01.05.2012, 16:45 Интерпелација за Ставрески, за дуел ќе почека
СДСМ бара одговорност од министерот за финансии, а ВМРО-ДПМНЕ нуди ТВ-соочување со него
Ќе има ли ТВ-дуел Црвенковски - Ставрески. Опозицискиот лидер би ја прифатил ракавицата што му ја фрли ВМРО-ДПМНЕ, но само ако актуелниот министер за финансии и член на Извршниот комитет на владејачката партија се подготвувал да го замени Никола Груевски на лидерската позиција во партијата. Така одговорија од СДСМ откако Антонио Милошоски го предизвика Црвенковски на дуел со Ставрески, а како одговор на барањето на опозицијата министерот за финансии да замине од Владата.
Ставрески, сепак, ќе мора да се соочи во парламентот со опозициските пратеници откако Црвенковски соопшти дека за министерот за финансии ќе биде поднесена интерпелација. Во екот на кадровските смени што ги презема ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ процени дека треба да се преиспита работата на Ставрески, еден од најблиските соработници на премиерот Груевски. Интерпелацијата се поведува поради тоа што по само четири месеци се прави ребаланс на буџетот, како и поради континуирано енормно задолжување на државата, но и поради инволвираност на Царината и на УЈП во аферата „Детонатор“.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека ребалансот се прави поради кризата во ЕУ и нејзиното влијание врз нашата земја. Од владејачката партија му понудија на Црвенковски телевизиско соочување со Ставрески.
„Најдобро е, ако Црвенковски се чувствува подготвен, да излезе на ТВ-дебата со министерот Ставрески, да дебатираат за буџетот и за економијата“, предложи Милошески.
Ова е прв пат оваа гарнитура на врвот на ВМРО-ДПМНЕ да предлага дуел со опозициски претставник, но не на ниво на партиски лидери, туку меѓу водачот на СДСМ и министерот за финансии. Оттаму и одговорот од опозицијата дека Црвенковски би дебатирал со Ставрески ако тој е кандидат да го замени Груевски во партијата.
Повеќето изборни кампањи во втората деценија од плурализмот во Македонија поминаа без телевизиско соочување меѓу лидерите на двете најголеми партии, иако овој сегмент од кампањата е вообичаена практика во повеќето демократски општества. И на предвремените избори во 2008 и на последните избори минатата година, Груевски ја одби понудата што му ја упати јавно опозицијата за дуел со кандидатката на СДСМ за премиер, Радмила Шекеринска. Досега немало телевизиско соочување на Груевски ниту со Црвенковски, иако тој веќе трета година повторно е на кормилото на СДСМ. Со образложение дека Владата дава отчет пред граѓаните, премиерот не се соочи ниту со Зоран Заев за време на локалните и претседателските избори во 2009 година, ниту со Владо Бучковски во 2006, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. (А.М.М.) |
|
Статијата е прочитана 2848 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 02.05.2012 00:43:20 | Novo cudo, DPMNE nudi TV-duel. Inaku sto sakav da prasam, ima li ekspert ili tolkuvac koj ke znae da ja resi zagatkata na premierot kolku vsusnost iznesuva nadvoresniot dolg na RM, razbira se, vo evra!? |
| Бобо, 02.05.2012 01:04:25 | Ајде погодете зошто Грујо не искача на ТВ дуели . Во сите нормални држави гласачите се сведоци на дебати, само не кај нас. Овие од ВМРО, рака на срце, нешто и не ги бидува за зборење. Пушти рекламче на плебсот и си завршил работа. Бидете малку сериозни и дајте ТВ дуел, барем меѓу двајцата Зорановци, Ставрески vs Јовановски. Сигурно имаат што да си кажат... |
| jimmy1, 02.05.2012 01:45:26 | Ha ha ha, Stavreski na duel so Crvenkovski. A dali na duelot ke prisustvuva i Grujo za da mu kazuva na Stavreski sto da kazi. Pa ovaj neznajt da guknit pa ke izlezel na duel. Pa neli koga mu bese postaveno prasanje vo sobranieto neznaese sto da kazit, cekase Grujo za da mu sepnit pa taka gi kaza samo dva zbora. Prava UTKA. |
| bez trag, 02.05.2012 02:21:25 | Dobro be VMROVCI normalni ste budali li ste pijani ste sto vi fali...Branko i cela SDSM ve molese da izlezete na duel i vo bilo koja vasa TV a vie kako P...I cutevte nigde ve nemase vi se fati glasot,a sega koga vidovte deka vi se blizi krajot sakate da izlezete na duel,arno ama vasiod vokabular e mnogu gnasen za da imate duel so gospodin kako sto e CRVENKOSKI .... |
| Трајче, 02.05.2012 07:28:47 | Ке излезет дезертерот Ставревски на дуел но знаете што ке каже, дека Македонија има најниски даници (а најголем буџет),најмногу ја раздолжиле за последните 6 години(тој може и да ја разголжи и да ја задолжи),најмногу странски инвестиции досега(само тој ги гледа),најголеми покачувања на платите во овие 6 години(номиналнo а не реално)најмногу вработувања ...... |
| ФЕЛИКС, 02.05.2012 07:44:33 | Види богати познатиот дуел играч избегнува тв дуели.Вероватно знаењето му е од економијата и економските процеси толкаво колку што новороденче умее да зборува,или попластично Jimi нула се разбира од квантна физика.Инаку најважни дуел случувања се изборните,таму се гледа кој играч го бива а кој ептен не го бива.Досегашната пракса покажа да барателот на тв дуели и ,,изборни раце,, доживува катаклизмички успеси на противникот,никако да му појде од рака да нешто направи да се избегне Титаник судбината на сопствената партија.Но за непродуктивно однесување и говорење е неприкосновени шампион,илузионист дури можеби подобар од Коперфилд.Инаку се одбегна да се опише и барањето за интерпелација на министерката на МВР,вероватно се,,прегриза јазикот,, после вчерашните случувања. |
| tripun, 02.05.2012 08:09:48 | posposoben minister i posposobna vlada Makedonija nitu imala a nitu ke ima,a nivnite uspesi zboruvaat i nema potreba od tv dueli.Iskompleksiranite eks komunisti od sdsm najprvo neka se preispitaat sebesi,a potoa drugite |
| tatu, 02.05.2012 08:14:19 | Секакви глупости од ДПМНЕ. Знаат ли тие што ќе се случи со економијата во Македонија од Јануари 2013 ? Ако незнаат, да им припомогнам и да ги потсетам дека тогаш пристига наплатата на првите обврзници на владата на овој режим, па ќе видиме како оваа држава тоа ќе го почувствува. Тоа ќе биде катастрофа за економијата во државата. На ТВ дуел со Ставревски? Ајде бре Бранко. Зар ќе паднеш толку ниско и на ниво на овој лажго? Тој може да е економиста сто пати, но дека е првиот деструктор на економијата во Македонија тоа е факт. Одлично што навреме се очисти од СДСМ. |
| strumica, 02.05.2012 08:33:10 | Gotovo e, ,,pada vlada,,. Stom dozvoli DPMNE da povikuva na duel krugot e zatvoren. Sakaat da se fatat za poslednata slamka kako sto saka da se fati i davenikot. Dosega tolku godini izbegnuvaa dueli i na lokalno i na drzavno nivo i sega odednas nie sakame a SDSM begaat. Providno i ocigledno baranje spas i kupuvanje vreme. |
| branko, 02.05.2012 08:44:59 | do bobo samo edno prvo da go objasnis zborot iskaca prevedi go na makedonski sto znaci posle premierot neka se pojavi na tv duel, |
| kiril, 02.05.2012 09:06:05 | A koj im dozvolil na dvajcata amateri da si igraat so sudbinata na cel narod. AAaa narodot, e pa sega vo kaltaaaa. |
| Неинформиран, 02.05.2012 09:35:35 | Не сретнав во весници дека и Груевски го зафатил „новиот бран“ па претседател на дпмне станал Ставревски! Па,тој да ти има и секундант,бугарчето Тони , кој му закажува дуели со претседатели на други партии!
Инаку , на вчерашните случувања веруваат само феликсчиња од мал маштаб! |
| od doma, 02.05.2012 09:54:05 | Normalno deka Crvenkovski nema da izleze na smesen duel so Stavrevski! Tie sto ponudile vakvo nesto, ili nemaat vrska so protokol ili davat narocno takov glup predlog, za da ja zalazat rajata koga ke bidat odbieni. A Cvenkovski ubavo odgovori so kogo moze da ima duel, sto, za zal, e mnogu tesko da se najde takva licnost kaj portikalovite koj bi mozel da mu bide partner! Nash Feliks, pak nisto ne razbral od seto ovoa kako sto ne razbral za interpelacijata na Jankulovska i vcershniot uspeh za golemoto otkritie? Toj ne razbra sto e MANIVELA i zosto toa e kazano, pa kamo li da razbere eden vakov( za nego) pokompleksen problem!(Neka za ovoa prasha bilo koj shofer, ke mu objasni, sto e koga se *vrakja* manivelata) Ajde izlevanje na debata kako toa sto se pravi na sekade,(barem ednas vo godinata) pa duri i vo Afrika kade ne ostanuvaat prazni stolici na mestoto na pokanetite koi po takvo beganje, mozat da si zaminat od politikata! Bravo za odgovorot na SDSM za (ne) prifakjanje na debatata! |
| TV duel, 02.05.2012 12:47:54 | Predlagam TV duel Stavrevski Zoran Jovanovski, a Gruevski so Crvenkovski |
| bezanec, 02.05.2012 13:03:18 | До Феликс! Б.Ц.како што го викате вмровците ви е кошмар во сонот штом се појави,феликс има коментар а за другите случување јазикот му се сфаќа,умот му се блокира а разумот му е исперен од вмровските секојдневни лаги. Нормално е да има дуели но во нормални држави со вистинска демократија. |
| девичанецот, 02.05.2012 14:38:19 | Пензионерот сака дуел? Во кое својство...
Како експерт по економија, по финансии ли?
Или секако како експерт по ветер и магла и сеење на лажни ветувања? |
| zarko prilep, 02.05.2012 16:37:32 | od vakvi ko feliks stradame nema den da ne napisi komentar a kutrio nema ime ili cvika pa da si go pisi svoeto gotov si feliks i dva komaentari na den da pisuvas procitan si od pred 3 godini pojma nemas ti od zivoto ......... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|