Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

И МВР ја оплеска

Даниела Трпчевска

Македонија сама си удри шлаканица во неделата. Не ни почекавме некој друг да не' искуди за валканиците, за примитивното однесување и безобразлакот што излезе на виделина за време на гласањето на дваесетина избирачки места.

Не треба ниту некој да ни ја кубе косата и да ни вперува прст пред очи за да не' искара што не научивме ниту една лекција по демократија. Сами се казнивме. Сега сме подалеку од НАТО и од Европа отколку што можевме некогаш и да претпоставивме.

За тоа колку е оплескана работата говорат над седумдесетте кривични пријави за изборните инциденти кои се случија на неделните избори, а кои полицијата ги поднесе за само четири дена. Тоа е само едниот дел од обврската која меѓународната заедница и' го постави како услов на власта. Таа не само што ќе треба итно да расчисти со силеџиите што го нарушија изборниот процес, туку ќе треба да ги открие и да ги санкционира и „лошите момчиња“, кои место да го штитат законот, штителе партиски интереси.

Поради огромниот притисок од јавноста, но и по острите забелешки што ги упати амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, првите луѓе на МВР ќе мора да ги посочат виновниците во своите редови, кои го доведоа во прашање угледот на земјава. Паралелно со апсењето на партиските тепачи и полначи на кутии, ќе треба да се обелоденат и луѓето во униформа кои ги штителе, прикривале или учествувале во изборните малверзации. Па, дури и оние (доколку има такви) што мирно стоеле и не реагирале додека се полнеле кутии со веќе однапред подготвен материјал ќе треба да си понесат свој дел од вината што не го спречиле криминалот кој се одвивал пред нивните очи.

Досега за само тројца од нив се најавува отказ поради учество или планирање изборни инциденти. Но, најверојатно, ова не е конечната листа на виновници. МВР се' уште бара цврсти докази за да ги суспендира своите „одметнати припадници“, поради што не се знае точната бројка на полицајци кои ќе бидат суспендирани или ќе добијат отказ за оцрнувањето на својата професија. Сепак, и покрај забелешките за однесувањето на дел од полицијата, нивната шефица смета дека потфрлиле политичките лидери, а не полицијата која во најголем број чесно ја завршила својата работа. Првата полицајка Гордана Јанкулоска деновиве одговорноста ја лоцираше кај политичките лидери кои не го зауздале своето членство. „Потфрлија политичките лидери, чии членови и симпатизери не ги почитуваа насоките дадени и од политичките раководства и од меѓународната заедница“, е ставот на министерката. Аналитичарите, пак, го вперуваат прстот на вината кон полицијата која, според нив, не само што не помогнала во спроведувањето фер и демократски избори, туку демонстрирала дека и покрај реформите, се' уште е само партиска полиција.

И додека двете страни се препираат кој е виновен за пукањето и полнењето кутии, во изборниот тефтер ова гласање ќе остане забележано како најсрамно и најкрваво, при што едно лице го загуби животот, а десетина беа повредени. Како што вели претседателот на Хелсиншкиот комитет Исо Руси, во неделата не се знаеше ниту кој пие, ниту кој плаќа. Ниту кој полни кутии, ниту кој ги краде од пред очите на меѓународните набљудувачи.

Но, она што е најматно во целата ситуација е што се' уште не се знае дали „ебрите“, „алфите“ и другите полициски единици, кои во рекорден број беа распоредени на гласачките места, во неделата го штитеа законот, беа неми набљудувачи на изборните нерегуларности, или можеби се ставија на страна на партиските интереси. Полицијата во 15 јуни има шанса да си го обели образот. Дотогаш ќе треба да се исчисти од партиските структури во своите редови, да ги казни оние што сееле страв на избирачките места и да создаде клима за фер и демократско прегласување на местата на кои искршените и украдените кутии ќе се заменат со нови.


Статијата е прочитана 1013 пати.

Испрати коментар

Од: sramota
Датум: 05.06.2008 18:46:21
dobro de zosto ste volku protiv vlasta zosto zosto zosto
Од: Pirin
Датум: 06.06.2008 01:22:51
ne te procitav do kraj mi se zgadi od tvoite pisanki, zar mozes tolku da ja kodosis makedonija, od kade ti izleguvaat tie pogani kleveti , ako si sposobna togas poveli javise i ke bides dobre dojdena a ne vaka pogano da pisuvas, seto ova sto se slucuvase bese nekoe scenario za destabilizacija na makedonija no sepak bese samo na lokalno nivo, moze ti sakase nasata policija da pocne da puka vo niv a tie toa go posakuvaa, vo takvi pukotnici nikade vo svetot i niedna policija vednas ne prezema nisto, cak na zapad i edna obicen napad na banka policijata ceka da otide provalnikot pa posle prezema akcija.
Од: Mакарие
Датум: 06.06.2008 01:36:28
Е, е луѓе божји зарем таков наслов заслужува нашата полиција? Зарем не гледате колку луѓе поопаси, претепа, измалтретира? Како се справува со криминалот, корупцијата? А вие таков омаловажувачки наслов! Нема смисла. Па таа, уште две - три години, додека испливаат нови помпезни, спектакуларни приведувања, ќе истражува, ќе презема истражни дејствија итн. Полека, има време, преродбата само што почна по втор пат...
Од: blagojce
Датум: 06.06.2008 03:32:53
ocigledno urednicite imaat protiv vlasta a kazete vie, sto trebase da pravat,kako da napravat da e se vo red,lugje se razbiraat so zbor kako so nemase incidenti od makedonska strana a od drugata strana neznam kako moze da se razberat... ama dobro e sto nema zrtvi od makedonskata strana a od albanskata ako sakaat neka se iskolat.Pozdrav od STRUGA
Од: jimmy1
Датум: 06.06.2008 09:04:49
Sto mozi poveke da ocekuvame koga policijata ni e partiska, a na uniformite nosi drzaven simbol?????
Од: tome
Датум: 06.06.2008 09:34:29
Komentarive gi ostavam bez komentar, ispod seko nivo. Vo vojskata i policijata nema mesto za politika ili za pomaganje vo ostvaruvanjeto na partiskite celi. RM mora toa da go rasčisti a sega ima prava prilika nešto od toa da stori. So krvavite izbori vo nedelata posramena e cela Makedonija a ne samo Albancite vo Makedonija. Ugoden den na site,
Од: nabluduvac
Датум: 06.06.2008 09:38:32
jas sum albanec i ne mozete da me tretirate kako SDSM-ovec, no definitivno na nekoi glasacki mesta policijata potfrli (sekoja cest i dlaboko izvinuvanje za pogolemiot del od MVR koi bea na visina na zadacite). na 1 juni del od policijata i od drugite edinici na Mvr bea aktivni "siluvaci" na izborniot proces. Ne treba nikoj licno da gi svati kritikite do Vlasta , uste poveke taa e dobredojdena za nas obicnite gradjani bidejki doprinesuva za podobro funkcioniranje na pravnata drzava, ednas za sekogas da se stavi kraj na vakvite violentni odnesuvanje vo idnina
Од: d-dorf
Датум: 06.06.2008 10:21:08
Se slozuvam so pogelemiot del na " KOMENTATORITE " Da vo pravu ste? (HAHAHA )samo ne napisavte zosto ne e vistina sto napisa Gos.Trpcevska. Do koga ke ja ignorirame vistinata sto ni se slucuva-TOA SME NIE, nasata vistina, i netreba da begame od nea , pa makar nee e vo pricip so nasta partiska pripadnost. Naviknavme da mlatime prazna slama, po sekogo i na sekade, ocite gi zatvarame pred vistinata. Vo potpolno se slozuvam so napisanoto ,i sekoja cestitka na avtorot za statijata. Slakanicata ima da ne boli so godini, veruvale ili ne !!!!!!! Ubeden sum deka posledniot voz sto ke ne odnesese vo EVROPA e zaminat,a bez evropa sme izgubeni vo svemirot, ke ne NEMAAAAAAA,a ke ne progoltat besnite kobili sto gi otvoria ustite, i samo cekat ( daj boze da ne sum vo pravo)
Од: Mina
Датум: 06.06.2008 14:22:52
Dosta so napagjanje na vlasta,zarem nemase da se sluci istiot incident i Sonce da pobedese?Se ke bese isto i poloso mozebi.Neka si dadat ostavka site lideri na partiite i neka dojdat luge sto se razbiraat nesto vo politika,demokratija i vodenje na partii po prav pat a ne so kriminal,ubivanje i zaplasuvanje.Kako da sme vo Zimbabve.
Од: A.Nikolov.
Датум: 06.06.2008 14:59:43
Ovie predvremeni izbori za Makedonija bea najgolemata shteta vo istorijata.Iako moze da se napravi sporedba so ilindenskoto vostanie 1903 godina.Mozeshe vladata na diktatorot da pricheka barem chetri do pet meseci za predvremeni izbori.Sto napravi taa shto vo nekolku komentari go imam spmnato.Napravi golem pogreshen ulog ili na nashinski kazano samo za edna kremenadla zakla cel VOL.E sega ajde da gi viodime kako ke ne izvadat od ovaa kasha ili se resheni celosno da ja unishtat drzavata.Eve sega ke imat odvrzeni race i ke imja doznaeme koja im bila ceklta.Samo se plasham da ne e veke kasno.
Од: citatelot kiril
Датум: 06.06.2008 15:46:07
ovaa e podgotovka za golema ALBANIJA zarem tolku ste slepi ili ste prodadeni.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim