Книгата „Тиранија на тишината“, во која повторно се објавени карикатури на пророкот Мухамед, вчера во Данска излезе од печат. Во четврток се одбележуваат пет години од објавувањето на 12 карикатури на пророкот Мухамед во данскиот весник „Јиландс-Постен“. Следуваа масовни протести на муслиманите ширум светот, при што загинаа десетици луѓе.
Данската министерка за надворешни работи Лене Есперсен вчера разговараше со амбасадорите на муслиманските земји, за да го спречи незадоволството од објавувањето на книгата.