Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени

Интересот за летување во Грција е драстично намален. Граѓаните ги бираат Турција, Бугарија, Хрватска

Нина Нинеска - Фиданоска

Турција и Бугарија, а може и Хрватска, наместо Грција. Ваква замена одлучија да направат најголем дел од македонските граѓани, избирајќи ја својата дестинација за годишен одмор за оваа сезона. Туристичките работници велат дека за ова лето е драстично намален интересот за грчките плажи, како последица на ветото во Букурешт. Но, дел од нашата популација, сепак, одлучи да летува во Грција. На песокот кај нашиот грчки сосед веќе се сончаат втората група македонски туристи.

Првите луѓе на туристичките агенции во земјава велат дека оваа сезона најмалку за 50 - 70 отсто е намален интересот за летување во Грција во споредба со претходното лето. „Порано сезоната ни почнуваше веќе од 25 мај, кога се полнеа автобусите за Грција. Сега го нема тоа “, се жалат дел од туристичките работници. Но, додаваат дека интересот, иако срамежливо, сепак, секојдневно се зголемува.

Некои од нашите туристи кои ќе сакаат да заминат на одмор во Грција ќе треба да платат и нешто повисоки цени за аранжманите отколку претходните години, и тоа за околу 10 отсто.

Но, сите претставници на туристичките агенции со кои контактираше „Утрински весник“ се едногласни во тврдењето дека наидуваат на максимално добра соработка со грчките партнери. И тие, свесни дека политиката му нанесува големи штети на бизнисот, гледале колку што може покоректно да се договорат со нашите агенции, само со цел да се најде начин да продолжат да доаѓаат барем дел од туристичките групи од Македонија. Токму од тие причини и не барале стриктно договори за фиксен закуп, туку се согласувале и на поединечни аранжмани.

„Грчките партнери целосно ни излегоа во пресрет за Велигден и за 1 Мај, кога ги откажавме аранжманите. Тогаш откажавме речиси 95 отсто од аранжманите. Тие до денар ни го вратија капарот, така што не изгубивме практично ништо. Истото искуства ни ги пренесоа сите туристички агенции во земјава“, вели Миле Спировски, сопственик на туристичката агенција „Турист“ од Битола и претседател на Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија - АТАМ.

Според него, во пресрет на летната сезона, претходната неповолна ситуација веќе почнува да се нормализира. „Веќе има наши граѓани кои летуваат во Грција. Според сознанијата од одредени агенции, веќе се заминати туристи на Халкидики и на Тасос, како и на ривиерата под Олимп. Навистина е намален интензитетот на туристите, но може да се каже дека тој секојдневно се зголемува“, вели Спировски.

Тој децидно ги демантира шпекулациите што се проширија во земјава дека, наводно, одредени грчки сопственици им рекле на нашите агенции „ви го враќаме капарот, не ни требаат ни пари, ни вашите туристи“.

„Тоа е апсолутна невистина. Такво нешто не сум слушнал од ниту една од нашите членки. Напротив, имаме одлична соработка со нашите грчки партнери. И нив и нас не не' интересира политика. Сега и тие и ние вадиме жешки костени и правиме се' за да се нормализира туристичката соработка. Токму од тие причини некои од нив не бараат договори на фиксен закуп, туку колку ќе продадеме аранжмани, толку да им платиме“, потенцира Спировски.

Според него, ова е причината што кај дел од аранжманите може малку да се зголемат цените, за околу 10 проценти. Имено, грчките партнери не инсистираат секогаш на фиксен закуп, но во тој случај мора да нудат апартмани по повисока цена, бидејќи имаат помала сигурност.

Спировски вели дека некои од нашите агенции, сепак, си останале на фиксниот закуп, во очекување дека ќе има доволно туристи за Грција.

И Стеван Пешевски, менаџер на туристичката агенција „Савана“, нагласува дека интересот за летување во Грција е ограничен. Според пресметките, тој е намален за 50 - 70 отсто во споредба со претходните години. „Граѓаните сега најмногу ја бараат Турција, но и Црна Гора, Хрватска и Бугарија“, вели Пешевски. Во врска со цените на аранжманите со Грција, тој вели дека тие најмногу ќе зависат од видот на договорите со грчките партнери. Пешевски, исто така, демантира дека, наводно, грчките партнери не сакале соработка со нашите агенции и им ги враќале парите. „Тоа воопшто не е точно. Тоа се конструкции. Ние со тие луѓе работиме веќе 20 години и такво нешто не се случило“, потенцира Пешевски. Тој додава дека веќе има гости во Грција и досега никој не се пожалил на ништо.


Статијата е прочитана 2458 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 06.06.2008 00:57:57
Sekogash ima prodadeni dushi. Sramota, ne mozhat da izdrzhat nitu edna godina da ne otidat u Grcija. Izdrzhete, pokazhete barem malku edinstvo. A na Grcite kje im prostime posle edno 100 godini, kako i na Turcite shto im imame prosteno, ama do togash, neka ostetat malku i Grcite deka ne gi sakame takvi kakvi shto se momentalno - agresivni zaslepeni nacionalisti.
Од: mk
Датум: 06.06.2008 01:06:12
osvestete se Makedonci !!!! pa zar ne vi e dosta ponizuvanjeto od niv i pak i se butkate tami i im gi polnite dzepovite. sram da vie predavnici,prodadeni dusi nemate ni malku cuvstvo za svojata zemja.
Од: veronika
Датум: 06.06.2008 01:19:33
Vakov glup makedonski narod so prodadena dusa mozebi ne treba ni drzava da ima.
Од: Branko Stockholm
Датум: 06.06.2008 01:27:18
Jas nikako ne mnozam da se nacudam na nasite gradjani kako mozat da otidat na letuvanje vo grcija vo denesno vreme koga Grcite plukaat po nas ni se cini deka vrne. Za tie pari podobro e da se odi vo Albanija, Crna Gora ili Hrvatska kade sme postuvani i kako turisti i kako narod.
Од: Makedonka od Toronto
Датум: 06.06.2008 03:48:52
Ne mozam da si go razberam svojot narod. strpete se bre luge, gledate li deka tie i predsedatelot ne go pustaat da vleze so avion so makedonsko obelezje, a vie uporno se dodvoruvate na na nasite najgolemi neprijateli
Од: vrves
Датум: 06.06.2008 07:17:24
Pred okolu 20 godini sum vraten od grcka granica zatoa sto se deklarirav kako makedonec a ne kako jugosloven.Bi sakal da otidam no imam receno se dodeka grcite ne ne prifatat kako ramnopraven narod na zemjava ne bi otisol.Toa e pogan narod,a uste polosi za nas makedoncite se nasite lizigazovci.Eden sovet aku veke mora da se odi togas treba da se bara smestuvanje kaj nasi luge makedonci barem na niv da mu gi davame parite.Odnosno na onie grcki gragjani koi ne pocituvaat kako narod.Samo mislam deka i bezbednosnata sostojba za nas vo grcija e zagrozena.Zatoa site na odmor vo Ohrid,Prespa ,Dojran,Berovo,Mavrovo i sekade kade sto ke mozime da se odmorime od toa sto se prerabotivme vo izminatava godina.
Од: mila
Датум: 06.06.2008 07:58:44
Dodeka vaka se odnesuvame nema da imame drzava. Dajte i nie da im pokazeme na grcite deka mozeme bez niv. Tie zavisat od turizmot. Tie se sto treba da popustat. no nie sme prodadeni dusi.
Од: sonja
Датум: 06.06.2008 08:01:36
a tebe makedonkata od toronto da te prasam na kogo ti mu se dodvoruvas.Ako bese za makedonija sto ne si ostana ovde nego otide vo kanada.Ne tuku prodavajte pamet,nego dojdi i sedi si ovde i nemaj si sansi da mrdnes bilo kade.zosto ti otide vo kanada?
Од: Makedonec od cel svet
Датум: 06.06.2008 09:31:21
Sonja, takvite kako Makedonka od Kanada napravija poveke za MKD otkolku vie vo MKD. Za tie sto odat vo grcija nemam komentar " ovci". Pozdrav od cel svet
Од: Goce nikoloski
Датум: 06.06.2008 09:33:47
I porano napisav i sega poftoruvam drzavata treba da se spravi so vakvite predavnici i ne-poslusni grajdani a od druga srana bogati i prodaeni dusi, treba na granica da mu se udri danok na ime unapreduvanje na Makedonskiot turizam ili bilo koe drugo ime. Ova da se slucuva vo atina i da e obratna situacijata tie ke gi obesat predavnicite.Gruevski vreme e za resitelni potezi.
Од: Тони
Датум: 06.06.2008 09:35:43
И јас ја споделувам огорченоста на нашиот народ спрема шовинизмот на Грција. Имам малечко дете и морам да признам дека плажите во Грција од аспект на далечина и комодитет се идеални за деца. Но, сепак, ова лето барам друга дестинација за одмор. Нека почувствува нивниот северен дел малку по џебот, за кој што сум убеден дека е најшовинистички расположен спрема Македонија. Сум имал прилика да шетам по многу нивни острови и знам дека на тие места луѓето не се оптоварени со политика како во северниот дел.
Од: vladimir
Датум: 06.06.2008 09:46:38
taka e braka makedonci - patlidzan turisti, da vi e ubavo na dushata na vas, sto e bitno kade ste so koj ste, a koga ke se vratite najgolemi patrioti i borci ste za makedonija. SRAMOTA!!!!!
Од: itar pejo
Датум: 06.06.2008 09:51:20
ne odete kaj dushmanot! ne go hranete dushmanot, zas toj ke bide posilen!
Од: Jimi
Датум: 06.06.2008 10:08:10
Ogromna poddrska za mnoguminata makedonski heroi koi povtorno se odlucile da odat na odmor vo Grcija. Isto taka ogromna poddrska za site makedonci koi sto ja izlegle od Makedonija i otisle da o go belat obrazot kako znaat i umeat niz cel svet. Poddrska i za site makedonci sto ostanale vo Makedonija, konecno da izlezat od Makedonija i tamu da bidat makedonci, a ne vo Makedonija. Da bides makedonski patriot, vnatre vo Republika Makedonija e bezvredno!
Од: zozo
Датум: 06.06.2008 10:16:51
Ne odete tamu. Zagrozena ni e bezbednosta. Jas edvaj izlegov zhiva glava i ne zaglaviv vo grcki zatvor zatoa sto na soobrakjaec mu kazav deka sum Makedonec!!! A i kjotek kje dobiev. Nikogas povekje vo grcija!!!
Од: Варна
Датум: 06.06.2008 10:25:24
Се игнорира фактот дека македонските туристи имаат наjубавите плажи - на Црно море од Кардам до Резово се е нивно. Па некоj ден може и на Бело море да одиме на наши плажи, без да влегуваме во Грциjа или Турциjа.
Од: eden
Датум: 06.06.2008 11:23:34
Да и јас се сложувам дека не треба да се иде во Грција. Али и муабетите да се иде во Охрид, Маврово (или ти се молам) Берово не држат. И тоа охриѓаните не заслужуваат да им се отиде. За мои пари ми се понашаат како газди. А што се однесува до МАврово и Берово да, али во зима, освен ако не си фока па да можеш да се бањаш во ледено студена вода, да да нејќеш да седиш на топла песочна плажа,
Од: Goran
Датум: 06.06.2008 11:39:53
Ova e tipicen primer deka del od lugjeto kaj nas nemaat nikakov karakter! Pozdrav, Goran
Од: makedonija-zasekogas
Датум: 06.06.2008 11:41:26
Dodeka Grcite Atinjanite samo ni pravat sopke-kako najnovata so pretsedatelot i sletuvanjeto so vladiniot avion za pretstojniot samit nie gledame kako da izvadime vizi za da im gi polnime dzebovite.Najuspesna nasa sopka ke bide koga nieden ama bukvalno nieden nema da letuva tamu.Ama kaj nas to tesko.Ne razbirame nie deka slozen narod e najdobrata odbrana protiv site napadi
Од: Sramota
Датум: 06.06.2008 12:02:51
sramota,kaj vie dostoinstvoto Makedonci,samo kolku pari godisno mu ostavate na Grcistata ,namesto tie pari da gi trosite Vo Makedonija,50milioni evra nee malku na godisno nivo,koj paradoks,oni ne te priznavaat za narod i a vie odite tamu.Sramota zasramete se.
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 12:07:59
Мир Македонци и сите одајте во Грција,ти од Торонто,и ти да појдеш не е убаво во Канада сум била и видела,од Македонија нема земја поубава,ама знаеш Македонија цела,а нашиов македонски народ што сака да оди на одмор не е оди во Грциа оди во нашата Беломорска Македонија,напред Македонци сите во Македо��ија на Македонците,имате дозвола од мене одете.Јас ме заглавија финансиски инаку ке одев кај мојата беломорска сестра Македонија,здравје вгодина кога ке биде цела.
Од: македонец
Датум: 06.06.2008 12:10:16
90% се Скопјани што летуваат во грција, тоа се луѓе што не знаат за нацоиналност, јазик, држава, опстанок, нација? Тоа се луѓе предавници на сопствениот народ! Па ако ја сакате толку грција што не останете тамо? Или прашај ја бабати како била протерана од лерин, кукуш, солун, како биле масакрирани деца , старци, крвнички силовани и убивани на душмански начин. Страм да ви е ! и на ДУШАТА да ви тежи крвта македонска пеолеана во егејска македонија.
Од: Boshko
Датум: 06.06.2008 12:13:18
Gospod da chuva,nekoj ti gi vadi ochite a Ti mu davash leb da jadi. Znachi nie sme ti naj sebichnite luge na svetot. Treba vlasta da zabrani odenje na izleti kaj fashistite. Narode nash osvesti se barem edna godina ne odete kaj niv.Odete vo Crna Gora Hrvatska i duri i vo Albanija no samo ne kaj fashiatite.
Од: TeRmiT
Датум: 06.06.2008 12:35:23
Ako, ako odete tamu ama ne zaboravajte da vi se ispusti deka ste Makedonci.Neka ve plukaat i omalovazuvaat vo sekoj dukan i vratete se povtorno zadovolni.Zarem nemate gram dostoinstvo site vie koi pokraj se odite vo taa ciganska zemja na odmor i si gi ostavate macno zarabotenite pari na tie necivilizirani krapinci.
Од: macedonian in uk
Датум: 06.06.2008 13:18:34
citam i ne mi e verno ednostavno em tepani em maltretirani,negirani i neznam so uste se i pak tamu so sorta ke bevme nie makedoncite bog da cuva bajki edni....!!!!
Од: se cudam
Датум: 06.06.2008 13:18:53
Citam i se krstam. Jas izgleda ziveam na druga planeta. So dve plati i cetiricleno semejstvo mozam da odam na odmor dva dena na Matka. Ne znam za kakov odmor zboruvate (Vo Grcija, Hrvatska, Crna Gora, Bugarija, Albanija). A bre luge poglednete okolu sebe, gladni na sekoj cekor i nivniot broj e od den na den se pogolem.
Од: strumica
Датум: 06.06.2008 13:26:21
Stvarno ne mozam da se iznacudam na fobicnosta koja ja pokazuvate bre luge.Site ste se nafrilile na onie sto resile da odat vo grcija na odmor so uredna viza i so MAKEDONSKI DOKUMENTI .Lugeto otisle nemale neubavo iskustvo so Grcite tamu i gotovo.Daj malku pozanimavajte se so BUGARSKITE STUDENTI I BUGARSKITE PASOSI.istorijata ke pisuva za toa .Kolku makedonci se pisale BUGARI a ne kolku Makedonci kako MAKEDONCI otisle na grckite plazi.so taa brojka Grcija nema da ja unisti Makedonija a bogami so brojkata za bugarskite pasosi i drzavjanstva mnogu brzo ke se javat drugarite od stranata i so brojki ke na unistat koga ke ispadne deka polovina makedonci se izjasnile kako bugari od kogo togas ke ja branite Makedonija
Од: dragan
Датум: 06.06.2008 13:39:45
mnogu glupavi ludje ima , nema sto. Posle kog im se sluci nesto pak placat kako bile maltretirani . Zosto ludjeto ne mozat da svatat deka tie atinjani ne ne sakaat i tocka. neka razbere mk narod vece ednash. A za site ostanati treba da imaat vo predvid deka na jug Makedonija ce ima samo odno golemo prostranstvo koe ce bide zabraneto za nas. Sporot koj si go imaat grcishtata mnogu godini ce gi jade. Treba da se svrtime na drugite tri strani sakajci go toa ili ne.
Од: zoran
Датум: 06.06.2008 13:47:24
luge, ima da bide strasen rat so grcija .pribidejci ona za nas e vele sila ce ne sramnat so zemjata. a pederi se makedoncite sto odat vo grcija.a i na narodot nikoj ne mu e kriv koga ne znaat nitu vlada da odberat. sega nikola (carli caplin)pratete go vo atina neka go ebaat malku .on nemoze siromaot makedonski da zboruva a kamo li drug jazik .pederu da ti ebam se
Од: danska
Датум: 06.06.2008 13:54:15
Demokratsko i licno pravo e na sekoj koj saka kade da odi(ako moze)...a tia sto odat vo Grc pa kade na drugo mesto za isti pari da odat???Bug,Tur,Hrv,C.G.ili nemat kvalitet ili se poskapi...a tie sto mislas nie vo svet sme se prodale pa sto da pravev so zavrsen fak. cekav 11g.ponesposobni od mene stanaa direktori,trebav da odam na pazar da maknam gajbi da preziveam...ne fala...ovde sum gradjanin od vtor red da no nesum gladen, nese mrznam i odam na odmor 3-4pati godisno....neka vleze Mak vo EU neka ima rabota utre ce se vratam....grckite ostrovi se prakrasni...ubavo da si pominat onie koi ce odat vo Grc....
Од: od mene
Датум: 06.06.2008 14:10:26
"Bravo makedonci samo napred". I vie ste znaele sto znaci da se ima i neguva navionalno custvo. Bravo OVCI. Ama sekogas e taka, duri ima ovci ke ima i volna. Ne ponizuvaat bezmilosno, a vie ste zapnale dzebovite da im gi polnite. SRAMOTA.
Од: mico
Датум: 06.06.2008 15:16:36
samite turisticki agencii treba da gi otkazat arazmanite u grcija, a ne tuka da mi izigravat nekoi kosmopoliti i liberali. koga nekoj ke gi prasa imas li aranzman za grcija treba da kazat ne! a vie novinarite naredniot pat prasajte gi zosto ne gi otkazat arazmanite u grcija? u cel svet burzoazijata e taa sto gi brane drzavnite ineresi zatoa sto celiot profit go vadi od taa drzava a ima i bezbroj privilegii i beneficii od samata drzava. kaj nas burzoazijata e prva sto ode na odmor u grcija, a spie koga treba da se brane drzavata. ke ve molam vas novinarite malku da gi rastresete agenciite da otkazat arazmanite a ne da mi izigravat nekoi primadoni tuka kako da oni ne se makedonci. poplukajte gi i niv malku. pa neli se oni prodavat za malku grcki pari. zmijata ne se udara po opaskata t.e. narodot udrete po glavata t.e. agenciite.
Од: Alexandar
Датум: 06.06.2008 15:22:58
Toa sto se'uste nasi ludje odat vo Grcija, pokazuva kolku se odnesuvame mazohisticki. Pa posle seto ova sto ni go pravi Grcija, ne treba ni eden gradjanin ni da pomisli da letuva vo Grcija, a kamo li da patuva. Zar ne mozat tie nasi predavnici da odat vo Ohrid, pa vo Crna Gora, Hrvatska i sl. kade sto moreto e vistinski mediteransko i kade sto ne' primaat so otvoreni srca. Do koga ke postojat vakvi mazohisti vo Makedonija? Dodeka ne ja unistime drzavata? Mislam deka site vladini i nevladini institucii treba da prezemat najsilna mozna propaganda za da se spreci patuvanjeto vo Grcija.
Од: BT
Датум: 06.06.2008 16:24:09
Se povikuvaat site Makedoncinja da gi napagjaat slednite letuvalista: Leptokarija, Pevkohori, Katerini, Paralija, Stavros, Platamona, Nei Pori, Hanioti, Tasos, Zakintos i t.n.Koj moze neka stisne zabi i hrabro za Portokaras, Rodos, Krf i ostanatite elitni grcki letuvalista.( neka vidat Grcistata deka ne sme site nie goltari) .Izdrzete hrabro i ne se plasete , ne e se taka crno- za 3 saati si na more, baska ni mesoto ,lebot nema da vi se odmrzne, a i patlidzanite nema da vi skisnat do tamu.Vazno !!!! Pred trganje ! za da ja zgolemite vasata sansa od 20% do 21.5% za vadenje visa cekajte uste odvecer pred Grckata Ambasada , more ako treba za inat i pred den - dva so kebe ili jambolija , obavezno da naracate tulumbi ekleri ,boza od slatkarata sto e sproti ambasadata za da se pocastat sluzbenicite , sto mozebi malku ke go ublazi psihickoto maltretiranje , no ako ne pomogne toa , ich da ne vi e gajle , ne im obrakate mnogu vnimanie prajte se na udreni ili deka ne gi razbirate mnogu , izdr

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim