Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter

НБМ камата

Ќе поевтинат ли похрабро кредитите

НБМ ја преполови основната камата на 4,5 отсто, а банкарските камати се намалија во просек од 1 до 2 процентни поенa

Соња Маџовска

Ќе паднат ли конечно похрабро каматите? Кредитите драматично поскапеа за време на кризата, па затоа се очекуваше дека оваа година тие ќе поевтинат.

Не дека немаше воопшто намалување на банкарските камати, но ако ги прашате граѓаните, тие за нив се' уште се многу високи, додека банкарите сметаат дека каматите за кредитите се сведени на најниско ниво во споредба со претходните години.

Тенденција на намалување беше поттикната од Народна банка на Македонија, која ја намали основната камата шест пати во текот на 2010 година, со што ја сведе на рекордно ниско ниво од 4,5 отсто. НБМ ја преполови каматата на благајничките записи, односно таа од крајот на минатата година до средината на оваа падна за 4,5 процентни поени, а банкарските камати се намалија во просек само за 1-2 процентни поени.

Може да се каже дека банките не беа толку послушни и не ја следеа во чекор каматната политика на НБМ. Банкарите и самите признаваат дека многу е полесно кога каматите одат нагоре, за разлика од надолниот тренд, кој потешко им паѓа. Тие се правдаат дека економијата се' уште не е застаната на здрави нозе, па затоа не можат да ризикуваат. Оваа година особено е зголемен и бројот на нефункционалните кредити, па така секој десетти кредит банките не можат да си го наплатат. Затоа банките почнаа на големо да го продаваат подвижниот и неподвижниот имот запленет поради неплаќање, а полни раце работа имаат и извршителите, кои се ангажирани околу наплатата на минусните салда на картичките, кои со години граѓаните не ги покриваат. И профитот на банките е стопен за 23 отсто и изнесува 8 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Но, не се виновни само банкарите, и граѓаните годинава мака мачат да преживеат, па на памет не им паѓа да влезат во нови долгови. Фирмите, пак, се плашат да влезат во нови инвестициски проекти и бараат заеми најчесто за обртни средства и за исплата на плати.

Затоа, на пазарот на пари најмногу се задолжува државата. Владата преку државните записи од банките позајмува секој месец во просек по 40 милиони евра, а централната банка на име благајнички записи секоја недела врзува по над 100 милиони евра од банките. Моментно во НБМ банките имаат замрзнато рекордни половина милијарди евра.

Ова е доказ дека банките вријат од пари. Кредити многу не даваат, ама бидејќи постојано им растат штедните влогови, а тие парите не можат да ги чуваат неискористени, ги пласираат во записи. Моментно депозитите изнесуваат 3,3 милијарди евра.

Сепак, на крајот од годинава банките даваат позитивни сигнали, кои најверојатно ќе се почувствуваат наредната година. „За Стопанска банка и за нашите клиенти клучната работа не е каматната стапка, туку месечните плаќања што треба да соодветствуваат на семејниот буџет и да не го оптоваруваат. Токму поради тоа имаме производ за секое семејство, затоа што можеме да ги приспособиме рокот на отплата, валутата или обезбедувањето на семејниот буџет“, велат од Стопанска банка. Оттаму објаснуваат дека истите принципи важат и за фирмите.

Кредитите што им ги нудат се во зависност од потребите на компанијата, нејзината големина, профитабилност, кредитоспособност, типот на индустрија. Од Стопанска банка, која како најголема банка во земјава се нарекува финансиски супермаркет, велат дека го имаат одобрено секој втор станбен кредит во земјава, секоја трета картичка и работи со над 50 отсто од компаниите во Македонија.

Од Комерцијална банка, пак, велат дека каматите се на најниско ниво во споредба со претходните години. „Комерцијална банка оваа година во неколку наврати ги намали каматните стапки на кредитите, а до крајот на годината не се очекува дополнително намалување. Со овие намалувања, како пример, станбените денарски кредити достигнаа најниска каматна стапка споредено со минатите години. Најголемо учество во одобрените кредити имаат потрошувачките кредити, станбените кредити, ненаменските хипотекарни кредити и оние обезбедени со депозит“, објаснуваат од оваа банка.

НЛБ Тутунска банка деновиве изврши корекција на каматите. „НЛБ Тутунска банка ги намалува каматните стапки на станбените, автомобилските и потрошувачките кредити и тие се движат од 6,5 отсто, 7,9 проценти, 8,4 отсто и 10,9 проценти, во зависност од конкретниот кредитен продукт. Општо земено, каматните стапки на кредитите веќе подолго време се на ниско, оптимално и прифатливо ниво. Тие се конкурентни и тоа не само на банкарскиот пазар во Македонија, туку и пошироко“, велат од НЛБ Тутунска банка. Тие уверуваат дека секогаш им излегуваат во пресрет на добрите фирми, а вина за слабиот кредитен раст гледаат и кај компаниите. „Банките никогаш не престанале со финансирање и кредитирање добри проекти. Проблемот, доколку воопшто говориме за проблем, повеќе би бил лоциран на страната на побарувачката отколку на страната на понудата. Како илус��рација, до овој момент, се' уште има неискористени средства од различни кредитни линии, меѓу кои има и такви со исклучително пониски каматни стапки“, објаснуваат од Тутунска.

И од Охридска банка велат дека годинава во неколку наврати извршиле намалување на каматните стапки на кредитите за население и за компании. „Силната ликвидна позиција и изобилството на средства за финансирање со кои располагаме, како од сопствени извори така и од Сосиете женерал и странски кредитни линии, ни овозможуваат флексибилност во креирањето на каматната политика. Ова подразбира конкурентни каматни стапки на кредитите за население и за компании, особено поволни за клиентите на платен список во банката и фирмите со кои градиме стратегиски партнерства“, вели Светлана Ристеска, директорка за комуникација во Охридска банка. Оттаму велат дека за издржаните проекти кредитите се лесно достапни.

Годинава кредитниот раст нема да достигне ни 10 отсто, во споредба со лани, односно се очекува да изнесува 9,4 отсто, за в година се планира раст од 12 отсто. Од кредитите за граѓаните, најинтересни се потрошувачките кредити, и станбените кредити, кои се нудат под поволни услови.

Кај компаниите најголем е интересот за краткорочни кредити за обртни средства. (С.М.)

Станбен кредит:

60 квадратни метри 1.000 евра/м2

цена 60.000 евра

учество 20.000 евра

кредит 40.000 евра

камата првата година фиксна 6,5 отсто

останатите променлива 7,43 отсто

месечна рата 252 евра 272 евра

30 години 99.420 евра

кредит плус учество 119.000 евра

Извор: Стопанска банка

Автомобилски кредит:

износ на кредит 10. 000 евра

број на месечни рати 60 месеци (5 год.)

каматна стапка – годишна 7,5 отсто

износ на месечна рата 200,38 евра

кредит плус камата 12.000 евра

Извор: НЛБ Тутунска банка

Кредитен раст

2007 2008 2009 2010

кв1 кв2 кв3 кв 4 кв1 кв 2 кв 3

Македонија 39,2 24,4 25,3 14,3 6,4 3,5 2,5 5,8 7,7

Србија 36, 9 34,8 33,8 27,7 22,3 16,1 14,4 25,0 27,0

Албанија 50,1 34,8 31,6 20,0 13,2 11,1 7,8 9,5 7,8

Хрватска 14,4 11,7 9,7 4,9 2,0 -0,7 -0,4 3,2 4,7

Црна Гора 175,0 25,0 8,5 -3,3 -10 -15,0 -13,0 -11,0 -11,0

Романија 61,3 33,4 23,1 11,2 2,6 1,0 -1,4 6,6 4,6

Бугарија 63,7 32,5 24,5 11,2 5,0 3,6 2,3 2,2 1,4

Еврозона 11,9 7,2 5,9 4,9 3,6 2,9 2,0 2,5 2,9

Извор: Народна банка на Македонија


#
Статијата е прочитана 1020 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Тиквешански
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Хотелиерството и нафтата
Тениската легенда - бигамист?
Македонија непоразена се врати од Корча
Растат штедните влогови
ОН се поправи за јазикот, и тоа двапати
Сопки за мантиите
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Во Грција има над 600.000 невработени
Бугарите и Романците земаат најскапи кредити во ЕУ
Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии
Официјално свршен, свадба идната година
Кој има корист го огромните профити
Тешко се излегува од вителот на презадолженоста
Грчките студенти одново маршираат
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Кредитите ќе бидат подостапни
Карикатура
Зоофил осуден на условна затворска казна
Е-банкарството полека ги урива традиционалните плаќања
Стил
Банките најмногу се крстат во осигурителните компании
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011