Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter

Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15

Балканскиот медиумски тајкун, Жељко Мартиновиќ, очекува голем успех во Македонија

„Нема да бидеме српска телевизија во Македонија, туку македонска телевизија во Македонија. Најголем дел од програмата што ќе ја емитуваме ќе биде на македонски јазик, а останатото ќе биде титлувано или синхронизирано. Очекуваме да постигнеме голем успех и во Македонија, како што сме успешни и во другите земји во регионов каде што сме присутни“, изјави Жељко Мартиновиќ, сопственик на групацијата „Пинк медија“ и еден од најголемите медиумски тајкуни на Балканов.

Тој вчера и официјално соопшти дека во Македонија влегува преку К-15, а новата телевизија со новото име Пинк 15 од петок ќе започне да емитува своја програма. Договорот со К-15, конечно, е потпишан откако пропаднаа преговорите за купување на телевизија Алфа. Митровиќ иако тврди дека К-15 била телевизија без конкуренција, сепак, признава дека само пред една недела бил во сериозни преговори со сопственикот на Алфа, Штерјо Наков. „Не можам да кажам зошто пропаднаа преговорите за купување на Алфа, но точно е дека бевме многу блиску до договор. Можам да кажам и дека во ист период преговаравме со четири телевизии“, вели Митровиќ.

Прашан дали е точно дека откако пропаднале преговорите со Алфа, бил на разговори со првиот човек на ДБК, Митровиќ рече дека се само добри пријатели со Сашо Мијалков и дека имале една средба. Во првите два месеца од функционирањето на Пинк 15, Митровиќ најави дека ќе биде емитувана програма од продукцијата на „Пинк медија груп“, а потоа телевизијата ќе има и сопствена продукција. Главно, ќе бидат фокусирани на забавна програма, реални шоуа, потоа „Ѕвездите на ’Гранд продукција’“ и други популарни, но и информативни и документарни емисии. Митровиќ одби да ја обелодени сумата за која ја купил телевизија, но рече дека во првата година планира во неа да вложи од пет до осум милиони евра. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2427 пати.

Испрати коментар

Од: Cacko
Датум: 17.11.2010 13:33:29
Tu sto ubav pat ni trasirase vladata da staneme bugari,i sega odednas se javuva nekojsi "Pink",i so nivniot kic ke ne napravi srbi.Tu tut tu golema belja se nadvi nad Makedonija.
Од: boris
Датум: 17.11.2010 13:42:45
Среќа наша што Алфа ТВ не се шитна така лесно,а среќа нивна,на газдите на К-15 што куртулија од непрофитабилен канал и нерентабилен,па се чудеа со години што да му прават.Сега барем нема да имаат понатаму трошоци,а шабанизмот и онака е длабоко навлезен во МК.,па оваа новост нема многу да промени!
Од: ЗАГАРАНТИРАН УСПЕХ
Датум: 17.11.2010 14:37:03
Ете ви србомани и Тв ке си имате на српски јазик. И така Македонија одвај дочека своја на своето да биде ама од вас србомани по музиката како бановина овие 20 г сме а и по спортот доста ве има уште делије и гробари бог да чува. Нема ниту да знаете што е Македонија што се случува со и во Македонија едноставно уште српски весници а и така уште ги има по трафиките.
Од: taco
Датум: 18.11.2010 02:14:46
K-15 site sakaat da raboti.Nema takvi kako niv vo drzavata. Sega so pink mozat i pink i oni uste podobro da rabotat i da bide mnogu pointeresno za site. Tua deka ce se poseljacime se primitivni gluposti.Sega toj kanal uste povece ce se gleda.
Од: Mitre
Датум: 18.11.2010 07:54:36
Јас сим Македоноц 100% и никој не можи да ме направи ни Србин ни Бигаран. Зарем досега на сите кабловски ТВ не одеше Пинк?. Друг е проблемот. Што ќе емитуваат сега нашите големи ТВ куќи. Па луѓе скоро на сите пола програмаи повеќе им е олавно од трски, шпански и индиски серии, а и сите емитуваат бајати веќе од предходните години изгледани емисии од Пинк и РТС. Ова што Пинк влезе кај нас е за поздрав за да се анимираат на��ите заспани ТВ кои после отстранувањето на ХРТ2, ТВ Нова и ОБН дозаспаа во зимски сон и немаат никаква сопствена продукција со мали исклучоци!
Од: riki
Датум: 18.11.2010 10:11:40
Vo sto e problemot. Koj ne saka da gleda Pink neka zavrti makedonski kanal. Sto e toa sega da se navreduvame , srbista, bugarista, siptarista, a nie Makedoncite sme arievs rasa... aj veke prekinete so takvi gluposti

Најди! во Утрински
Насловна
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Тиквешански
Ќе поевтинат ли похрабро кредитите
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Хотелиерството и нафтата
Тениската легенда - бигамист?
Македонија непоразена се врати од Корча
Растат штедните влогови
ОН се поправи за јазикот, и тоа двапати
Сопки за мантиите
Во Грција има над 600.000 невработени
Бугарите и Романците земаат најскапи кредити во ЕУ
Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии
Официјално свршен, свадба идната година
Кој има корист го огромните профити
Тешко се излегува од вителот на презадолженоста
Грчките студенти одново маршираат
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Кредитите ќе бидат подостапни
Карикатура
Зоофил осуден на условна затворска казна
Е-банкарството полека ги урива традиционалните плаќања
Стил
Банките најмногу се крстат во осигурителните компании
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011