Прекин на возовите до Грција
Поради штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите, од вчера до 29 септември во прекин е железничкиот сообраќај со Грција. Од „Македонски железници“ информираат дека во овие денови меѓународните возови кон Солун ќе се движат само до железничката станица Гевгелија. Грчките железници во деновите на штрајкот ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно. (МИА) |