Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Словенија ја затвора „Кршко“

Словенија тврди дека имаше истекување вода, но не и на радиоактивен материјал

ЉУБЉАНА - Словенија во средата го почна затворањето на единствената нуклеарка во Кршко по протекувањето во системот за ладење, за што властите соопштија дека не претставува опасност за населението и животната средина. Во Брисел, Европската комисија излезе со тревога за радијација по инцидентот во оваа земја која во моментов го има ротирачкото претседателствување со ЕУ. „Во примарниот систем за ладење во нуклеарката во Кршко се појави загуба на течност за ладење“, во југозападниот дел на Словенија, се наведува во соопштението на комисијата. „Нуклеарката поведе постапка за безбедно затворање“, се додава во соопштението. „Нема опасност за луѓето или за животната средина“, изјави Маја Кочијанчич, портпаролка на словенечкото претседателствување со ЕУ. Имаше истекување на вода, но „не и на радиоактивен материјал“, додаде таа. Портпаролката на нуклеарката Кршко изјави дека експерти ќе го анализираат протекувањето и ќе ја утврдат процедурата за поправка. „Досега можеме да кажеме дека тоа немаше никакви ефекти врз животната средина“, изјави Ида Новак за АФП. „Не можеме да предвидиме колку време нуклеарката ќе биде затворена. Прво ќе треба да го лоцираме протекувањето и потоа ќе ја утврдиме процедурата за поправка“, додаде таа.

Извршното тело на ЕУ го активира системот ЕКУРИЕ - Итна размена на радиолошки информации во ЕУ, веднаш пренесувајќи ја информацијата до сите 27 земји-членки во Унијата. „Во овој момент не е идентификувано никакво испуштање во животната средина“, соопшти комисијата, додавајќи дека силата во реакторот била 22 проценти и „се' уште во тек е процедурата за безбедно затворање“. Системот ЕКУРИЕ бара рано информирање и размена на информации „во случај на радиолошка или нуклеарна вонредна ситуација“. Сите земји- членки се бара да ја информираат комисијата „во пристојни временски интервали“ за мерките што ги преземаат и нивоата на радиоактивност што биле измерени. Овој систем за тревога од радијација беше воспоставен во 1987 година по катастрофата во Чернобил.

Портпаролот на ЕУ за енергетски прашања, Феран Тараделас, изјави дека системот бил користен „цело време“, но додаде дека Брисел ретко оценува инцидентот да се обелодени јавно. Австрискиот министер за животна средина, Јозеф Прол, изјави дека Словенија не ги информирала за протекувањето и наместо тоа навестила д��ка се спроведуваат „вежби“ за безбедност. „Тоа предизвика сериозни прашања околу нашата доверба во словенечкиот систем за тревога“, изјави тој. Германскиот секретар за животна средина, Михаел Милер, изјави дека сојузната влада во Берлин побара од своите експерти да ја проценат ситуацијата. „Сојузната власт побара од своите соодветни служби да го истражат инцидентот“, изјави Милер. Михаел Шререн, портпаролот на Милер, подоцна додаде дека центарот изгледа дека е „под контрола“. „Засега нема докази кои би индицирале на сериозен инцидент“, изјави тој.

Но, Јан Беранек, активист во „Гринпис интернешенел“, изјави: „Секоја ситуација која резултира со алармирање на сите 27 земји-членки од страна на Европската комисија за можните последици од нуклеарен инцидент не може лесно да се отфрли како нешто за што не треба да се грижите. Во овој случај се надеваме дека ќе добиеме независна потврда што ќе потврди дека ситуацијата е под контрола и дека немало контаминација на поширок регион. Меѓутоа, тоа е како сведоштво за заканата што ја наметнуваат сите нуклеарни објекти во Европа за население и животната средина, и пошироко. Оние кои планираат да изградат нуклеарни реактори мора да водат сметка за ова предупредување и да ја отфрлат нуклеарната технологија“.

Нуклеарката, која се наоѓа источно од словенечкиот главен град Љубљана, повторно беше отворена во ноември минатата година откако еден месец беше затворена заради ремонт, кога на објектот во кој е сместен реакторот му беше подобрена изолацијата и 53 од 121 елементи за гориво беа заменети. Подобрувања, исто така, беа направени и на опремата на нуклеарката и технолошките системи за зголемување на безбедноста. Нуклеарката во Кршко, која е во заедничка сопственост на Словенија и на Хрватска, беше изградена од американско-јапонската компанија „Вестингхаус“ и стана оперативна во 1983 година. Таа произведува 20 отсто од целокупнотото количество електрична енергија што се користи во Словенија, а задоволува 15 отсто од потребите на Хрватска. Словенија во 2006 година обелодени дека планира да изгради и втор нуклеарен реактор во Кршко до 2017 година. (АП)


Статијата е прочитана 606 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
И МВР ја оплеска
Претходен број
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Зденко
Трговскиот дефицит драматично расте - за 4 месеци стаса 902 милиона долари
Американска историја
Нема полни автобуси, ама грчките плажи не се заборавени
Со крвави раце во нови победи
ДИК заглави со приговорите на ДПА
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Психологија на деструктивното
Verbatim