Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ДИК заглави со приговорите на ДПА

Времето е прекусо за сериозно да се разгледуваат приговорите на другите партии и коалиции

Катица Чангова

Државната изборна комисија вчера „заглави“ со приговорите на Демократската партија на Албанците. Седум часа потроши врховното изборно тело детално занимавајќи се само со приговорите на ДПА, која беше незадоволна од гласањето во 131 гласачко место.

Со оглед на истекувањето на законските термини за разгледување приговори, вчера во 19 часот, веќе постоеше сомневање дека ДИК или нема да успее да ја заврши работата, што би било скандалозно, или дека ќе „претрча“ преку приговорите на другите партии и коалиции. Коментарот на ДИК што ќе се случи ако ги пробие законските тајминзи беше лаконски: „нема одговори пред да заврши рокот“.

Партијата на Мендух Тачи поднесе 15 приговори кои се однесуваа на нереални разлики во гласовите, на полнење гласачки кутии, на недостиг од оригинални записници и печати на ливчињата, гласање под притисок, групно гласање или гласање во име на друг. ДПА приговараше за изборите на некои локации во Јегуновце, Зајас, Осломеј, Гостивар, Кичево, Теарце, Пласница, Врапчиште, Брвеница, Бутел, Сарај, Чаир, Студеничани...

За да донесе мериторна одлука, ДИК ги прифаќаше барањата на членовите и на овластените партиски претставници за јавен увид во обемниот избирачки материјал од одредени гласачки места. Тоа беше причина за арчење на драгоценото време додека во собраниската сала се донесат ќесите за избирачкото место. Притоа стручната служба на ДИК броеше гласачки ливчиња и ја проверуваше веродостојноста на избирачкиот материјал.

Вчера до затворањето на весникот се' уште не се знаеше што ќе се случи доколку ДИК го пробие рокот и не ги отвори приговорите на коалициите и на политичките партии онака како што го направи тоа за ДПА.

Со гласање ДИК донесе одлуки за поништување на гласањето на некои избирачки места, меѓутоа дополнително ќе се знае дали ќе се прегласува на 15 јуни. Од ДИК објаснија дека ќе се повтори гласањето само таму каде што ќе проценат дека има влијание на изборниот резултат, односно на пратеничките мандати.

Државната изборна комисија до вчера во 19 часот требаше да разгледа 59 приговори. Под претпоставка да ги прифати сите, тогаш гласањето ќе биде повторено на повеќе од 300 гласачки места во Првата, Втората и Шестата изборна единица. Тоа би имало влијание на изборниот резултат, односно на пратеничките мандати.

С��оред евиденциите, ДУИ поднесе 13 приговори за 139 места, ВМРО-ДПМНЕ има 28 приговори за неправилности при гласањето на 65 избирачки места, а „Сонце - коалиција за Европа“ подготви еден приговор за гласањето на 38 избирачки локации.

Во овој број и:

ДПА најавува повлекување од прегласувањето


Статијата е прочитана 1106 пати.

Испрати коментар

Од: kumanovka
Датум: 06.06.2008 01:44:31
zosto zaglavila..pa neka rabotat toa im e rabotata zosto uzivaat 4 godini sekakvi benificii i zemaa golemi plati sega im e redot neka rabotat. No imam i primedba vo glasackitye odbori nastavale i mnogu rodnini barem vo Kumanovo
Од: jimmy1
Датум: 06.06.2008 07:50:34
DIK ako se prevedi na engleski znaci nesto drugo, mnogu znaete sto znaci. Pa kakvo ime takva rabota.
Од: neron
Датум: 06.06.2008 11:08:27
mislam deka DIK dobro ja zavrsuva rabotata no samo sto se lizna malku profesionalno , site znat deka vo O. Lipkovo nemase nikakvi problemi ili incidenti, nemase ni eden incident , se bese ok , glasanieto se odvivase noramlno , eden za eden se glasase, no za eden ili dva slicni potpisa da se unistat site tie glasacki mesta apsurdno je , no sto e ee .. no pak isto ce bide ili uste podobro ce bide . za opozicijata DUI da pobjedi so najgolem procent stvaren dosega... ve molam stavete go nacelo ovaa .. nemam protiv nikoj nisto ...
Од: Од Македонија
Датум: 06.06.2008 11:54:38
Мендух нека не бара прегласуванје,оти нема да има ни 13 пратеници,гардата му е во притвор.А,тоа за западниот дел сите гласаа за Алиа ,нека ги повлече приговорите подобро му е да не ги изгуби и тие што ги има добиено.Албанците се сите за ДУИ,тоа Мендух го знае ама му е срам да го признае.Кадалј Мендух.
Од: Do jimmy1
Датум: 06.06.2008 12:40:35
Go molam web-masterot da vnimava kakovi komentari objavuva.Jas ne pamtam ovoj jimmy1 da napisal eden kulturen komentar. Sto se zamisluva toj, deka samo toj znae i razbira angliski????? A kojznae i kolku znae. Kako prvo nema osnovna kultura, cesto negovite komentari mi smetaat i zatoa reagiram. Da se zasrami. Da odi da se prevospia nekade i nauci kako treba da se odnesuva i pokraj toa sto DIK ne raboti navistina kako sto treba. Izvini Jimmy1 , ama taka e!!!
Од: TETOVO
Датум: 06.06.2008 15:38:08
od kade se sobra tolku luge vo mitinzi ako se site so dui ke pobedi i toa ubedlivo ke videte sami MENDUH THACI e pravi gospodin koi zboruva samo od inaet zbori neka im je jasno na site deka pobedil i ke pobedi pak
Од: anonymous
Датум: 06.06.2008 15:58:53
druze vikat deka site albanci se za alia. Toa ne ke mozam da go prifatam. da ne bese toj alia nie odamna ke bevme vo evropa zaedno so slovenija zatoa sto potpisavme dogovor za stabilizacija i asocijacija vo 1998 godina. A ne sega lugeto da umiraat za parce leb. Sepak menduh e podobar ne se meas vo takvi raboti

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Словенија ја затвора „Кршко“
Со крвави раце во нови победи
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim