Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter

Северна Кореја го обелодени наследникот

По драгиот лидер, Ким Јонг Ил, извесен е неговиот син Ким Јонг-Хуи за наследник на династијата

ПЈОНГЈАНГ - Долгото чекање заврши, започна транзицијата. Во понеделни��от севернокорејските медиуми првпат го изговорија името на Ким Јонг-Еун, како еден од петтемина нови генерали објавени во „Службен весник“ спроти мошне реткиот состанок на партиските активисти; последниот таков состанок беше одржан пред 44 години.

Исто така, унапредена е Ким Кјонг-Хуи. Генерал со четири ѕвездички е редок чин за млада личност од 27 години, како и за средовечна жена - директор за лесна индустрија. Но, тие не се кои било стари Ким. Јонг-Еун е третиот син на болниот лидер на Пјонгјанг, Ким Јонг-Ил. Кјонг-Хуи е негова сестра. Таа е венчана за Јанг Сонг-Таек, долго време десна рака на милиот лидер и лично двапати унапреден во Националната комисија за одбрана, главното извршно тело на Пјонгјанг.

Така се' е во семејството. Иако Работничката партија на Кореја буквално ја контролира Корејската народна армија, сите нови еполети покажуваат кои структури на моќта навистина се важни. Тоа не е комунизам; повеќе милитаризирана, но питачка монархија, сега на повисоко ниво.

Каде ќе се движи Северна Кореја оттука? Новиот млад генерал треба допрва да се види и многу помалку да се чуе. Иако неговиот татко и чичко (по задоцнет старт) ја планираа неговата деби забава за најмалку две години, некогаш добро кореографираниот театар што ја води политиката во Пјонгјанг се чини разнишан. Зошто овој состанок беше одложен? И зошто Ким Јонг-Ил одненадеж замина во Кина, што е негова втора посета за четири месеци?

За одложувањето можеби имаше три причини: поплавите кои ги спречија делегатите да патуваат; здравствената состојба на Ким Јонг-Ил; или политичките заткулисни борби. Посетата на Кина беше со цел да се добие одобрување од Пекинг за наследувањето на Јонг-Еун, и готовина за да се финансира партијата. Во спротивно, заситеното и неухрането население можеби конечно ќе го загуби трпението со строгите, но некорисни владетели. Тоа зелено светло ќе има своја цена. Претседателот на Кина, Ху Џинтао, наводно, инсистирал на одамна задоцнетите пазарни реформи. Неодамнешното враќање на поранешниот премиер Пак Понг-Ју, познат реформист, дава надеж. За другото барање од светот - денуклеаризацијата, ќе треба повеќе време. Но, Кина барем минимално ќе инсистира да не се прават и натаму нуклеарни тестирања, и постепео ќе го зголемува нејзиното влијание во Пјонгјанг.

Заради сите изливи на самодоверба, старата игра е во полза на Северна Кореја. За да се одржи на власт, семејството Ким нема друг избор освен да се засолни под кинеското крило. Тоа е горка пилула што треба да се проголта. Не секој во партијата, војската или во првото семејство го прифаќа тоа. Стабилноста е далеку од гарантирана. Три големи чекори - борбите за власт, политичките спорови (соколи наспроти гулаби) и со кого да се израмни на меѓународната сцена - можеби ќе ја доведат елитата скршена од фракциските борби. Тоа е загрижувачки момент за Северна Кореја, за нејзините соседи и за светот. Се е можно, вклучувајќи и пропаѓање на режимот.

Минатиот пат кога падна неуката и интровертна корејска династија - „изолираното кралство“ од доцниот 19-ти век - беше преувеличано дека соседните сили се борат за трупот. Тогаш јапонскиот император Муцухито се издвои од Русија и Кина кои, исто така, беа во опаѓање. Овојпат Кина е сила во подем. Ако тивко ја земе во рака Северна Кореја, другите можат да дишат со олеснување. (Фајненшел тајмс)


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: Demokrati i ustavoborci
Датум: 29.09.2010 22:19:58
Demokrati bez presedan i pocituva;i i zaljubenici vo Ustavot i ustavnata demokratija: Adilf Hitler, Josif, Generalisimus Franko,Josif Visarionovic Djugasvili, Kim il Sung, KimJong Il, Bokaso Saparmurat, Hugo Cavez ,Idi Amin, Ahmadinedjad, i kako se vikase ovaj nasiov obpzavatel na rejtinzi i Ustaven sud?

Најди! во Утрински
Насловна
Кастрациjа на лустрациjата
Тиквешански
Најдобрите слики треба да ми останат тука
Турција - булдожер за името на Македонија?
Почина композиторот на „Кој тоа таму пее“
Битки за вода
Во Македонија се дебелеам
Скопје - град што се дели
Бугарија ��азнета од ЕК со 6,5 милиони евра
Економијата во хронична анемија
Чадот го однесе Лушков
Задолжителни прегледи за бремените жени или казни
Наскоро нова верзија на „Блекбери“
Карикатура
Градинарот од Британските гробишта
Денови на медот во Скопје
Стил
Интер без Пандев го прегази Вердер
Прашина“ прикажан во Советот на Европа
Во Данска нови карикатури на Мухамед
Почина д-р Михаил Левенски
Уапсен хрватскиот шеф на Царината
Шопен доби парк во скопска Кисела Вода






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid