Рекорден извоз на пиперки од Струмичко
Струмица - Десет дена пред завршувањето на бербата, во струмичкиот регион е остварен рекорден извоз на црвени индустриски пиперки од сортата „куртовска капија“.
На деловните партнери од Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Косово и од други земји досега им се испорачани околу 15.000 тони „ајварка“ од што се остварени околу половина милион евра. Покрај трговците и извозниците, годинава се задоволни и земјоделските производители од добриот квалитет на родот и, пред се', од откупните цени, кои за прва класа изнесуваат 20 денари за килограм, за втора 16 и за трета класа 12 денари. (МИА) |