Број 3393  вторник, 28 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

УЈП за власта ќе ги собира парите од казни

Забрзување и поголема наплата на казните е основна цел на предложените дополнувања на Законот за даночна постапка, со кои Управата за јавни приходи ги презема ингеренциите во наплатата на надоместоците и казните од кривични, прекршочни и управни постапки, објасни вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Сегашната поставеност на системот, според него, не обезбедувала доволно ефикасна наплата на тие казни.

„Мора да се преземат мерки во делот на законската регулатива за поредовно и понавремено плаќање на казните, со цел да има вистински ефект и тие прекршочни и кривични дела да не се повторат. Ние сметаме дека со тоа ќе се подобри ефикасноста и економските субјекти во кои било случаи ќе бидат поодговорни кон одредбите на законот и на законските обврски, со цел да се спречи нелојалната конкуренција и сите други девијантни појави“, рече Ставрески.

Тој очекува да се зголеми ефикасноста во наплатата и да се забрза процесот, кој од моментот кога ќе се направи прекршокот додека да се плати казната, трае со години.

„Тоа создава лош мотив кај оние што го прекршуваат Законот, бидејќи знаат дека низ судскиот и друг систем таа процедура може да трае предолго. Истовремено се плаќаат високи трошоци ако се ангажираат извршители, а сметам дека во делот на државата тие не треба да се прават, туку да се направи напор преку УЈП да се забрза ефикасноста и да се зголеми наплатата на тие казни“, појасни Ставрески.

Примопредавањето на предметите ќе биде откако ќе се воспостават законските можности.

Првичните пресметки покажуваат дека 140.000 неплатени казни од фирмите и од граѓаните Државното правобранителство ги испратило до извршител, а сега ќе мора да ги префрли во УЈП за наплата. По оваа основа УЈП треба да наплати околу четири милиони евра од граѓаните и фирмите за неплатени казни за судски, прекршочни, парнични, управни спорови, во кои победник е државата, иако ситуацијата е менлива на дневна основа, па и сумата за наплата не е конечна. Тоа во превод значи дека даночниците ќе стапат во акција за наплата на досега неплатените казни на граѓаните за недозволено пушење, плукање, сообраќајни прекршоци, погрешно паркирање, брзо возење, неплатени кривични казни, како и долгови на фирмите кон државата. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 670 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 28.09.2010 12:54:40
Ова што го воведува ова блада за сопствениот народ,не е било ниту во турско.Но сите инструменти се во нивни раце па како сакат така ке си го уценуват сопствениот народ кој ги бираше.Но народот што си бараше и тоа си го најде.Голем дел сеуште неможе да свати што е десничарска партија.За несрека тие се одбрани од социјалата со лажно патриотски илузионистички способности.На здравје шишање.
Од: Oskar
Датум: 28.09.2010 17:55:14
Na Vladata i trebaat pari pod itno, nema vreme za cekanje. Samo se prasuvam koga vladinite sluzbi ke platat kazni za svoite milionski promasuvanja na steta na budjetot. Bravo za Trpe.

Најди! во Утрински
Економија
Нема алиби за поскапување на струјата
Косовските власти ја конфискуваа опремата на српски „Телеком“
Комерцијална, „Алкалоид“ и „Гранит“ најбарана стока
„Шпигел“
Повлечени нови 9,6 милиони евра од ЕИБ
„Газпром“ да не' вклучи во „Јужен поток“
Бензините поевтинија за половина денар
Рекорден извоз на пиперки од Струмичко
Словенците на протести поради штедењето
Контроли за безбедноста на работните места
Прекин на возовите до Грција
Бугарија ја присвоjува ракијата
Грција попушта за пушењето
Бајрами






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change