Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter

Поглед

Сопки за мантиите

Билјана Јовановска

Архиепископот Стефан, конечно, се осмели јавно да го посочи виновникот во своите редови. Го скрши мразот обвинувајќи го струмичкиот митрополит Наум дека тој му ги препорачал да ги прими, нагости и да им даде интервју на незнајните гости „од Критската црква“. Се покажа дека тие лажно се претставиле (кому?!), а, всушност, биле обични распопи. И тоа од Бугарската и од Грчката црква.

Досега архијереите знаеја само онака, во доверба, да ги озборуваат своите собраќа, ама јавно - никогаш. Исклучок беше, можеби, само еден владика кој напиша книга за еден друг митрополит, вадејќи го на виделина сиот интимен живот на духовникот. Сите останати официјално говореа во ракавици. Се пазеа. Тоа беше и причината што во Синодот, помалку или повеќе, дури и финансиските скандали што, главно, се врзуваа за името на поглаварот Стефан завршуваа без поголеми бранувања и барања одговорност. Иако сите се свесни дека молчењето не е секогаш злато.

Јавна тајна е дека речиси секој од владиците има по некоја, народски речено, „опашка“ и чувајќи се себеси не сакаат отворено да ги напаѓаат другите. Бидејќи, домино-ефектот е опасна работа. А во Синодот, безгрешните се реткост.

Директното посочување на владиката Наум како виновен за средбата на македонскиот архиепископ со сомнителните распопи, во таа смисла е преседан. Дали со ова се подотвори Пандорината кутија во Синодот на МПЦ? Ќе проговорат ли и другите владици, ќе бидат ли изнесени контрааргументи од прозваниот струмички митрополит... Ќе му се врати ли ова на г.г. Стефан како бумеранг? Или, и овој пат, карванот ќе мине, а кучињата ќе лаат.


#
Статијата е прочитана 1394 пати.

Испрати коментар

Од: Револтиран
Датум: 17.11.2010 12:20:27
А, бре луѓе, зошто се однесувате незаинтересирано спрема оние што сакаат да праќаат коментари? Само кај вас доколку се покаже дека е внесен погрешен код се губи текстот на коментарот! Тоа не е случај со Вечер, Дневник и Нова Македонија! ��ој би имал трпение да пишува повторно коментар, со можност повторно да добие „погрешен код“, односно бришање на текстот? Исправете ја грешката!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.11.2010 12:59:13
Дали ќе имаме владика во духот на учењето на христијанската вера???Бруките продолжуваат...Срамота...
Од: bitola troa skolovan
Датум: 17.11.2010 13:25:41
So partisko deluvanje i nosenjeto na arhiepiskop na takov nacin pokazavme i dokazavme deka i ona nesto sto go imavme kako nekakva homogena masa niz istorijata ja raznebitivme i sega ke si go nosime dodeka se zivi .Bog neka ni e na pomos. Tie sekako odat vo pekolot tesko deka ke im prosti.
Од: Bogomil
Датум: 17.11.2010 13:50:57
Некој вчера во врска со првата информација напиша дека потребна е метла и во рамките на Синодот. Најмалку на злонамерници им е местото меѓу архиереите. Разни распопи, да не речеме мантијаши пробисвети, ги тормозат состојбие т и во македонските православни светилишта во Австралија. Ним не им чинеше, најнапред, владиката Тимотеј, а потоа се настрвија и на владиката Петар. И, се, само поради тоа што таквите распопи сакаат анархија и да мешетарат по црковните храмови и да ги трошат даровите од верниците. Затоа, не треба да се чека, на владиката НАУМ, утре да му падне нешто друго НА УМ, исто така подривно на авторитетот на МПЦ и компромитирачко за Светиот архиерејски синод и за верниците, секако.
Од: Ози
Датум: 17.11.2010 13:53:25
Каков народ, таква влада, таква и црква.
Од: fimka
Датум: 17.11.2010 14:13:53
Aj i ti dedo Stefane,podobro kuti si.A otvoris usta.......Na koj Mitropolit,vo koja eparhija se polni crkvite na bogosluzba kako na Dedo Naum?I pokraj se za nego sto zborat i pisuvat,narodot si gosaka svojot Vladika.Dedo Naum i koga e bolen ne ispoveda,a ne kako drugite da nemozes da stignes do niv.I bidejki on ne lae po vesnici i televizii,koj za sto e kriv site na nego vinata...aj vi se molam...Dedo Naume,da si zdrav i ziv,da ne krepis vo nasata vera kako i do sega....gospod
Од: цане соколовски
Датум: 17.11.2010 18:21:35
Револтиран, сосем си во право и тоа е срамота! Исто така ти даваат еднаш само да коментираш како секој Македонец да има компјутер. Јас не верувам во демократија со политичка коректност и према тоа не верувам во цензура! Знам дека нашава медиа не е Guardian, но некои искуства може да се користат! На пример луќето кои учествуваат во блогови сами му предлагаат кои коментари се несоответни и да бидат избришани.
Од: Ajde zamonasetese
Датум: 17.11.2010 23:37:52
Raspopi bile na gostevanje kaj eden nepodoben arhiepiskop, izbran na partiski nacin na toa nezasluzeno mesto. I se prasuvam kolku skandali vece se vrzani za imeto na G.g. Srefan?: Giovrlevo, Izgrev, onaa zdelka so onaj avstraliski kriminalec , eve sega so raspopite. . Vo sinodot vladee vistinsko mrtvilo. Ako sakame da se vrati dostoinstvoto na MPC i verbata na vernicite vo svestenstvoto, pod itno treba Timotej, Stefan, Petar, Kiril , pa mozebi i Naum da se zamonasat vo nekoi od manastirite i sinodot da go prepustat na mladite vladici, koi se nadevam podostoinstveno ce mu sluzat na Gospoda i na MPC
Од: deli
Датум: 18.11.2010 09:01:24
100% potpišuvam komentar na REVOLTIRAN (1. na red). Utrinski nema tehnika, za da popravi toa brišenje na komentari? Se dešava, čovek nešto ke napiše, za što razmisluval i se trudel da mu dade forma, a toa posle se gubi - koj bi pišuval povtorno istoto, koga mislata otide? Ve molam, potrudete se! Oti UV e edinstven, što go čitam. Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Тиквешански
Ќе поевтинат ли похрабро кредитите
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Хотелиерството и нафтата
Тениската легенда - бигамист?
Македонија непоразена се врати од Корча
Растат штедните влогови
ОН се поправи за јазикот, и тоа двапати
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Во Грција има над 600.000 невработени
Бугарите и Романците земаат најскапи кредити во ЕУ
Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии
Официјално свршен, свадба идната година
Кој има корист го огромните профити
Тешко се излегува од вителот на презадолженоста
Грчките студенти одново маршираат
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Кредитите ќе бидат подостапни
Карикатура
Зоофил осуден на условна затворска казна
Е-банкарството полека ги урива традиционалните плаќања
Стил
Банките најмногу се крстат во осигурителните компании
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011