Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Патриотска метла со куса рачка

Билјана Ангеловска

Патриотската метла заигра во дворот на Министерството за култура. Дали рачката на метлата ќе има доволно должина да подзачисти и во „внатрешноста“ на Министерството или ќе остане да мете само во дворот, останува да се види. Иако, според тоа како досега се одвива работата, впечаток е дека од прашината што ќе се крене од метењето, тешко ќе се види исчистеното. Или, ѓубрето што евентуално ќе остане!

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца раководители на сектори во Министерството за култура поради тоа што текот на јули годинава уништиле деловни книги и документи од тендерска документација за 14 јавни набавки распишани во 2007 и во 2008 година. Станува збор за проектите за изградба на стариот театар во Скопје, за музејот на ВМРО, исто така во Скопје, за театар во Велес и за проектот „Нобеловци“.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска ја убедуваше јавноста дека немало штета од исчезнатите документи, бидејќи се однесувале на одамна завршени проекти и немале врска со „големиот“ проект. Веројатно сакаше да каже дека штетата е занемарлива затоа што не се работи за документација од фамозниот „Скопје 2014“, како што рече опозициската СДСМ кога ја обелодени аферата „патриотска метла“! Меѓутоа, сосем е ирелевантно за какви проекти се работи. Големи или мали, помалку или повеќе важни проекти, битно е дека секоја документација требало задолжително да се чува најмалку пет години од денот на извршување на договорот за јавна набавка. Во случајов, сторено е токму обратното.

Документите биле сопственост на Министерството за култура и со уништувањето било оневозможено да се користат во иднина. Дали вработените го сториле тоа по сопствено убедување, или по нечија директива, дали на тој начин свесно е направен обид за прикривање на некакво криминално работење, би требало да покаже истрагата. Сепак, останува впечатокот дека „метлата“ ќе има доста за чистење.

Купишта документи и' служеа на министерката Елизабета Канческа Милевска како одбранбен ѕид од обвинувањата дека е направен криминал во Министерството. Стотиците фасцикли и отворената покана до сите заинтересирани да ја проучат обемната документација па да се уверат дека ништо не недостасува, сепак, не успеаја целосно да го одбранат министерството од сомнежот кој почна да навлегува.

Уште тогаш, некако млако и неуверливо прозвучи контранападот на министерката, во форма на закана со кривична пријава против Игор Ивановски од СДСМ, затоа што нанел штета на нејзиниот углед и чест. Се покажа дека контранападот со закани за кривични пријави против оние кои ја обелоденија аферата, всушност, бил само купување време.

Ќе има ли доволно храброст првата полицајка во државава да и' го наруши мирот на својата колешка во Министерството за култура или на некои други членови во власта?

Засега, само површински е загребано во случајот, а тешко е да се поверува дека истрагата воопшто ќе оди подлабоко. За министерството за култура, случајот е затворен. Голема е веројатноста дека ќе „изгорат“ само тројцата вработени во Министерството. Тоа што за нив и за нивното работење треба да се бара одговорност од многу повисоки нивоа во тој ресор, но и погоре во Владата, веќе е прашање на морал.


#
Статијата е прочитана 1520 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 14.12.2010 12:13:03
Ако де е помала рачката.Можеби покасно ќе стигне таму кај што треба.Ама повеќе боли ако е подолга брзо ќе се скрши.Што била богата ова сирота МАКЕДОНИЈА.
Од: Никола
Датум: 14.12.2010 12:41:03
Народната изрека вели за попот „ Не ме гледај што работам туку слушај што ти зборувам“ исто е со Изродбата во 100 чекори на ВМРО ДПМНЕ.
Од: !!!!!!
Датум: 14.12.2010 13:02:56
Moral?
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 14.12.2010 13:03:11
Koj uste ocekuva moral od ovaa Vlada?
Од: pere
Датум: 14.12.2010 13:46:40
Of nasle postenive da zboruvaat. Zalno e sto site ste isti. Od raspravata za predvremeni izbori zaklucokot e eden. Aj simni se vekje dosta kradese ti da se namestam jas da kradam. Omraza, alcnost, zavist i ljubomora. Od griza za siromasnite da mu se pripovrakja na coveka.
Од: valerija
Датум: 14.12.2010 13:54:41
Kako ne i e sram na ministerkata da izleze pred kameri da go gleda narodot vo oci i da laze. Ke zavrsat site do eden kako Sanader nema uste dolgo da e arogantna kako sto zane da bide.
Од: R.R.
Датум: 14.12.2010 15:17:18
Dobro e sto se ima metla...pa kakva i da i e rackata.A SDSM ne znaese za ovoj zbor.Pozdrav
Од: D-r
Датум: 14.12.2010 17:44:46
Strasno e ova ,kolku e nepismen ili neprosveten NARODOV nas makedonski.Kriminal e kriminal pa makar i od KAMCEVSKA so site nejzini pridavki da e.
Од: Pavel
Датум: 14.12.2010 17:46:47
Игор најпрвин изнесе дека се украдени 20.000.000, па веднаш потоа ја спушти сумата на 8.000.000. Дали за новинарката овој податок е од неважност?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.12.2010 19:52:35
Да причекаме и да видиме каква судска разрешница ќе има од наодот на МВР.Инаку за предвремени и неаргументирани обвинувањ�� некој ,,му ја опапа,, со 1000евра.А по се изгледа и некој друг има големи шанси да му се случи истото.И да се послужам со вашата омилена фраза пресумција на невиноста,или таа важи само како опозициска фраза за другите неважи,затоа ,,сабур,, малку со рачката од метлата.Инаку сум за тоа да се оди до крај во откривањето,нее важно за кого се работи.
Од: Професорка
Датум: 14.12.2010 21:26:59
Ве молам да не наоѓате мани на честа и угледот на Бети. Та, таа е како муза на Премиерот и на Паско. Без нејзината племенита фаца тие не можат да дојдат до инспирација за наколни живеалишта, царски дворци, капии и други капитални инвестиции. Ве молам метлата подалеку.
Од: Mitre
Датум: 15.12.2010 04:12:43
Metlata nema raccka duku drsska...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)
Има ли место за џамија во Атина
Најбитно е да имате свои луѓе
Лош финиш на досието на Груевски
Охрид чека гости, ама не ги кани
Навивачите на Динамо го запалија автобусот на ПАОК
Пара(лелен) попис?!
Не' очекува студена недела
Може ли Џеко да почива во мир?
Сите во лов на необоени гласачи
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Владата призна погрешна буџетска политика
„Шишеџам“ пишман за пишманењето
Пожар ја запали дилемата за сопственоста на теќето
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
За патриотизмот се работи
Стил
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary