Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter

Грчките студенти одново маршираат

По 1973 година, Грците пак се соочени тет-а-тет овој пат со економскиот тенк наместо со тенкот на воената диктатура

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Универзитетите се светилишта за студентите, простор каде што не е дозволено да стапнат полицијата и војската. Особено грчкиот Политехнички факултет. Местото каде што пред 37 години тенкот на тогашниот воен диктаторски режим - хунта ги урна вратите на Политехничкиот универзитет во обид да ги сосече студентскиот револт и напори за сузбивање на диктатурата останува светилиште за студентите, но денес и појдовна точка за протестите против економските мерки на грчката влада, капиталистичкиот систем и целосната кризна ситуација во државата. Прославата по повод 37 години од Политехнио годинава ќе мине во знакот на бунт спрема мерките на Папандреу. Главниот слоган на Политехнио од 1973 година „Леб, образование, слобода“ останува мотото и на денешните студенти и граѓани што ќе излезат на протестите. Веќе три дена дворот на Политехничкиот факултет е отворен за граѓаните. Окупиран е од студентите од различните партии кои подготвуваат паноа за денешниот голем протест, делат памфлети и се обидуваат да убедат што повеќе граѓани да се приклучат на годинешниот протест. Граѓаните влегуваат со по еден цвет в раце и ги оставаа на спомениците во предворјето како мало сеќавање на жртвите во тогашните судири на студентите со армијата.

Тогашниот револт на студентите беше со цел уривање на воената диктатура - хунта што владееше во Грција од 1967 до 1974 година, целосно кршејќи ги сите човекови права и забранувајќи ги сите можни форми на граѓанско организирање во државата. „Диктатура, газење на сите човекови права за собирање, за слободен разговор и изразување на мислата, цензура. Ова беа условите во кои живееше народот годините на воената хунта. Во тој период над 10.000 борци за основните права беа затворени, режимот безмилосно фрлаше луѓе в затвор, минуваа низ ужасни тортури, безбедносни проверки само затоа што режимот тоа го диктираше“, вели Никос Тријандафилу, претседател на групата воени затвореници за време на милитаристичкиот режим и раководител на годинешната прослава по повод 37 години од Политехнио. Гневни на режимот и на одлуката да бидат контролирани студентските синдикати и слободното организирање на студентски избори, студентите во Атина на 21 февруари 1973 година почнаа со активности за уривање на хунтата. Настаните ескалираа на 14 ноември кога студентите од Политехничкиот универзитет ги затворија портите во штрајк поради воениот режим и преку студентското радио повикаа на борба против воената диктатура. Кулминацијата на студентските протести беше на 17 ноември откако армијата и еден воен тенк насилно ги урнаа железните портите на факултетот, додека на нив се' уште беа студентите обидувајќи се да го одбранат факултетот.

„Денешните власти се обидуваат да го намалат значењето на Политехнио, да ни наметнат идеја дека ова е само прослава на еден значаен историски настан. Ако видите што се' се пишувало и зборувало тогаш ќе утврдите дека не станува збор само за обид да се урне диктатурата, туку да се создаде општество што е многу понапредно од ова во кое живееме денес, во кое ниту еден нема да заработува и да се сити од злоупотребата на трудот на друг човек“, вели Тријандафилиду.

За него и за огромен дел од граѓаните што ќе учествуваат во денешниот протест во знак на Политехнио, тенкот со кој се соочуваат денес граѓаните се економската криза, кризата на капиталистичкиот систем и финансиските стеги во кои ги држат меѓународните институции.

За студентите Политехнио е една од најзначајните борби во модерна Грција, која ја имаат како инспирација за денешните студентски движења. „Политехнио е борба за работничката класа и за младите, борба што некој сега ја обесправува обидувајќи се да не' убеди дека тоа е само една историска битка за симнување на тогашниот милитарен режим. Меѓутоа, за нас тоа е многу повеќе. Политехнио треба да е инспирација за тоа како да се справиме со современите услови, при што откако ќе излезеш од факултет или не можеш да најдеш никаква работа со години или, пак, и тоа што ќе го најдеш не е поврзано со она што си го студирал. Огромен е бројот на млади невработени, просечната плата ни е малку над 500 евра. Што да правиме со тие пари, како да се обидеме да бидеме независни од родителите или да размислуваме да формираме семејства?“, коментира 22-годишниот Димитрис Свитакис. Според него, нема друг избор освен бунт поради владините мерки за да може граѓаните да го добијат она што им следува и да се справат со последиците од економската криза во која се наоѓа државата. „Што друго да правиме? Да искоментираме - ех добро е што се бореа тогаш, ама ние сега ќе ја подвиткаме опашката и ќе правиме се' што ќе ни кажат“, додава Димитрис, коментирајќи дека младите полека почнуваат се' помасовно да се организираат и се надева дека наскоро ќе бидат доволно свесни за ситуацијата за да може поактивно да преземат одговорност за она што ќе се случува во државата.

Народот собран во дворот на Политехничкиот факултет се согласува со ова. „Логото на Политехнио денес е уште позначајно, она барање леб - образование - слобода е уште подлабоко денес и крајно време е луѓето да излезат и да работат на измената на политичкиот систем што владее во државата“, вели Тријандафилиду.

Иако протестите поради владините мерки и политичкиот систем се секојдневје, сепак, постарите граѓани што биле активни во тогашните студентски протести велат дека младите се' уште имаат долг пат пред себе за да ја разберат и да се борат за пораката на Политехнио.


#
Статијата е прочитана 803 пати.

Испрати коментар

Од: Apel na RM PEN centar
Датум: 17.11.2010 12:21:07
- Имајќи ги предвид одредбите од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации (ОН); , особено членовите 2 и 4 од Повелбата;- потсетувајќи на Резолуцијата 113/II на Генералното Собрание на ОН од 1947 година, со којашто се бара мислење од Меѓународниот суд за правда за законитоста на условите за прием во ОН кои не се изрично содржани во член 4 од Повелбата на ОН; потсетувајќи на Резолуцијата 197/II на Генералното Собрание на ОН од 1948 година, според којашто се прифаќа Советодавното мислење од Меѓународниот суд за правда од 28 мај 1948 година ; П.Е.Н Центар апелира до Претседателот на Република Македонија, и до Претседателот на Владата на Република Македонија да ги преземат неопходни дипломатски и процедурални мерки за да се започне постапката за преиспитување на законитоста на Рез. на Генералното Собрание на ОН од 1993 година со којашто РМ е примена во ОН, во делот кој се однесува на привремена референца и обврската за преговори со друга држава за сопственото уставно име!
Од: a
Датум: 17.11.2010 12:51:19
cestitam ziv narod

Најди! во Утрински
Насловна
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Тиквешански
Ќе поевтинат ли похрабро кредитите
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Хотелиерството и нафтата
Тениската легенда - бигамист?
Македонија непоразена се врати од Корча
Растат штедните влогови
ОН се поправи за јазикот, и тоа двапати
Сопки за мантиите
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Во Грција има над 600.000 невработени
Бугарите и Романците земаат најскапи кредити во ЕУ
Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии
Официјално свршен, свадба идната година
Кој има корист го огромните профити
Тешко се излегува од вителот на презадолженоста
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Кредитите ќе бидат подостапни
Карикатура
Зоофил осуден на условна затворска казна
Е-банкарството полека ги урива традиционалните плаќања
Стил
Банките најмногу се крстат во осигурителните компании
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011