Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Каролина

Најбитно е да имате свои луѓе

„Овој албум ми стои како ниеден досега“, вели поп-пејачката за својот најнов студиски проект „Капка под небото“

Катерина Шекеровска

Ако денот се суди според утрото, тогаш Каролина повторно има хит-албум. „Не се враќаш“ како најава за „Капка под небото“ навести моќен инспиративен албум, шести едноподруго, правен во македонска и во српска верзија, кој две недели по промоцијата, полека си го наоѓа патот до слушателите. Што е она што тебе најмногу ти се допаѓа на новото цеде?

„Ми се допаѓа тоа што уживам додека го слушам и горда сум на тоа што сум го сработила. Додека ги избирав песните, обрнував внимание само на тоа дали една песна ми одговара и дали ме допира. Секоја песна си има своја приказна што нуди длабока емоција и мислам дека целосно албумот е едно посебно емотивно доживување, кое кај објективниот слушател побудува силни чувства“.

Претходниот твој албум излезе пред пет години ако не го сметаме проектот „Македонско девојче“ во 2008 год. Велиш дека повеќе не си девојка, туку зрела жена што знае што сака, а тоа се одразува и на музиката. Колку лично учествуваше во изборот на песните, соработниците, студијата? Колку албумот е според твој вкус?

„Искрено, не знам зошто не би го сметале „Македонско девојче“. И покрај што се работи за етноалбум, сепак, не го двојам од другите албуми и во него е вложен голем труд и многу љубов. Се разбира дека со годините се менува мојот однос кон музиката и тоа се одразува и врз она што го изведувам. Мислам дека со последниве албуми понудив комплетно нов музички израз и мислам дека и публиката тоа силно го почувствува. Моето учество во создавањето е комплетно и апсолутно во секој сегмент, почнувајќи од сугестии за звукот на песните, начинот на кој се отпеани, фотографиите кои ќе го следат музичкиот материјал, буклетот... Значи, буквално во секој дел има мое активно учество и можеби и затоа овој албум ми стои како ниеден досега“.

Покрај албумот, во наредниов период ќе бидеш актуелна и со заедничкиот сингл со Александра Радовиќ, Нина Бадриќ и Маја Сар, „Мојот живот е моја песна“, кој излегува токму денеска како поддршка за кампањата за подигнување на свеста кај жените за превенција на карцином на грлото на матката. Како дојде до оваа соработка и учество во кампањата?

„Маја Сар, авторката на оваа песна, е мој пријател и соработник, т.е. автор на сите текстови на српски и автор на песните „За година две“ и „Сама“, па некако спонтано продолжи нашата соработка со оваа песна. Идејата и иницијативата е на Маја и нејзиниот сопруг Махир (кој, меѓу другото, е и продуцентот на новиов албум) и многу сум среќна што сум дел од ваква благородна приказна заедно со некои од најдобрите и најпопуларните пејачки на поранешните ЈУ-простори“.

Публиката те доживува како скромна и воздржана девојка, па оттаму малку и изненади со одлуката да се појавиш на насловната страница на магазинот за мажи „Плејбој“. Посилниот пол едвај го дочека изданието, но првата реакција како да беше помалку разочарувачка... Очекувањата беа дека Каролина ќе се појави во малку поразголена варијанта...

„Па кога би се појавила некоја што е цело време со градите на мегдан тоа воопшто не би било интригантно ниту изненадувачки нели? Токму затоа и луѓето од „Плејбој“ сакаа јас да се појавам на првиот број, затоа што имам доволно багаж зад себе и поради тоа што со моето појавување предизвикаа внимание на целиот Балкан, па сите регионални изданија ги презедоа фотките и веднаш секаде се дозна дека и Македонија доби лиценсно издание на „Плејбој“.

Што вели Јован, твојата посилна половина, за ваквите појавувања? Ја имаш ли неговата поддршка? Го разбира ли тој шоу-бизнисот на начин на кој ти го разбираш?

„Се разбира дека ме поддржува“

Доста си активна и на „Фејсбук“, знаеш да се заблагодариш за комплиментите, но и да изнесеш свои ставови околу некои актуелни случувања - и тоа без влакна на јазикот. Ти прави ли тоа непријатели? Или ја надмина фазата „Сакам секому да му се допаднам“?

„Одамна ми е таа фаза надмината и не ги разбирам оние што со сите сили се трудат да и' се вовлечат под кожа на публиката, тоа во некои ситуации преминува во патетика и бескомпромисно улижување што на крај доведува до спротивен ефект од саканиот. Им благодарам на моите родители што ме научиле дека е подобро да имам став и да го кажам моето мислење без да обрнувам внимание на тоа дали на некого му се допаѓа или не отколку цел живот да го поминам под маска на хиена, која никој не ја зема сериозно. Многу повеќе ги ценам оние што ќе ти кажат што мислат во фаца од оние што те бакнуваат и ти се смешкаат, а штом се завртиш, те озборуваат. „Фејсбукот“ е едно фино место за изнесување свој став и место каде што можеш да слушнеш различни мислења за се'. Не сметам дека секој мој став треба да е поддржан, а ги ценам и тие што мислат спротивно од мене“.

Оваа година го прослави 30. роденден. Те плаши ли помалку темпотото со кое поминуваат годините, ти буквално порасна на сцената... И дали сметаш дека жената е како виното - колку постаро, толку подобро?

„Не се оптоварувам со годините, немам зошто, секако, не можам да ги сопрам, ниту да ги вратам назад, но факт е дека летаат, па човек треба да е свесен дека секој можен момент треба да го искористи колку што може подобро. Минувам се' повеќе време со блиските луѓе и се' повеќе ги ценам тие моменти, денови... На крајот, најбитно е да имате свои луѓе, кои се добронамерни и искрени, зашто како што дојде времето, искреноста е најретка карактеристика“.

Страда ли естрадата кај нас во последниве години? И кој е виновен за таквата состојба? Наместо да прават музика, добар дел од твоите колешки и колеги се занимаваат со други работи, како што е намерно пласирање невистини во медиумите, ја жртвуваат својата приватност, семејство, пријатели, со цел само да излезат на насловна страница и да се пишува и да се зборува повеќе за нив... Го оправдуваш ли ваквото постоење на сцена?

„Веројатно, највиновно е влијанието однадвор. Немам ништо против кој било тип музика и не сум од оние што се противници на гостувањата на ѕвезди од соседството. Ми пречи само константното омаловажување на нашиот труд и тоа е нешто што никако не може да се искорени кај Македонецот. А за другите работи, како што се пласирање трачеви, љубовни приказни и семејни фотосесии... Јас тука немам ништо против, секој си одлучува за себе и сам си одговара за постапките. Јас со години се борам да си зачувам барем мал дел од приватноста, а притоа никогаш не кријам со кого сум зашто верувам дека тоа ме заштитува од натамошно чепкање по мојот живот. Но, факт е дека некои фаци опстојуваат само врз база на скандали и трачеви, па во нивниот случај тоа е повеќе од оправдано“.

За крај, реши ли каде ќе настапиш за Нова година и што сакаш да ти остави Дедо Мраз под елката?

„Да, веќе е договорен мојот новогодишен настап, ќе пеам на плоштадот во Гевгелија. А за желбите.... Ги има многу, па ако почнам да набројувам, ќе ни треба уште еден број. Среќна сум што се уште имам желби и понекогаш детска надеж за нивно остварување“.

Приватност

„Со години се борам да си зачувам барем мал дел од приватноста, а притоа никогаш не кријам со кого сум зашто верувам дека тоа ме заштитува од натамошно чепкање по мојот живот. Но, факт е дека некои фаци опстојуваат само врз база на скандали и трачеви“


#
Статијата е прочитана 1642 пати.

Испрати коментар

Од: м и л ч о
Датум: 14.12.2010 16:37:48
п л а с т и к а ,ништо нема природно од зборуване до пееене , кога ке може да испее на концерт три песни една по друга нека се jави ,и доста со тие врски и бутане на некои пеач напред ,,,абе кога не го бива не го бива
Од: Stefan
Датум: 15.12.2010 00:32:37
Hahahh moze li nekogas da kazete pozitivno nesto bez da kritikuvate gluposti...Ako karolina e plastika i ne znae da pee,togas se prasuvam i dali imame nie voopsto estrada...Noviot album i e odlicen kako i site nejzini dosega i samo neka prodolzi taka...Karolina e nasata kralica :)))
Од: FuiliFilip
Датум: 15.12.2010 08:00:43
Do toj Milco mnogu da ne se milcat deka ako karolina ne moze da ispee 3 pesni togas koj moze???? Karolina ima odrzano tolku koncerti so ti nemas zabi v usta!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)
Има ли место за џамија во Атина
Патриотска ��етла со куса рачка
Лош финиш на досието на Груевски
Охрид чека гости, ама не ги кани
Навивачите на Динамо го запалија автобусот на ПАОК
Пара(лелен) попис?!
Не' очекува студена недела
Може ли Џеко да почива во мир?
Сите во лов на необоени гласачи
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Владата призна погрешна буџетска политика
„Шишеџам“ пишман за пишманењето
Пожар ја запали дилемата за сопственоста на теќето
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
За патриотизмот се работи
Стил
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary