne mozat da si priustat. Long live republicans!!!
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 12:17:12
Тоа е и мојот сон Амин Господе,сите Македонци во една Македонија.
Од: Pajo
Датум: 06.06.2008 16:57:04
Kakva demokratija sakame, koga i nasite novinarski pera (kako potencijalni rakovoditeli na liberalnata misla) seuste se fateni vo rasnite i kulturoloski zamki. Vo Amerika nema Crnci, ima Afroamerikanci, vo Makedonija nema Siptari, ima Makedonski Albanci, nema Cigani ima Romi, nema Firomci ima Makedonci. Pocnete so demokratijata vo sopstvenite redovi dragi novinari i ovozmozete mu na norodot da se samoopredeli kako da bide narekuvan. Loso ke pominete ako vo Amerika na nekoj Afroamerikanec go narecete Black ili Negro. Pozdrav od USA

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim