Број 3393  вторник, 28 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Контроли за безбедноста на работните места

Дванаесет правни субјекти вчера добија овластувања за вршење стручни работи за безбедност при работа од министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, односно за процена на ризикот на работните места. „Согласно со Законот за безбедност и здравје при работа, субјектите што се стекнаа со дозволи за работа ќе го проценуваат ризикот при вршење на работа во компаниите. Процената ќе се прави по работно место, а не по работник. Исто така, периодично ќе се врши мерење на физички, хемиски и биолошки штетности“, истакна министерот Бајрами, но не прецизира колку ќе чини секоја процена, бидејќи, како што рече, тоа ќе го утврдуваат правните субјекти што добиле лиценци.

„Затоа чекавме да се пријават повеќе правни субјекти за да не дојде до тоа ако се во помал број да формираат повисоки цени за процена, кои не би можеле да ги издржат компаниите“, додаде министерот. Тој информира дека барање за дозвола поднеле 13 правни субјекти, од кои 12 ги исполнувале условите. Во меѓувреме, од 2009 година се спроведува обука што ја поминале околу 300 лица. Казните за неизвршена процена се од пет до осум илјади евра.

„Ние, односно Трудовиот инспекторат, нема да изрекува мерки веднаш, туку ќе ги потсетуваме дека тоа е обврска што треба да се исполни. Доколку и по дадените задолженија обврските не се исполнат, ние ќе бидеме принудени да изрекуваме казни“, појасни Бајрами. Директорот на Државниот трудов инспекторат, Горан Јовановски, рече оти најпрво задолженија за извршување процена на ризик ќе се даваат онаму каде што тој е најголем, односно во градежништвото и во производствениот сектор.

Од Здружението за заштита и безбедност при работа истакнуваат дека процесот на процена на ризик е значаен и е од корист и на работниците и на работодавците. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 28.09.2010 16:04:37
Значи пак „патриотски фискални“, противпожарни апарати, задолжително истакнато и заверено работно време и уште стотина други глупости од бладава.Само и само пак да се исцица уште некој денар од мртвото стопанство.. ДО КОГА ВАКА ???

Најди! во Утрински
Економија
Нема алиби за поскапување на струјата
УЈП за власта ќе ги собира парите од казни
Косовските власти ја конфискуваа опремата на српски „Телеком“
Комерцијална, „Алкалоид“ и „Гранит“ најбарана стока
„Шпигел“
Повлечени нови 9,6 милиони евра од ЕИБ
„Газпром“ да не' вклучи во „Јужен поток“
Бензините поевтинија за половина денар
Рекорден извоз на пиперки од Струмичко
Словенците на протести поради штедењето
Прекин на возовите до Грција
Бугарија ја присвоjува ракијата
Грција попушта за пушењето
Бајрами






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change