19.07.2012, 17:52 Олимпиското злато вреди 620 долари
Додека спортистите во светот се подготвуваат за поход кон најсјајните медали во Лондон, оттаму стигнуваат интересни факти за вредноста на олимпиското злато. Тоа е сон на секој спортист, но се поставува прашање дали навистина се работи за злато или за нешто сосема друго? - На изненадување на сите се покажа дека олимписките златни медали во најголем дел се составени од сребро!
Секое златно одликување тежи 412 грама од кои само 1,34 отсто или шест грама отпаѓаат на највредниот метал. Околу 93 отсто е сребро и околу 6 отсто од бакар. Финансиската вредност на секој златен медал е 620 американски долари. Последните чисти златни медали беа доделени на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година.
За медалите што ќе се доделуваат во Лондон биле потрошени девет тона метал и легури на бакар ископани во рудникот Солт Лејк Сити и Толгој рудникот во Монголија. Дизајнот на предната страна е дело на британскиот уметник Дејвид Воткинс, а на задната страна е отсликана грчката божица Ника. |