Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

„Шишеџам“ пишман за пишманењето

Конечниот одговор од турската компанија се очекува во почетокот на 2011 година

Маја Томиќ

Дали „Шишеџам“ наскоро ќе стане трета инвестиција во зоната „Бунарџик“? Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, вчера најави дека конечниот одговор од турската компанија за реализација на веќе најавената инвестиција, изградба на фабрика за стакло, може да се очекува во првиот квартал од следната година.

Преговорите со Владата биле прекинати поради економската криза, а сега се обновени, посочи Пешевски, кој изрази оптимизам дека инвестицијата ќе заврши со успех.

„Во светло на последните случувања во светот и новата стратегија што ја имплементира компанијата, повторно ги почнуваме разговорите. Јас сум оптимист дека тој процес ќе заврши успешно, но станува збор за голема инвестициска одлука од компанијата. Работиме активно и очекувам во првиот квартал од следната година да го добиеме конечниот одговор, дали ќе инвестираат или не“, изјави вчера Пешевски по конференцијата за унапредување на извозот.

Меморандумот за разбирање меѓу Владата и „Шишеџам“, четврта по големина компанија за стакло и стаклени производи во светот, беше потпишан пред една и пол година, непосредно пред локалните и претседателските избори. Според него, фирмата годинава требаше да почне со изградба на фабрика за производство на шишиња за пиво и за сокови. Првично најавената инвестиција изнесуваше 45 милиони евра, за првата фаза, а нудеше вработување на околу 300 лица. Годишното производство требаше да достигне вредност од 45 милиони евра.

Владата отсекогаш беше оптимист кога стануваше збор за турските инвестиции. За потсетување, во мај годинава премиерот Никола Груевски на македонско-турскиот бизнис-форум во Охрид изјави дека од Турција треба да пристигнат инвестиции од половина милијарда долари, вклучувајќи ги ТАВ и „Шишеџам“.

„Од Турција очекуваме дека сегашните 180 милиони долари инвестиции, до 2011 година ќе достигнат половина милијарда долари“, оцени тогаш Груевски.

А, освен „Шишеџам“, во изминатиов период беше искажан и интерес за инвестирање и од страна на турските „Борал“ и „Чимса“, производител на цемент. На последниот македонско-турски форум, организиран од Стопанската комора, беше кажано дека „Чимса“ би инвестирала околу 200 милиони евра на нашиот пазар.

Владата досега имаше многу бизнис-средби, дома и надвор, а резултатите од конкретните инвестиции се мали. Од најавените вложувања во зоната „Бунарџик“, меѓу кои од словенечка „Искра“, италијанската „Техно хосе“, турската „Отомотив“, корејската „Хаиер“, француската „Монтипе“, засега работат само „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“.


#
Статијата е прочитана 1857 пати.

Испрати коментар

Од: riki
Датум: 14.12.2010 12:26:40
mozebi nekoj "gi poducil" deka treba da se povlecat pa da gi obnovat pregovorite - so cel da dobijat dopolnitelni subvencii od drzavata.
Од: KOLE
Датум: 14.12.2010 12:55:02
Според насловот, вам како да ви е криво? (што се пишман)
Од: забеган.
Датум: 14.12.2010 13:04:55
АБРЕ неги молете кога и онака во та зона нема место.Сега ќе дојдела некоја гоооолема фирма ШИШЕ-ПЛАСТИКА.Која ја нашол Самак.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 14.12.2010 13:25:06
Пак се враѓќќам на балканите, но овој пат немој да грешите.
Од: Pred izbori
Датум: 14.12.2010 15:45:41
taman pred izbori pak ke se slikaat, ke gi castat turcite nekoe rucece vo vodenica so nasi pari, demek aj sea nie ve castevme rucek vie demek ke investirate... predizborni lagi
Од: Трпе
Датум: 14.12.2010 15:47:41
Кога разбрале ,преку македонските промотори за привлекување на странски инвестици,како пастирот нуди робови како ефтина работна рака,за инвестирање биле заинтересирани и Мерцедес,Волво,Самсунг,Фиипс,Адидас,Долче и Ебана и други странски фирми.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)
Има ли место за џамија во Атина
Најбитно е да имате свои луѓе
Патриотска метла со куса рачка
Лош финиш на досието на Груевски
Охрид чека гости, ама не ги кани
Навивачите на Динамо го запалија автобусот на ПАОК
Пара(лелен) попис?!
Не' очекува студена недела
Може ли Џеко да почива во мир?
Сите во лов на необоени гласачи
Почина американскиот дипломат Ричард Холбрук
Владата призна погрешна буџетска политика
Пожар ја запали дилемата за сопственоста на теќето
Црна Гора добива статус на кандидат за ЕУ
За патриотизмот се работи
Стил
Манчестер Јунајтед го среди безопасниот Арсенал
Бомба го откажа летот од Софија за Атина
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary