Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter

Северина во Скопје

Во Македонија се дебелеам

„Им се радувам на доаѓањата и на луѓето во земјава, ги сакам македонските традиционални јадења. Овде се чувствувам олабавено, како д�� доаѓам кај блиски, кај роднини, немам никаков притисок, а тогаш сум своја, тогаш е се' порелаксирано. Единствен проблем е тоа што секогаш ме водат во убави ресторани, а јас не можам да одолеам на тавче-гравче, селско месо, ајвар... Овде најмногу се дебелеам“, вели големата хрватска поп-ѕвезда Северина Вучковиќ, која деновиве е во Скопје. Директен повод за нејзиното гостување во Македонија е претстојниот концерт, дел од турнејата „Здраво, Маријо“, што ќе се одржи на 6 ноември во спортската сала „Борис Трајковски“, во организација на ТА „Гуливер милс“, на кој како специјален гостин ќе се појави Горан Бреговиќ.

Домашните медиуми, како и секогаш кога е во прашање Северина, ја окупираа хрватската пејачка со блице��и, камери, диктафони. Сексапилната Севе се појави во конгресната сала на „Борис Трајковски“ во секси фустан со длабоко деколте. Таа умее да кокетира со публиката и со камерите, трпеливо да позира, а потоа и да одговара на новинарски прашања.

По цели осум години, најави голем целовечерен концерт во Скопје, кој по Загреб, Белград, Љубљана и Нови Сад, ќе значи и завршница на турнејата „Здраво, Маријо“. Настанот е замислен како театарска претстава во која Северина ќе пее, глуми и танцува, во придружба на 25 танчари, проширен бенд, тамбураши, ќе менува различни костими, фустани...

Почетокот на концертот е закажан во 21 часот, а според информациите на организаторот, сите места ќе бидат за седење, додека цената на влезниците дополнително ќе биде објавена. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 2613 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Кастрациjа на лустрациjата
Тиквешански
Најдобрите слики треба да ми останат тука
Турција - булдожер за името на Македонија?
Почина композиторот на „Кој тоа таму пее“
Битки за вода
Скопје - град што се дели
Бугарија казнета од ЕК со 6,5 милиони евра
Економијата во хронична анемија
Чадот го однесе Лушков
Задолжителни прегледи за бремените жени или казни
Наскоро нова верзија на „Блекбери“
Карикатура
Северна Кореја го обзнани наледникот
Градинарот од Британските гробишта
Денови на медот во Скопје
Стил
Интер без Пандев го прегази Вердер
Прашина“ прикажан во Советот на Европа
Во Данска нови карикатури на Мухамед
Почина д-р Михаил Левенски
Уапсен хрватскиот шеф на Царината
Шопен доби парк во скопска Кисела Вода






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change