Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter

Тренд

Растат штедните влогови

Годинава штедењето постојано бележи нагорен тренд. Банките се борат за секој денар на граѓаните и како да се натпреваруваат која повеќе ќе ги зголеми каматите за депозитите. Моментно годишните камати за денарската заштеда се искачија до рекордни над 10 проценти, а за штедењето во евра се движи околу 5 отсто.

Според податоците на Народна банка на Македонија, вкупните депозити и на граѓаните и на фирмите изнесуваат 3,3 милијарди евра, од нив само на граѓаните се 2,3 милијарди евра, а на заштедите на фирмите отпаѓаат една милијарда евра.

„Каматните стапки на депозитите го достигнаа своето највисоко ниво во почетокот на 2009 година, а оваа година пасивните каматни стапки на кредитите паралелно со промените на активните имаат тенденција на намалување. Кај депозитите се најзастапени орочувањата на 1 година, со тенденции за зголемување на долгорочното штедење“, велат од Комерцијална банка.

Депозитите се базата за успешно работење на една банка, велат од Стопанска банка. „Имаме над 50 различни депозити за население по рочност, валута, начин на добивање на каматата, можност за докапитализација, флексибилност во уплата и исплата на средства“, објаснуваат од Стопанска банка.

Каматите на депозитите можеби при намалувањето не ја следат динамиката на намалување на каматните стапки на кредитите, но, сепак, и тие се намалени, велат од НЛБ Тутунска банка. „Поради повисоките каматни стапки, граѓаните се' повеќе се решаваат да штедат на подолги рокови и исто така во денари. Кај нас моментално особено актуелен е супердепозитот“, велат оваа банка.

„Во однос на депозитите, во Охридска банка најинтересен е депозитот прогрес во евра и во денари за население. Тој е со растечка каматна стапка на полугодишно и квартално ниво со можност за целосно предвремено повлекување на депозитот и исплата на камата важечка за последниот период на достасување“, објаснуваат од Охридска банка. (С.М.)

Камати

депозити во денари депозити во евра

Комерцијална банка највисока 10,5 5,10

Стопанска банка највисока 10,4 5,4

НЛБ Тутунска банка највисока 10,3 5,2

Шпаркасе банка највисока 10,5 5,4

Охридска банка највисока 7,25 6

(во %, на годишно ниво)





#
Статијата е прочитана 843 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тачи му ги брои парите на Аџиев
Тиквешански
Ќе поевтинат ли похрабро кредитите
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Хотелиерството и нафтата
Тениската легенда - бигамист?
Македонија непоразена се врати од Корча
ОН се поправи за јазикот, и тоа двапати
Сопки за мантиите
Ѕвездите на „Гранд“ ќе парадираат на Пинк15
Во Грција има над 600.000 невработени
Бугарите и Романците земаат најскапи кредити во ЕУ
Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии
Официјално свршен, свадба идната година
Кој има корист го огромните профити
Тешко се излегува од вителот на презадолженоста
Грчките студенти одново маршираат
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Кредитите ќе бидат подостапни
Карикатура
Зоофил осуден на условна затворска казна
Е-банкарството полека ги урива традиционалните плаќања
Стил
Банките најмногу се крстат во осигурителните компании
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011