Филмот „Прашина“ од режисерот Милчо Манчевски вчера беше прикажан во Стразбур во рамките на програмата за културно претставување на Македонија за време на македонското претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа.
Проекцијата се одржа во салата за проекции на Советот на Европа, која се наоѓа во Палатата на Авропа.
Минатата недела во Стразбур беше прикажан филмот „Големата вода“ од режисерот Иво Трајков, изработен според романот на Живко Чинго.