Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Спорт
19.07.2012, 17:48

Несреќен пораз за полна арена

Вардар играше добро, но загуби со 3:2 од тимот на БАТЕ Борисов со двата гола во судиското продолжение

Сашко Ѓ. Димовски

Се сеќавате ли на финалето во Лигата на шампиони во 1999 година меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен кога „ѓаволот“ ја однесе шегата од Германците, а „црвените ѓаволи“ трофејот на УЕФА со головите на Солскјер и Шерингам во судиското продолжение? - Идентична судбина доживеа и Вардар на гостувањето во Борисов кај тимот на БАТЕ. Нивоата се различни како небо и земја, се разбира. Дуелот пред 12 години беше за титула, оној во средата само квалификациски, меѓутоа крајниот епилог беше креиран по пресликано сценарио.

Вардар пропушти голема прилика за победа што ќе одекнеше како сензација во фудбалска Европа. Со водство од 2:1 влезе во судиското продолжение во кое, за жал, прими два гола и на крај загуби со 3:2 од БАТЕ Борисов во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА.

„Ова е добра лекција за нас да знаеме дека мечот трае до последниот свиреж на судијата. Се случи пад во концентрацијата во самиот финиш и тоа е причината за поразот и проблем исто така. Противникот одлично го искористи тоа. Јас и натаму верувам дека имаме добри шанси да бидеме вкупни победници во двомечот. На домашен терен и со нашите симпатизери ќе биде полесно“, изјави Илчо Ѓорѓиоски на прес-конференцијата по натпреварот.

„Крвник“ за црвено-црните беше Витали Родионов, кој погоди во втората и четвртата минута од екстра времето, го отстрани притисокот од својот тим и ја наметна победата како императив за вардарци во реваншот на националната арена „Филип Втори“ наредната недела. А, дека таа е, и тоа како достижна покажа составот на Илчо Ѓорѓиоски на „Городскои“ стадион во Борисов. Сосема поинаква ќе беше приказната за среда навечер во Скопје доколку воведните 90 минути од двомечот завршеа без победник или со, за нас, посакуван триумф на македонскиот првак. Далеку од тоа дека шансите се загубени меѓутоа победа и тоа како убаво ќе звучеше. До неа Вардар го делеа 160 секунди, откако пресврт направија Костовски во 54. минута и Стјепановиќ во 62. минута, првиот гол за БАТЕ Борисов, кого без сомнение го очекува полн стадион во возвратниот дуел, беше Мозолевски во 41. минута.

„На гледачите очигледно им се допадна овој трилер-меч. Не можам да кажам дека имавме среќа, тие велат дека нема среќа без вештини. Ако имавме среќа на крајот, не бевме толку среќни да постигнеме два гола во финишот. Обезбедивме предност пред нашето гостувањето Скопје“, рече Гончаренко.

„Одигравме тежок меч, но се' уште чувствувам внатрешна празнина. Не е тоа што го очекувавме. Сакавме да победиме, но на поинаков начин. Треба да размислиме зошто отиде во таа насока. Во еден момент престанавме да ја контролираме играта и му овозможивме преголема слобода на противникот. Во целина, ние се' уште имаме голема самодоверба“, потенцира двојниот стрелец за БАТЕ Борисов, Родионов.

БАТЕ Борисов - Вардар 3:2

Полувреме: 1:0. Стадион: „Городскои“ во Борисов. Гледачи: 2.000. Главен судија: Оливие Туал. Помошници: Фреџи Харшо и Сирил Ломпре (сите тројца од Франција). Жолти картони: Симиќ, Контсевои (БАТЕ Борисов); Стјепановиќ, Петров, Вајс (Вардар). Стрелци: Мозолевски во 41 минута, Родионов во 90+2 минута и во 90+4 минута за БАТЕ Борисов; Костовски во 54 минута и Стјепановиќ во 62 минута за Вардар.

БАТЕ Борисов: Горбунов, Радков, Бордачев, Симиќ, Полјаков, Володко, Олекнович, Лихтарович (Концевои 69 мин.), Павлов (Рудик 69 мин.), Мозолевски, Родионов. Тренер: Виктор Гончаренко.

Вардар: Захов, Алеченву, Таневски, Илиевски, Вајс, Темелков, Стојаковиќ (Гуобадиа 83 мин.), Стјепановиќ, Костовски, Ранѓеловиќ (Маневски 86 мин.), Георгиев (Петров 59 мин.). Тренер: Илчо Ѓорѓиоски.

Марибор на Ибраими убедлив против ЖелезниЧар

Марибор демонстрира завидна ефикасност против Железничар и славеше со 4:1 во првиот меч од второто коло во квалификациите за ЛШ. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими не беше меѓу стрелците, но беше еден од најагилните во составот на словенечкиот претставник. Беше стартер и ги одигра сите 90 минути.

Квалификации за ЛШ

Резултати, 2. коло, први мечеви: БАТЕ Борисов (Белорусија) - Вардар 3:2, АЕЛ Лимасол (Кипар) - Линфилд (С. Ирска) 3:0, Лудогорец (Бугарија) - Динамо Загреб (Хрватска) 1:1, Марибор (Словенија) - Железничар (БиХ) 4:1, Будуќност (Црна Гора) - Сласк (Полска) 0:2, Молде (Норвешка) - Вентспилс (Летонија) 3:0.

Билет за БАТЕ Борисов 100 денари

Раководството на Вардар веќе ја одреди цената на билетите за реваншот со БАТЕ Борисов што ќе се одигра на 25 јули во Скопје во 20 часот. Одредена е симболична сума од 100 денари за северната, јужната и источната трибина на „Филип Втори“ како и за западната во која дел ќе бид�� резервиран за навивачката група „Комити“.

Влезниците ќе се продаваат во продажната мрежа салони на „Тугедер Тобако“ во Скопје и низ цела Македонија и на билетарницата на националната арена. Јавноста ќе биде дополнително информирана за денот на пуштање во оптек на билетите.


Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар



Олимпиското село остана без вода
Затруени Австралијци во Дерби
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
„Кралската етапа“ за Французинот Феклер
Олимпиското злато вреди 620 долари
Тројца „ничии“ спортисти во Лондон
Шанса за одмазда против Данците на СП 2013

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 3 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Светските лидери и холивудските ѕвезди на отворањето на ОИ
Стотина светск�� познати личности вклучувајќи 120 светски лидери ќе присуствуваат во петок на отворањето на Олимпиские иг...
Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост
Олимписките игри во Лондон почнуваат во петок и ќе биде тоа првпат тие да се одржуваат во текот на Рамазан уште од Москв...
На олимпиското мени - од пиле млеко
Жак Рог му оддаде признание на Лондон за организацијата на ОИ
Отворањето на Игрите ќе чини 36 милиони евра
Дожд на отворањето на Олимписките игри
Тој спринтува без нозе, а девојка му е супермодел
Спиеше со момчето и остана без Игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |