Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Спорт
19.07.2012, 17:51

Тројца „ничии“ спортисти во Лондон

Натпреварувачите од Холандски Антили немаат право да ја претставуваат својата земја и затоа ќе настапат како независни спортисти на Игрите во Лондон

Третпат во историјата на Олимписките игри ќе има натпреварувачи кои нема да претставуваат ниту една држава. Станува збор за атлетичарот Ли Марвин Боневасија, за џудистот Реџинал де Винд и за едриличарката Филипине ван Анхолт. Сите тројца доаѓаат од Холандски Антили, меѓутоа ќе се натпреваруваат како самостојни спортисти, под олимпиското знаме, бидејќи нивната земја беше исклучена од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во 2011 година.

Оваа селекција официјално се вика Независни олимписки учесници и во неа требаше да има уште петмина претставници на Кувајт кои беа суспендирани од олимписки комитет на оваа земја. Меѓутоа, суспензиите беа повлечени во саботата, на 14 јули, така што тројцата спортисти од Холандски Антили останаа единствени во ова друштво. Најпознат спортист од овие карипски острови е Чуранди Мартина, но од минатата година се натпреварува за Холандија под чие знаме освои злато на ЕП во Хелсинки, минатиот месец, во трката на 200 метри и во штафетата 4х100 метри.

Ова не е прв пат на едни Олимписки игри да има учесници кои не претставуваат ниту една земја и се натпреваруваат под олимпиското знаме. Во 1992 година Македонија и тогашна СФР Југославија составија тим од 58 спортисти кои немаа можност да ги претставуваат своите земји и останаа независни учесници. Причината за нашите петмина натпреварувачи беше таа што Македонскиот олимписки комитет (МОК) се' уште не беше формиран, додека Србија беше под санкции од Обединетите нации (ОН) и не смееше да учествува на Игрите. Македонски репрезенти тогаш беа Елизабета Павловска (атлетика), Лазе Поповски (кајак), Кире Филиповски (пливање), Наташа Мешковска (пливање) и Зоран Шоров (борење).

Ист случај имаше и во 2000 година, во Сиднеј, кога четворица спортисти од Источен Тимор го вееја олимпиското наместо знамето на свој��та земја, но тогаш под името Индивидуални олимписки учесници. (В.А.)


Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар



Олимпиското село остана без вода
Затруени Австралијци во Дерби
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
„Кралската етапа“ за Французинот Феклер
Олимпиското злато вреди 620 долари
Шанса за одмазда против Данците на СП 2013
Несреќен пораз за полна арена

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 4 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Тој спринтува без нозе, а девојка му е супермодел
Веќе цел месец, наведува истиот извор, Јужноафриканецот Оскар Пистоиус излегува со рускиот супермодел Анастасија Хожисов...
Спиеше со момчето и остана без Игри
„Го прекршив правилото што го почитуваат сите девојки. Точно, моето момче доаѓаше во соба и мислев дека никој не знае за...
Дожд на отворањето на Олимписките игри
Маратонец без пасош на ЛОИ 2012
Запленети 10.000 лажни олимписки знамиња
Бекам на отворање на Игрите?

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |