Првиот човек на хрватската Царинска управа, Младен Баришиќ, синоќа бил уапсен од полицијата. Тој веќе неколку месеци беше под истрага поради сомневање дека им сугерирал на директори на јавните претпријатија да нарачуваат бизниси од фирмата „Фими медија“, сопственост на Невенка Јурак, која веќе е во притвор.
Медиумите во Загреб пишуваат дека Баришиќ е поранешен главен благајник наХДЗ и близок соработник на експремиерот Иво Санадер.