Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
30.08.2012, 17:53

Писма - „Пуси рајот“ бесповратно ја минаа границата

Олег Шчербак, амбасадор на Русија во Македонија

Почитувана г-ѓа Крамарска!

Благодарни сме на вашиот весник за тоа што објавува што се случува во нашата земја. Независно од тоа дали ние се согласуваме или не со тоа како во вашиот весник се презентираат настаните во Русија, статиите во „Утрински весник“ ни помагаат да погледнеме на себе отстрана, подобро да ги согледаме достигнувањата и недостатоците на руското општество. Од наша гледна точка, во случајот на судскиот процес за предметот на феминистичката панк-рок група „Пуси рајот“ „Утрински весник“ пројави голем емоционален однос кон оваа тема и активно се вклучи во полемика за правните и моралните аспекти на постапките на оваа група. Толку напрегнатото внимание на вашиот весник за сензацијата околу „Пуси рајот“ ме натера да ви се обратам, со оглед на тоа дека цела низа суштествени околности поврзани со настанот сосема незаслужено, според нашето мислење, останаа во сенка.

Пред се', со жалење морам да констатирам дека поголемиот дел написи во западните и македонските јавни гласила, изјавите на политичарите и на општествените дејци кои се поврзани со пресудата за учесничките на групата „Пуси рајот“ покажуваат неинформираност и се со површен приод на нивните автори. Згора на тоа станува збор за мошне сериозен проблем за Русија (и не само за неа), во кој тесно се преплетени прашањата за моралната состојба на општеството, слободата на творештвото, правата и обврските на граѓаните, почитта кон религиозните вредности и за сметка на тоа разновидните политички шпекулации.

Малку историја. „Пуси рајот“ е создадена во 2011 година. Основна дејност на оваа група, според се', од причина на отсуство на вистински творечки талент и професионализам кај нејзините членови, се надмените перформанси на најнеочекувани места: на покривите на средствата за јавен транспорт, во полициски станици, на Лобно место на Црвениот плоштад (местото каде што до XVIII век се извршувале екзекуции). Сепак сите нивни обиди да се стекнат со популарност и да станат познати останаа залудни. Токму затоа ним им станаа потребни методите на црниот пи-ар, што веќе станаа класика, кои гарантираат пат кон евтина слава. Рецептот е едноставен: ако не постои уметнички талент и совест, треба да се направи голем скандал преку медиумите и на интернет. Следниот ден по своите богохулни ѓаволштии во најголемиот православен храм во Русија, храмот на Христос Спасителот, „Пуси рајот“ го потресе целиот свет. Не им е гајле што овој храм беше подигнат во чест на бранителите на Русија, кои победија во Татковинската војна во 1812 година? Не им е гајле што со своето богохулење на ова свето, за секој нормален човек, тие го сквернавеа не само сеќавањето на загинатите борци и ги повредија чувствата на милиони православни луѓе?

Неколку збора за позицијата на Руската православна црква. Уште на самиот почеток од судскиот процес, РПЦ повика да бидат ослободени членовите на панк-групата доколку тие се покајат и покажат жалење за стореното. Но, кампањата за нивна поддршка и ослободување, која започна на Запад, а потоа продолжи и во Русија, кога потсмевањето врз чувствата на верниците беше наречено „смела опозициска акција“, ја зацврсти увереноста на панк-пејачките за својата невиност и за тоа дека тие се над човечката совест и моралот. Тие дури и изјавија дека се подготвени да го повторат перформансот, одбивајќи ја со тоа можноста да се среди ситуацијата на ваков наједноставен и на најцивилизиран начин.

Крајно неморални се и обидите да се претстави „Пуси рајот“ како жртва на политички репресии. Како прво, дури и при најбогата претстава, невозможно е пресудата да се нарече одмазда на претседателот Путин. Додека панк-пејачките некако се обидуваа да се однесуваат пристојно според прифатените правила на пристојното општество, кон нив немаше никакви санкции, освен парични казни. А, токму Владимир Путин беше централната личност на нивната критика, бидејќи, според нивното мислење, тој е „симбол на патријархални погледи и на сексизам“. И сега темата за политички монтирана пресуда одново се дискутира.

Второ, изборот на „Храмот на Христос Спасителот“ за т.н. панк-молебен, тие го објаснија со тоа што поглаварот на РПЦ, патријархот Кирил, го поддржал претседателот Владимир Путин. Но, токму Путин, по својата убедлива победа на изборите, го поддржаа водачите на сите религии во Русија, без исклучок! Така се наметнува и прашањето: што би се случило со „Пуси рајот“ или со нивните поддржувачи доколку тие би извршиле слично сквернавење во синагога, џамија или во хиндуистички храм? Впрочем, обидите да се навредат чувствата токму на православните верници и, во поширока смисла, чувствата на христијаните се прават и сега од страна на адвокатите на „Пуси рајот“. За тоа се зборува и во колумната на почитуваниот г. Чулев „Панкерки против Путин“, каде што тој пишува за намерата на правниците да побараат „докази за постоењето на Богородица!“. Дали вам ваквото понижувачко барање ништо не ви кажува? Се враќаме ли на времето на прогон на христијаните, како што тоа се правело во епохата на Римската Империја или во периодот на гонењето на православната црква за време на болшевиците? Дали е можен таквиот пристап во нашето време – време, кога терминот „човекови права“ доби конкретна правна смисла? Ако се придржуваме за вистинските вредности, за кои се зборува во друг текст на „Утрински весник“, тогаш треба да се придржуваме и до слободата на совеста.

Како трето, сосема непристојно изгледаат обидите на некои медиуми да го уверат читателот во тоа дека „Пуси рајот“ имаат право, кога се подвлекува тоа дека во нивна одбрана застанале Мадона, Елтон Џон... Секако, сите тие се мошне големи творечки личности и групи, кои оставиле своја трага во поп-музиката. Но, ако зборуваме отворено, тоа не значи дека тие можат да претендираат за улогата на беспрекорни морални авторитети. И многу е тажно што овој свет засекогаш го напушти Мајка Тереза!

Во печатените медиуми со право се забележува дека перформансот на „Пуси рајот“ ги подели Русите. Таквата постапка едноставно не можеше, а да не ги разбранува широките слоеви на нашето општество. Таа и мене ме засега, како човек, како татко и како граѓанин. Се премолчуваат и резултатите на различните анкети, кои покажаа дека мнозинството жители на Русија не се на страната на „Пуси рајот“.

Во цивилизираното демократско општество цврсто е вграден императивот: „Мојата слобода завршува онаму каде што започнува слободата на друг човек“. Судејќи според постапките, „Пуси рајот“ бесповратно ја минаа границата, помешувајќи ја слободата на самоизразување со седозволеност. Својот момент на слава кај едни и безмерниот презир кај други, тие го добија. Нека им е на здравје. Тоа е нивен избор и тие самите го направиле. Работата не е за нив, туку за самите нас. Каков избор ќе направиме ние? Избор во полза на хулиганството и некултурата, пренебрегнувањето на верските и човечките вредности? Или, напротив, ќе се замислиме за нашите деца, за нивното морално здравје и цврсто ќе кажеме „не“ на тоа морално беззаконие. Ќе бидам отворен и ќе кажам дека јас лично не би сакал некогаш бесни девојки, накитени со маски-гаќи, да направат баханалија пред олтарот на храмот „Климент Охридски“ или во Мустафапашината џамија. Сигурен сум, г-ѓо Крамарска, дека и Вие не го посакувате тоа.

Сакам да ги повикам новинарите да не тураат пепел врз „Пуси рајот“. Тие имаат законски загарантирана можност да се обратат во апелација. Постојат судови од повисока инстанца. На крајот на краиштата, останува, иако мошне привидна, можноста да се побара прошка од оштетената страна. И дури потоа пресудата конечно ќе стапи на сила. Пресуда, донесена според руските закони. Ќе биде ли ублажена пресудата или, напротив, ќе биде ли таа посурова, ќе реши судот. И јас сум уверен дека тоа ќе биде прослава на правото, а не „Пуси рајот“.


Статијата е прочитана 1283 пати.

Испрати коментар



Ќе одморат ли лопатите?
Чекајќи абер од Америка
Остваруваме - во продолжение
Катар е уште далеку



Itar Pejo, 31.08.2012 00:13:03
Jas gi kanam Пуси рајот, stom izlezat od zatvor da dojdat na turnea niz makedonskite crkvi i djamii a potoa neka prodolzat niz EU.
jovan, 31.08.2012 00:58:56
Ako ima nekoj hrabrost neka go prevede zborot *pusi rajot* na Makedonski, pa se ke vi bide jasno. Toa e obicen sljam, regrutiran da ja rusi Rusija od vnatre. Nisto poveke i nisto pomalku od toa.
Читател, 31.08.2012 01:17:01
Господине амбасадоре, доста мудро од вас да се повикувате на некакви „чувства на верниците“ бидејќи знаете каква е ситуацијата во Македонија и како и овде имаме „преосетливи верници чии чувства многу лесно се повредуваат“. Ме чуди само како една таква земја како Русија, со толку многу верници е еден од светските рекордери во конзумацијата на алкохол. Тоа баш и не е комапатибилно со имиџот кој сакате да го изградите. Доста пробувате да се извадите од калта во која сами се заглавивте. 2 години затворска казна за таков прекршок е премногу. Како се друго во Русија да е под конец, па стигнало на ред уште со „Пуси рајот“ да се пресметате. Дајте да читаме како Русија испратила некоја сонда на Марс, а не како уште кај вас се владее деспотски.
pretpriemach, 31.08.2012 01:21:12
Vo site svoi komentari na temava za koja pisuvate moite stavovi bea jasni:ne moze nekoi huligani povikuvajki se na pravoto na sloboda na govorot (izrazuvanjeto) da gazat vrz pravata i slobodote na drugite, vo slucajov pravata na hristijanskite vernici, nivniot mir i spokojstvo vo hristijanskite hramovi. Pocituvan Ambasadore vo osvoj svet na iskriveni kriteriumi na vrednostite, zadovolstvo e da se slusne govorot na logikata i razumot,so koj se poddrzuvaat tradicionalnite vrednosti.
од битола, 31.08.2012 11:22:26
се што е напишано од амбасадорот е на место! а за другите кои коментирате - не се прајте толку умни и не продавајте магла. и мадона и елтон џон и пуси рајот све е тоа еден обичен шљам. типична слика на западот, рафрлање со пари и ширење неморал. сите само велам во македонија има ерозија на моралните вредности а никој не сака да ги отвори очите. амбасадаотот поставува едно прашање: што ќе се случеше ако се качеа истите во џамија? досега обесени ќе беа јавно на некој плоштад. вие душегрижници, оти не застаните еднаш зад интересите на обичниот народ туку само зад ексцентриците кои само измислуваат погадни методи за продажба на нивните синглови. за жал русија падна на испитот. на ваквите не треба воопшто да им се обрнува внимание, а камоли да се апсат. тие сакаат да бидат уапсени и да ги кажат на тв. русите само го направија тоа шо го сакаа. требаше само на клоци да ги тргнат од црква/полициска станица/метроа каде прават циркуз и да му стават парична казна и толку.
Itar Pejo, 31.08.2012 15:08:03
ups greska bese toa sto go napisav, nema vrska. Pusi rajot ne treba da zivejat!!!
Сомнително лице, 31.08.2012 19:08:26
Мене ме интересира еден настан поврзан со гореспомнатиот. Имено, при давање на интервју за време на протестите беше уапсен и славниот Каспаров. Насилно, без никаква причина. Како е можно да немате почит кон човек со IQ 180 ? Зарем вашите мислења се поиздржани? А какво е тоа повредување на чувствата на верниците? Нели секое зло е божји тест? Нели ова беше искушение? Нели треба да се прости на непријателот? Каков е тој верник што заради неколку разиграни девојки кои внесоа шаренило во монотонијата на едноличните мрачни студени цркви ќе се дрзне да им ја одземе слободата? Засрамете се затоа што паднавте на испитот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |