Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Сите во лов на необоени гласачи

Битката меѓу партиите за неопределените гласачи ќе биде исклучително важна за победа на изборите, независно кога ќе се одржат

Оливера Војновска

Сите досегашни истражувања на јавното мислење покажаа дека над половина од македонските граѓани се незаинтересирани или немаат идеја за кого да гласаат на избори. Аналитичарите проценуваат дека партиите во наредниот период својот интерес ќе го насочат токму кон партиски необоените гласачи што покажуваат индиферентност кон изборите и актуелната политичка понуда.

Ловот на неопределените гласачи, според експертите, веројатно, ќе биде исклучително важен за победа на изборите, независно кога ќе се одржат. Сепак, за да ги освојат нивните симпатии партиите ќе мора да излезат со конкретна политичка понуда.

Но, што би ги натерало луѓето на денот на изборите да излезат од дома и да одат на гласање? Политикологот Владимир Божиноски од ИПИС смета дека партиите треба да понудат точно дефиниран концепт и добро структурирана политичка платформа. „Ако им се понуди тоа што го бараат, тие ќе имаат мотив да гласаат. На пример, името. Но, не само да се каже реторички: ние сакаме да го решиме, туку да се даде и одговор како да се реши. Поточно, да се излезе со конкретен концепт како да се постигне решение за проблемот. Истовремено, може да се понуди и конкретен економски проект со план и рокови “, вели Божиновски.

Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Имер Исмаили,

вели дека ние како општество сме во длабока политичка депресија. „Уште полошо е што граѓаните не гледаат излез, алтернатива што ќе ги разбуди од таа агонија. За да одат на гласање им е потребна силна мотивација. Раздвижување може да се направи доколку ВМРО-ДПМНЕ цврсто застане зад конкретно решение за името, а СДСМ го прифати“, смета Исмаили. Тој напомнува дека оние што се занимаваат со политика добиваат прилично јасни сигнали од граѓаните, прашање е дали сакаат правилно да ги протолкуваат. „Умните политичари внимателно ги читаат пораките. Апстиненцијата од гласање и индиферентноста кон политичката понуда е силна порака. Граѓаните се чувствуваат измамени, изморени и не и' веруваат на ниту една опција. Тоа се вика политички дефетизам“, посочува професорот. Исмаили препорачува внимателен пристап кон сондажите во смисла на тоа по која методологија се прават, кој ги прави и по чија нарачка. Тој вели дека изгубил доверба во анкетите што зачестија во јавноста и дека има голема резерва и кон „Брима Галуп“ и кон ИРИ.

Политичкиот аналитичар Сефер Тахири смета дека големата незаинтересираност кај граѓаните се должи на севкупната состојба на политички, економски и меѓуетнички план. „Рамнодушноста е последица на неуспехот на Владата на планот на интеграцијата во ЕУ и во НАТО, особено по Самитот во Лисабон. Апатијата е резултат и на лошата економска состојба, бидејки граѓаните не живеат подобро, туку напротив многу полошо. Главната мотивација за да излезат на избори би била нивната ангажираност да ја казнат оваа политика. Бидејќи во Македонија, во континуитет, на сите избори имаме гласање против, а не гласање - за. Односно избори на кои се казнуваат владејачките партии и без да постои вистинска алтернатива од страна на опозицијата“, истакнува Тахири. Според него, еден дел од гласачкото тело ќе се мобилизира околу ВМРО-ДПМНЕ, но не поради програмата, туку поради нејзините тврди ставови околу името и идентитетот на македонскиот народ. Напомнува дека истиот принцип на казнување ќе се преслика и кај албанскиот електорат. „Ќе има гласачи што ќе се мобилизираат за да ја казнат лошата политика на ДУИ на сметка на опозицијата“, вели Тахири

Во последната анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС) на прашањето:„За која партија би гласале доколку утре би се одржувале парламентарни избори“, 28 отсто од испитаниците одговориле: „Нема да гласам“, а 25,1 отсто одговориле со „не знам или немам одговор“. Интересен е и податокот дека на ниту еден политичар во Македонија не му веруваат 38,6 отсто од анкетираните.

Политикологот Божиновски посочува дека трендот на апатија кај гласачите почнува уште од 2004 година и притоа напомнува дека има три групи граѓани што не гласаат на избори. „Дел од избирачите не излегуваат затоа што не ги интересира политика, дел затоа што се разочарани од политиката и има уште една категорија што не излегува затоа што смета дека ниту една пратија не ги артикулира нејзините ставови. Тешко е да се оддели која е доминантна“, вел�� тој. Според него, сите три групи не може да се испровоцираат да гласаат. „Тој што не го интересира политика не може да се мотивира да гласа, а оние што се разочарани тешко може да се убедат. Па, потенцијалот се насочува кон третата група - луѓето што не се пронашле во ниту една опција, а имаат желба за гласање“, смета Божиновски.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 14.12.2010 12:34:21
Неопределени има малце.Заплашени има многу,кои не сакат да се изјаснат.Кајсе тие кои едно време беа за СДСМ Кога беа не прикосновени.Но Граѓаните сватија со кого си имат работа,И го свртеа листот, Отидоа кај ВМРО и тамо тотално се до разочара.Дадоа Власт на недоквакани деца.Следни избори ги добива СДСМ а ВМРО полека но сигурно оди во историја.Ако и следниот пат СДСМОВЦИ се однесуват ко кога беа на влас исто ки чека..
Од: coco
Датум: 14.12.2010 12:51:26
Koj i da pobedi narodot (nie) nae.....
Од: R.R.
Датум: 14.12.2010 15:11:29
Sekoj znae komu mu veruva i komu bi go dal svojot glas.Ama javna tajna e deka mnozinstvoto go odbra VMRO,i ima zosto...SDSM so godini lazese i ne pokaza nisto,ovie sega,vo mnogu teski ekonomski uslovi pokazaa kolku se jaki.
Од: Neopredelen
Датум: 14.12.2010 16:16:29
Do zabegan: Ne si praj bajram so umot, za SDSM na celo so "drzavnikot" nema nikogash poveke da ima sleden pat!
Од: 3G
Датум: 14.12.2010 17:47:01
Pretsedatelot pravi smetka bez krcmar. Se rakovodi od idejata na MANU za Makedonija kako edinstvena drzava so dve iminja-za vnatresna i za megunarodna upotreba i zalozbata na sdsm za vitkanje na kicmata za da moze da se dobie clenstvo vo EU. Znaci se pravi megupartiski konsenzus so poddrska od MANU a se ignorira 80% od narodot. Kako i da e ova e otprilika objektivot na makedonskite politicari bez narodot: Severna RMakedonija clenka na EU i NATO. Imajki gi vo vid 80-te % so opredelba da ne se menuva imeto kako i istoriskite fakti kako i potencijalot i predispoziciite za idninata, mojot objektiv e slobodna suverena i neutralna Makedonija koj go smetam za porealen i ostvarliv bidejki ne e vo kolizija nitu so narodot nitu so interesite na zapadot, dodeka toj na politicarite e definitivno vo kolizija so interesot na narodot i spored toa nerealen i zatoa neostvarliv. Taka nekako se ocrtuva i pobaruvackata na slednite izbori koja e nezadovolena od prethodno identifikuvanata ponuda.
Од: student
Датум: 14.12.2010 19:01:25
Se znae koj ima najmnogu potreba od novi glasaci........naslovot na temava ne e bas realen i precizen...................a sto ako na predvremeni izbori povtorno izgubat SDSM?Bez dobra procenka,ova mi izgleda na kockanje i nisto drugo.Krajno neseriozno i nezrelo odnesuvanje na lugje koi sebe si se smetaat za elita vo drzavava

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)
Има ли место за џамија во Атина
Најбитно е да имате свои луѓе
Патриотска метла со куса рачка
Лош финиш на досието на Груевски
Охрид чека гости, ама не ги кани
Навивачите на Динамо го запалија автобусот на ПАОК
Пара(лелен) попис?!
Не' очекува студена недела
Може ли Џеко да почива во мир?
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Владата призна погрешна буџетска политика
„Шишеџам“ пишман за пишманењето
Пожар ја запали дилемата за сопственоста на теќето
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
За патриотизмот се работи
Стил
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary