Број 3393  вторник, 28 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Комерцијална, „Алкалоид“ и „Гранит“ најбарана стока

Kомпаниите покажуваат добри резултати и во услови на криза, но проблем е што цените на нивните акции се потценети

Соња Маџовска



Акциите на „Алкалоид“, на Комерцијална банка и на „Гранит“ се најбарана стока на Македонска берза. Така е со години, и за време на берзанскиот бум, но и во последниве две години откако Берзата вртоглаво паѓа.

Според аналитичарите, овие компании покажуваат добри резултати и во услови на криза, но проблем е што и при одлични профити паѓа цената на нивните акции, или барем се одржува на потценето ниво. „Акциите на Комерцијална банка, на ’Алкалоид‘ и на ’Гранит‘ се најтргувани поради тоа што се репрезенти на пазарот, тие се меѓу најдобрите компании и имаат значајно учество на пазарот. Кај овие три компании е интересен фактот што ниту една од нив нема доминантен странски инвеститор, па инвеститорите во овие компании гледаат можност за преземање“, вели Горан Марковски од „КБ публикум“.

Според него, позитивните знаци во економијата може да резултираат и со нагорни движења и на пазарот на капитал, но за да има поголемо раздвижување потребно е да се врати интересот на странските инвеститори. „Во принцип, последните движења преку макроекономските показатели укажуваат на подобрување на состојбите во македонските компании, што следствено треба да се одрази и на подобрувањето на перформансите на компаниите што котираат на Македонска берза. Но, најзначаен фактор се странските инвеститори, бидејќи кога нив ги нема, улога имаат домашните инвеститори, кои се многу малку за да можат да влијаат на референтните цени. Кога фокусот повеќе ќе се насочи кон регионот и кога повторно ќе влеземе во доменот на интересирање на странските инвеститори, тогаш може да се очекува поголемо раздвижување. Сега за сега не гледам некој интерес. Тие се свртени кон пазарите каде што има побрз раст“, вели Марковски.

И од инвестицискиот фонд „Иново“ велат дека сега е вистински момент за купување акции во македонските компании, кои покажуваат добри резултати, но оти треба да се врати интересот на странците за нашиот пазар. „Акциите на домашните компании навистина се евтини и затоа треба да се купува. Ние како фонд сега само купуваме, а не продаваме. Покрај акциите на Комерцијална, ’Алкалоид‘, интересни се и акциите и на ’Топлификација‘, на ’Макпетрол‘, а и ’Телеком‘ секогаш е актуелен. Моментно има знаци на подобрување во економијата. Но, на пример, позитивниот сигнал дека во вториот квартал има раст од 0,4 отсто вчера не се одрази на Берзата. Сметам дека голема улога на нашата Берза играат политиката и случувањата околу решавањето на спорот со името. Доколку би се решил овој проблем, веднаш ќе се сврти вниманието на инвеститорите, кои сега се насочени кон пазарите во Турција, Романија. А најбрзорастечки пазари моментно се Бразил, Индија, Кина“, објаснува Миа Зографска од инвестицискиот фонд „Иново“.

Инаку, цената на акциите на најтргуваните компании, како што е, на пример, „Алкалоид“, моментно изнесува 3.500 денари, а во најубавите времиња достигнуваше и до 10.500 денари, на Комерцијална акцијата сега се движи околу 3.000 денари, а беше двојно поголема, а „Гранит“ сега се тргува по цена од 512 денари. Што се однесува до сопственичката структура, во ниту една од овие три компании нема еден доминантен инвеститор, што дополнително ги стимулира инвеститорите да купуваат акции во овие компании, велат експертите. Во „Алкалоид“, на пример, над пет отсто имаат само Живко Мукаетов, поконкретно тој поседува 6,34 отсто, и Биљана Јовановска ,која има 5,04 отсто, а другите се ситни акционери, односно поседуваат под пет проценти, поради што и не ги објавува Централниот депозитар на хартии од вредност.

Во Комерцијална банка само ЕБРД поседува 5,94 отсто, но над 51 отсто од акциите на банката се во сопственост на странски инвеститори. Кај градежната компанија „Гранит“ директорот Страшо Милковски има 15,91 отсто од акциите, а „Истинвестор ЛТД“ поседува 5,98 отсто.

Она што е најважно и што ги прави интересни за инвеститорите е и тоа што овие компании делат дивиденда. „Алкалоид“, на пример, годинава реши да исплати 38,7 отсто од ланската добивка како дивиденд��, а таа изнесуваше 150 денари по акција. Комерцијална банка исплати 31,8 отсто од добивката како дивиденда или 170 денари по акција.

Инаку, овие компании и во првите шест месеци од годинава, кога поголем број фирми покажаа загуба во работењето, тие остварија добри профити. Во првото полугодие Комерцијална банка оствари добивка од осум милиони евра, а „Алкалоид“ од 4,7 милиони евра. Единствено „Гранит“ заврши со намалена добивка, која изнесуваше 2,2 милиона евра.


#
Статијата е прочитана 1521 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нема алиби за поскапување на струјата
УЈП за власта ќе ги собира парите од казни
Косовските власти ја конфискуваа опремата на српски „Телеком“
„Шпигел“
Повлечени нови 9,6 милиони евра од ЕИБ
„Газпром“ да не' вклучи во „Јужен поток“
Бензините поевтинија за половина денар
Рекорден извоз на пиперки од Струмичко
Словенците на протести поради штедењето
Контроли за безбедноста на работните места
Прекин на возовите до Грција
Бугарија ја присвоjува ракијата
Грција попушта за пушењето
Бајрами






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change