Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Пожар ја запали дилемата за сопственоста на теќето

Изгоре еден од објектите на тетовското Арабати баба-теќе, причините непознати

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО – Пожар пеплоса дел од познатото Арабати баба-теќе во Тетово, предизвикувајќи непроценлива штета на објектот кој е од огромно културно и историско значење. Изгорени се околу 30 метри квадратни таванска резба стара повеќе од 300 години, со што е нанесена огромна штета на овој познат локалитет од исламскиот период, изграден уш��е во 1538 година. Пожарот ја разгоре и дилемата околу сопственоста на објектот и ги зовре односите меѓу Исламската верска задница и Бектишиската заедница кои се во тивка „војна“ околу сопственоста на познатиот локалитет.

Станува збор за комплекс распослан на 18.500 квадратни метри површина, во чиј состав има триесетина објекти. Дел од нив ги користи ИВЗ,а дел Бекташиската. Пожарот ја зафатил е молитвената просторија, која е во делот на Бекташиското Теќе. Порано во оваа и соседната просторија беше сместен Музејот на тетовскиот крај. Десетина години го користи Бекташиската заедница, која смета дека полага право на сопственост - не само на тој дел, туку и на Арабати баба-теќе во целина. Од друга страна, во тетовското муфтиство на ИВЗ тврдат дека во легална процедура со денационализацијата, к��мплексот им припаѓа на нив, но дека на бектешите никој не им го успорува правото да го користат тој дел, бидејќи и тие се дел на ИВЗ. Токму поради тоа, различни се и сомнежите за причините за пожарот.

Хаџи Баба Едмонд Брахимаи, поглавар на Бекташиската заедница за Македонија, со седиште во тетовското теќе, се сомнева дека пожарот е подметнат „од другата страна“, иако „со очи не виделе кој го предизвикал“.

„Власта на Македонија и ИВЗ се тие што не расчистуваат и што сме континуирано изложени на кражби, оштетувања, подметнати пожари... Пред два дена ни беше украдена опремата за озвучување, а сега се соочивме со пожар во молитвената соба“, вели Брахимаи. Тој додава дека од 1993 година го користат Теќето, но биле регистрирани како заедница според поранешни прописи и сега, иако поднеле документација, се' уште немаат добиено валидна регистрација.

„Не' поткукупуваа, ни нудеа објекти, куќи автомобили... Не прифативме. Во 2002 година ИВЗ го узурпираше Теќето и оттогаш се влезени во овој комплекс“, изјави Брахимаи.

Секретарот на тетовското муфтиство на ИВЗ, Намик Џафери, ни покажа решенија, според кои, тие се сопственици на Арабати баба-теќе. На 9 април 2010 година Комисијата за денационализација при Министерството за финансии со решение потврдува дека ИВЗ е сопственик на теќето. И Управниот суд со решение ја прогласил ИВЗ како единствен сопственик, отфрлајќи го барањето на Бекташиската заедница.

„Ние сме сопственици. Тоа е наш комплекс. Залудно е во вакви околности ние сами да си подметнуваме пожар. Има органи што ќе кажат кој и зошто предизвикал пожар во Теќето“, нагласува Намик Џафери. Тој додава дека во рамки на теќето, има дел што претставува бекташиско теќе, каде што тие можат да продолжат со своите верски обреди.

Во националниот конзерваторски центар сметаат дека постојат недоразбирања и контрадикторности на релација ИВЗ-Бекташиска заедница.

„Токму тоа во голема мера условува да се уништува теќето и да се губат неговите историски и уметнички вредности. Националниот конзерваторски центар не навлегува во тие односи, но е загрижен за зачувување на вредностите од минатото. Факт е дека ИВЗ поседува право на вакуфски имот, но, исто така, факт е дека таму постои бекташиски објект како дел на оваа заедница. Оваа ситуација треба да се надрасне со меѓусебен дијалог“, вели директорот Бехиџудин Шехапи.


#
Статијата е прочитана 564 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 14.12.2010 14:59:10
Пожарот избувнал што избувнал.Штетата е направена.Сега треба заедно да најдете начини да се усогласите.Не траба да има простор и време за полемика околу идеолошките разидувања,оклу сопственоста.Во него може да си дозволи да влезе некој кој нема за право и не го тангира ништо од ова.Голема е одговорноста драги наши повикани.Оставете се настрана,и дајте седнете преку стотиците нафиле намази,молетего Аллах да ви,и ни,помогне. Почитувани авторитети во Исламот!Дајте појдете и помогнетеим.Никој нема за право Исламот да го става на терезијата за подмирување на некакви и нечии сметки.Покажете оштроумност,и докажете дека умеете да кохабитирате и со ов��земните главатари,и во исто време да си ја терате својата работа,не пркосејќи му на Аллах. Ако ја згрешите,ќе потврдите дека навистина сте грешни.Така тоа оди.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 15.12.2010 00:06:39
Novinarot napomna ,deka tamu bil smesten i muzejot na Grad Tetovo,a kade e deneska? Interesantno,i Jas poseduvam,il sum vo vlasnistvo na dva dokumenta Prviot Passeport -Putna Isprava izdadena vo Tetovo 8 Februar 1914 god. na Gligorije Spasic! pasosot e bez slika. Isto taka poseduvam Patna isprava-putna isprava [nee pasos]izdadena vo Tetovo 1919 so fotografija za odene vo USA na evda Spasic!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)
Има ли место за џамија во Атина
Најбитно е да имате свои луѓе
Патриотска метла со куса рачка
Лош финиш на досието на Груевски
Охрид чека гости, ама не ги кани
Навивачите на Динамо го запалија автобусот на ПАОК
Пара(лелен) попис?!
Не' очекува студена недела
Може ли Џеко да почива во мир?
Сите во лов на необоени гласачи
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Владата призна погрешна буџетска политика
„Шишеџам“ пишман за пишманењето
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
За патриотизмот се работи
Стил
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary